Rashtanski lozja-finale |
f9 |
Ovie denovi vo Makedonskoto sudstvo ke se finalizira celiot sluchaj Rashtanski Lozja.Iako ne ja znaeme odlukata na vrhovniot sud shto bi se donela po povod na ovoj sluchaj,se pokrenuvaat nekolku prashanja
koj ne bi trebalo da bidat zaboraveni zaedno so sudskiot zavrshetok.
Ako do sega a i od sega site presudi bile i ke bidat vo korist na obvinetite se otvora prashanjeto za odgovornost na obvinitelstvoto.
Ovoj sluchaj ima poshiroki politichki i diplomatski dimenzii.
Politichki od strana na obvinitelstvoto i od strana na ministerstvoto za vnatreshni raboti se naravi eden vid upad vo rabotata na parlamentot so toa shto mu beshe odzemen imunitetot na
eden pratenik vrz osnova na lazhni i konstruirani dokazi.Ovaa nasha drzhava mora da razjasni dali celiot sluchaj beshe konstruiran vrz osnova na politichka likvidacija na politichki protivnici ili beshe
konstrukcija bazirana na sluchajni okolnosti.Vo prviot sluchaj neminovno e da odgovaraat krivichno site vmeshani vo konstrukcijata,a vo vtoriot sluchaj se pokrenuva prashanjeto za struchnata odgovornost koja ke mora da povleche ili smena ili ostavki na nestruchnite.
Diplomatski so otvoranje na ovaa afera i se povredi ugledot na Republika Makedonija,na pravniot i politichkiot sistem na drzhavata.
Sluchajot se internacionalizira so pokrenuvanje na poternici i paralelni postapki i vo Republika Hrvatska.Site svetski agencii ja prenesoa ovaa pochetna vest i duri i imavme reakci i na vladi i na diplomati od stranski zemji.
Finaleto mozhebi e nekade onamu na granichniot premin kade shto bil ispraten Ljube Boshkovski od strana na ambasadorot na SAD vo toa vreme.Da pretpostavime deka sluchajot Rastanski lozja nikogash da ne postoel.Da go izbrisheme od sekjavanjata.Da vidime so shto ke bevme sudreni nie kako gragjani na ovaa drzhava.Dali taka lesno nie ke se slozhevme da go ispratime sam Ljube vo Hag,a vo isto vreme da gi gledame gospodata odgovorni za chetirite sluchai na voenite zlostorstva kako brborat za penzii za borcite na ONA. |
tmoro |
Glupavo ke bese nekoj nas da odit v zatvor a teroristite na sloboda i vo vlasta,samo da ne e ova nekoja koalicija Bucko -Ljupco. |
f9 |
Kako raboti pravnata drzhava!!!
Ako nekoj e osloboden so sudenje za edno krivichno delo vo cela postapka,toj e NEVIN,i nikoj nema pravo da go sudi povtorno za istoto krivichno delo.Vinovnikot za krivichnoto delo(ako i voopshto postoelo takvo delo)obvinitelstvoto e dolzhno da go bara kaj site drugi,vkluchuvajki ne i site nas ovde na forumov,no nikogash poveke kaj onie koj uspeshno ja dokazhale svojata nevinost.
Javen obvinitel koj nema da ja prifati ovaa pravna klauzula vgradena vo
zakonite niz cel svet,ne e za da bide vo pravosudstvo.Najpametno e za takvite da se zamonashat i vo manastir da go chekaat sudniot den.No sigurno ne smee da im se dozvoli izvrshuvanje na visoki javni funkcii vo pravosudstvoto.
Inaku ...ako obvinitelstvoto se nadevalo na novi dokazi ili popovolna atmosvera za niv kaj sudstvoto za i vo vrska so ovoj sluchaj nema da pokrenuvaa postapki kako na formula eden na Apelacionen sud ili na Vrhoven sud.Tie sakaat shto pobrzo da go zatvorat pravno celiot sluchaj.Nikoj ne gi primoral da podnesuvaat zhalbi do vrhoven ili apelacionen sud sega ,koga ako imale dokazi mozhele i po dve godini.No rabotata e shto doagja nova vlast i so zatvoren sluchaj se trudat da gi sokrijat matnostite vo postapkata. |
трендафил |
Јасно беше од самиот почеток дека обвинителството подигна обвинение без докази, веројатно очекувајќи политичка подршка на судот. И дека обвинетите од страна на тогашната власт веќе беа осудени. Во меѓувреме се сменија некои работи. Не знам дали е поважно тоа што си замина Лоренс Батлер, фала Богу, од Македонија и од дипломатијата или што Хари Костов, фала Богу, си замина од политиката и се врати да ги води финансиите на финансиојската олигархија од каде, да се надеваме, исто така ќе си замине во комплет со олигарсите. Сега треба да очекуваме конечно да се повлече и обвинението и меѓународната потерница по која беше уапсен Љубе Бошковски во Хрватска. И оштетените да бидат обештетени и дел од обештетувањето да го донираат. Во никој случај не за новинарите од ЗНМ (како што сака на пример Црвенковски да направи доколку докаже дека нема тајна сметка во Швајцарија). Можеби за кучиња скитници, мачиња или други животни што повеќе заслужуваат да живеат од некои наши политичари и нивни подржувачи.
|
f9 |
Во јавноста, без коментар се Државниот и скопскиот јавен обвинител, Александар Прчевски и Стерјо Зиков. Ќе поднесат ли оставки на функциите откако целосно падна обвинението.
Од Обвинителството, за Зиков велат дека таква идеја немал. Се правдал дека за „Раштански“ имало еден куп докази, но дека судот не сакал да ги види.
Прчевски сега молчи. Лани, по првостепената пресуда на Скопска двојка не чуствуваше одговорност.
„Нема зошто да чуствувам одговорност заради тоа што нема правосилна одлука“, вели Александар Прчевски, републички јавен обвинител (16.мај 2005).
Купуваше ли време со ваква изјава Прчевски, кого го прозиваат за неуспешен во обвинителството. Зад јавно изречените зборови, по првостепената пресуда на нервозна средба со Бучковски и Хари Костов, Прчевски најавил оставка ако се случи истото и во апелација.
„Треба да си дадат неотповиклива оставка и Републичкиот јавен обвинител и Основниот јавен обвинител како и обвинителите коишто го застапуваа ова обвинителство“, рече Јагнула Куновска, адвокат (22. април 2005).
Меѓу другото, размислувањата одеа во насока дека обвинението не е ништо повеќе од лична пресметка на Хари Костов со Љубе Бошковски.
|
Strelec |
Без оглед на тоа каква е вистината за случајот ’Раштански лозја’ (веројатно никогаш нема до крај да ја дознаеме), дефинитивно сметам дека јавните обвинители се најцрната точка што Македонија ја имала од осамостојувањето наваму... Сите комплет, од прв до последен!
|