toni_a |
На Скопски саем од 10 до 16 март ќе се одржи “Аутоекспо 2006 “ меѓународниот саем на комерцијални и транспортни возила, придружна индустрија и опрема. На Саемот ќе бидат претставени над 300 фирми од кои 102 се директни учесници од 29 земји. Љубителите на автомобили ќе имаат можност да ги видат најновите модели на скоро сите импортери на моторни возила, комерцијални и теренски возила, спортски чамци и луксузни јахти, резервни делови и додатоци, опрема за сервиси, гуми, масла и автокозметика. За прв пат на нашиот пазар ќе бидат промовирани 31 возило и 5 моторни чамци и луксузни јахти на компаниите Мак Ауто Стар, Еуроимпекс Пе Жо, Маккар, Порше Македонија, Тојота Авто Центар, Аутокомерц Мазда, Наутилус, Генерал Моторс, Биохемија Автомобили, Киа Моторс Македонија, Електроелемент и Кореја Ауто Трејд Скопје. Партнери на манифестацијата се Про кредит банка и Тутунска банка кои нудејќи автомобилски кредити на потенцијалните клиенти ќе им го олеснат доаѓањето до саканиот автомобил.
osven sto mozhe da si pravime "ligi" na vakvite izlozhbi (za da si kupime novo)...ima li shansa Makedonija da zapochne proizvodstvo vo ovaa oblast? imashe na vremeto neli nesto so Audi vo MK... |