Занимливости |
Goran-Skopje |
"Бугарските полицајци не малку се изненадиле кога при рутинска сообраќајна контрола на алкохол во крвта, на еден возач измериле 8,35 промили, јави БГНЕС.
Полицајците во плевенско, за време на минатиот викендот на еден локален пат запреле возач на патничко возило ВАЗ, извесен Пешо Х.О. од село во околината на Плевен.
Кога дувнал во направата за контрола на алкохол во крвта, тоа покажало 8,35 промили, што е воедно и горната граница на апаратот од типот „Дрегер“.[:D]
Секое количество на алкохол во крвта над 4,5 промили може да биде смртоносно, сметаат експертите.
|
Goran-Skopje |
Samo ednash??[^]
[img][IMG]http://i2.tinypic.com/r25bmv.jpg[/IMG][/img]
|
dalila |
Кинезите мораат да престанат да плукаат!
[img]http://www.tocka.com.mk/sliki/galerija/sps_kinezite-plukaci-teski.jpg[/img]
Службено, во Пекинг се покрена кампања, забрана за плукање во јавност, која има цел да му покаже на светот дека тие се цивилизирана раса, и ова се едни од припремите кои се спремаат за Олимписките игри кои ќе се одржат во 2008.
Кинеската влада тврди дека плукањето е најлоша навика, поточно изјави директорката на пекиншкиот уред за развојот на етиката, Zhang Huiguang.
Туристите кои го посетуваат кинескиот главен град, многу често може да приметат дека многу луѓе плукаат по улиците. Оваа забрана има за цел да се подигне културниот и етичкиот стандард за влез во 2008-та, за летните Олимписки игри, што се најголемо случување до сега, во оваа комунистичка земја.
Според зборовите на Zhanga, владата ја покрена оваа кампања на радио, телевизија, интернет, пораки преку мобилните телефони, со што сака да ги научи луѓето на правилно однесување во јавност.
На пример, можете да плукнете во шамивче и потоа тоа уредно да го фрлите во канта за отпадоци, кажа Zhanga.
Плукањето на улица веќе во Кина се казнува со закон, а казната изнесува парична вредност во висина од пет американски долари, но Zhanga кажа дека оваа цифра ќе се зголеми. |
dalila |
Се жалел на полицијата дека му продале лоша мара
Пензиониран уживател на марихуана (52), понудил пријава до локалната полиција во Дармстад, бидејќи дилерот му продал лоша марихуана, после што заработил казнена пријава.
Hans Juergen Bendt изјавил на полицијата дека му е продадено "тотално срање", од шит. Се жалел дека дилерот одбил да му ги врати парите (270 фунти), за лошата мара.
Иако е заведен во полицијата како "жртва на превара", Германецот добил пријава поради илегално поседување на опојни дроги - пушува Ананова. |
dalila |
Еротски евра во Германија
Непознати шегаџии во германија ја искористиле лекомисленоста на еден продавач и му подвалиле лажни евра со еротски мотиви.
[img]http://prespasky.com/images/stories/erotskievra.gif[/img]
Банкнотите од 300, 600 и 1.000 евра некој ги направил на шега, но има и оние кои и поверувале на шегата.
Еден работник на киоск во Келн примил банкнота од 600 евра и уредно му вратил на “муштеријата“ кусур.
“Ми рече дека е ова нов вид на банкнота и му поверував, мислејќи дека можеби не сум забележал дека излегле нови пари“, изјави 33-годишниот Бернд Фриедхелм.
Портпаролот на германската полиција соопшти дека парите уште на прв поглед се гледа дека се лажни.
“Печатени се на неквалитетна хартија, наместо европските жолти ѕвезди имаат срца, додека на сликите се прикажани жени со големи голи гради, а на нив дури и пишува ерос“, велат од полицијата. |
Goran-Skopje |
Најскап телефонски повик во историјата
Германецот Томас Рутер возел автомобил по автопат и зборувал на мобилен телефон. Тоа не е дозволено, но многу луѓе не ја почитуваат забраната. Така и Томас. Кога го запрела полицијата, изјавил дека е австриски конзул и дека има дипломатски имунитет.
