Индустриско производство |
Strelec |
Индустриското производство во јануари годинава во однос на просечното производство во 2003 година, е пониско за 15,9%.
Во однос на декември минатата година индустриското производство во јануари годинава е пониско за 31,7%,
КАТАСТРОФА!!!
|
concrete |
[IMG]http://www.filelodge.com/files/2093/1992%20Titanic.jpg[/IMG]
Koga Makedonski Posti ke napravat vakva marka.....treba da pobrzaat :):)!! |
toni_a |
Бирократијата ви го кочи развојот на економијата
“Економската состојба во Македонија е релативно јасна, но кога ќе погледнете подлабоко ќе видите дека тука се уште има многу бирократија и сметам дека тоа е една од причините поради која нивото на развојот на Македонија не е повисоко. Тоа е причината поради која странските инвеститори не се многу расположени да дојдат во Македонија. Има и регионален проблем. Ако и Србија и Црна Гора и Косово не се отворат доволно кон запад, тогаш тоа ќе се одрази и врз Македонија во тој поглед”, вели во интервју за “Капитал”, Јоханез Зиберер, управен менаџер на Порше Австрија и менаџер за продажба во Југоисточна и Централна Европа, кој ја посети Македонија за да провери како се развива инвестицијата на Порше во Македонија.
Порше Македонија почна со работа пред три месеци. За отварање на продажен центар на Порше беа вложени седум милиони евра.
Процедурата за влез во Македонија ја почнале во јуни, а ја завршиле во ноември. Тоа според Зиберер е долго време.
“Почнавме со бирократската процедура за почнување на бизнис во Македонија во јули минатата година и таа траеше до крајот на ноември. Тоа е многу време”, вели Зиберер.
Зиберер во интервјуто за “Капитал” потенцира дека за Македонија е особено важно е да работи “чисто”.
“Тоа го велам бидејќи ја знам ситуацијата во неколку земји во регионот. Да ја земеме како пример Романија во 1997 година, кога во таа земја беше тешко да се остане “чист”, бидејќи последиците на минатото се уште претставуваа проблем. Но, за период од пет години земјата целосно се промени. Се чувствувам сигурен да работам во земја која навистина сака да се промени”, вели Зиберер
Освен бирократските проблеми голем проблем за странските инвеститори заинтересирани за влез во земјава е и не решените имотно-правно односи со земјиштето
“Разговарав со неколку луѓе во Македонија за можностите за отворање бизнис, дуќан, производен погон или нешто слично. Мошне тешко е да се купи земјиште поради нејасната ситуација со сопственоста на земјиштето. Мошне тешко е да ги добиете сите потребни дозволи од властите. Сметам дека тоа е еден од големите проблеми на Македонија. На пример, на нас, како дилери на автомобили, ни треба земјиште за да отвориме компанија. Проектот чини речиси седум милиони евра, што е солидна сума, но тешко е да се реализира проектот поради проблемите што ги споменав претходно”, вели Зиберер.
neznam,neli sega imame "ednoshalterski"???
mozhebi i "chisto-shalterski" da se vovede... |
toni_a |
Concrete ,da ne bil nekoj makedonec proektant-konstruktor na brodot sto nemozhe da potone? [:(] |
concrete |
Konstruktorot se znae koj e , se znae i inzinjerskiot previd zosto "nepotopiviot" potonal, no neznam dali nekoj ke doznae od sto materijal se napraveni toa obrazite na Makedonskite Premieri i ostanato drustvo sto ja rula drzavata.
Treba da otidete i da go vidite "ednosalterskiot" sistem....i nikogas poveke......
Navistina ne mi e jasno dali sebe si se zalazuvaat , ili samo gradat Potemkinovi sela so istata cel so koja se gradeni originalite ?????
I nikako da gi svatam FYR-ovcite.....iako epten se trudam i glupiram..... |
toni_a |
inaku ova sigurno e interesno: Британската компанија „Органик Фуел Лимитет„ сака да гради фабрика за производство на био нафта!
ps-koga znam kako na shvabite im ide biznis so ovie raboti... |
Great_Macedonian |
sporedeteja industriskata rast ovoj januari so lanskioy januari... ovoj bil pogolem... zatoa ne tuku ovkajte za dzabe posto sekoja godina vo januari industrijata e poniska od drugite meseci. |
toni_a |
ni se poklopile postovive [:D]
mojot go prefrlam tuka:
Индустриското производство во јануари годинава во однос на декември минатата година е пониско за 31,7%, а во однос на јануари минатата година е повисоко за 1,8 %. Индустриското производство во јануари годинава во однос на просечното производство во 2003 година, е пониско за 15,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Намалувањето на индустриското производство во јануари годинава во однос на просечното производство во 2003 година се должи, пред се, на намаленото производство во групите “интермедијарни производи, освен енергија” за 22,1%, “капитални производи” за 48,7%, “трајни производи за широка потрошувачка” за 53,4% и “нетрајни производи за широка потрошувачка” за 30,6%.
http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=1673&mid=303&tabId=1&tabindex=0 |