Рутер го запрел полицаец на автопатот А6, во близина Нирнберг и заработил казна од околу 50 евра.
Но, бидејќи лажно се претставил како австриски конзул, полицијата случајот го дала на суд, кој значително ја зголемил казната на Рутер на околу 330.000 евра.
p.s. mozel nekoja "cesna" da kupi na staro...
|
dalila |
Нов пијалок за пијаните возачи
[img]http://prespasky.com/images/stories/pijalok.jpg[/img]
На полиците на француските продавници се појавил невообичаен пијалок, кој многу бргу го намалува нивото на алкохол во крвта.
Технологијата на производството на напитокот наречен „секурите„ (безбедност), кој има неверојатна способност да го елиминира алкохолот од организмот на човекот, се држи во тајност.
Со тестирањата, се покажало дека една доза од овој пијалок го намалила нивото на алкохол во крвта кај доброволците од 1,16 на 0,48 промили во рок од 45 минути.
Тоа средство, меѓутоа, не го “крие„ алкохолот од мерните апарати, туку делува според друг принцип - навистина му помага на црниот дроб да ја забрза неговата преработувачка. |
dalila |
Австралија ги мами туристите со морски кучиња
Кога е туризамот во прашање, Австралијците не штедат. За новата рекламна кампања вложиле неверојатни 180 милиони долари!
Меѓутоа, во оваа рекламна кампања интересен е начинот на кој тие сакаат да ги привлечат странските туристи.
[img]http://www.tocka.com.mk/sliki/galerija/avstralija-morski-kucinja-01.jpg[/img]
Најважен дел од рекламата е фотографијата каде што морско куче (ајкула) се обидува да нападне еден турист, кој плива во океанот. Веројатно тоа не било доволно па морале на фотката да напишат "ДОБОГА, КАДЕ СИ?".
Сепак, австралискиот министер за туризам Fran Bailey, многу оптимистички гледа на целата оваа рекламна кампања. Тој лично смета дека со ова ќе привлече повеќе туристи од Кина, Јапонија, Индија, САД, Германија и Британија. |
dalila |
Пронајдете го својот двојник во Холивуд
Дали некогаш некој ви рекол дека личите на некоја позната личност од Холивуд? Дали некогаш гледајќи се во огледало сте си помислиле дека личите на Хју Гранд, Бред Пит, Џулија Робертс или можеби Гоце Арнаудов?
[img]http://www.tocka.com.mk/sliki/galerija/sps_pronajdete_go_svojot_dvojnik.jpg[/img]
Еве ние сакаме да помогнеме и да ви ги разбиеме сите лажни надежи и двојни мислења со што ви нудиме интересен и забавен начин на кој можете да пронајдете на која холивудска ѕвезда всушност личите.
Програмчето се вика Star Estimator, и во својата база има околу 400 фотографии на најпопуларни личности од шоу бизнисот. Базата секојдневно се полни со нови фотографии, а после внесувањето на своја фотографија или на некој ваш познаник Star Estimator ќе ви прикаже три најслични личности од сите фотографии што се внесени.
Star Estimator за споредба на понудените фотки наводно користи најсовремени алгоритми и пресметки со што би ги прикажал најсоодветните резултати, но искуството покажува дека некои се малку сомнителни на оригиналите.
Најбитна работа е дека овој програм е потполно бесплатен и прилагоден на сите возрасти и може да ви биде интересен и да во овозможи мало опуштање во некои напнати моменти.
[url="http://myplaycity.com/star_estimator/"]Star Estimator[/url] |
Goran-Skopje |
[IMG]http://i2.tinypic.com/sljupc.jpg[/IMG]
E kako padnal ovoj be sho preziveal, ne mi e jasno... |
Goran-Skopje |
E ne, kje se zaebavame...
[IMG]http://i2.tinypic.com/t0goj8.jpg[/IMG] |