БЕЛГИЈА - Бриж, Брисел, Антверпен,Остенде, Гент... |
Mara |
Бриж или Бруж се смета за НАЈЈУБАВИОТ, НАЈШАРЕНИОТ град во Европа.....инаку лично сметам дека личи на гоблен....дека е мирен,едноставен дури и здосадува за млади луѓе...[;)]
[img]http://degroote.com/doug/Bruges_Skyline1.JPG[/img]
Што може да видите и правите во Бриж?
Бриж личи на Венеција....изграден е на канали....по кои има организирана прошетка со бротчиња која не смеете никако да ја пропуштите. Времето е многу променливо...и луѓето носат секогаш, во секое време чадори. Од јако сонце....без никакво предупредување - ДОЖД со силни грмотевици!
[img] http://www.vittoe.com/0311/images/9212.jpg [/img]
[img] http://www.photoblink.co.uk/im/c6/im/pb13220_a283.jpg[/img]
[img] http://www.kirikou.com/belgica/brujas2/brujas3.jpg[/img]
[img] http://z.about.com/d/goeurope/1/0/n/C/brugges_8.jpg[/img]
Бриж е познат и по Европскиот универзитет (Колеџ на Европа)...во кој Маргарет Тачер, во срцето на литературата и посветеноста за Европска унија...го држи анти-европскиот говор!!!!!! Храбро жениште, бре! Инаку најголем број книги и литература за Европската унија има баш во Библиотеката на Универзитетот....(не да се фалам, ама јас имам диплома од тука на која сум ГОРДА)[;)]
[img] http://www.europacollege.be/content/thecollege/locations/images/bruges2.jpg[/img]
А еве што има во центарот на градот....везена зграда![;)]
[img] http://www.ann.jussieu.fr/~lehyaric/pays/Bruges-7.jpg[/img]
[img] http://degroote.com/doug/Brugges_Main_Square_Arial.jpg[/img]
[img] http://z.about.com/d/goeurope/1/0/l/C/brugges_6.jpg[/img]
[img] http://z.about.com/d/goeurope/1/0/e/C/brugges_16.jpg[/img]
[img] http://www.terragalleria.com/images/europe/belg10509.jpeg[/img]
Цените на хотелите во Бриж се движат од 60-200 евра....има и хостели бидејќи има многу студенти.
Познатата БАБА....е онаа што ѕирка од прозорецот горе....направена е од дрво и везе, плете....атракција. Познати се белгијанките по разни везеници, чипки и плетеници.
[img] http://www.adamandlyn.co.uk/images/brugesal.jpg [/img]
[img] http://www.terragalleria.com/images/europe/belg10504.jpeg[/img]
[img] http://www.ukstudentlife.com/Travel/Tours/Belgium/Bruges/Lace2.jpg[/img]
И пред крај неизбежните ветерници....на оваа баш се имам качено....ама тешко е симнувањето...[:(]
[img] http://ericfox.com/files/images/Brugges_Windmill.jpg [/img]
[img]http://www.ukstudentlife.com/Travel/Tours/Belgium/Bruges/Windmill2.jpg[/img]
Градот Бриж во средновековниот период бил заграден со ѕидови....кои и денес се влез во градот....стари 600 години. Оваа порта се вика КРУИСПОРТА (Kruispoort)
[img] http://www.ukstudentlife.com/Travel/Tours/Belgium/Bruges/Kruispoort.jpg[/img]
Туристички информации за Бриж - http://www.brugge.be/internet/en/index.htm
Времето во Бриж - http://www.bbc.co.uk/weather/5day.shtml?world=4143
|
dejan |
Kako be ne odlucile mojte da se selele za belgija!! |
wolf_pack |
Браво Маро за дипломата, знаев дека си литературна само се криеш :)
Него дај кажи за вистинските места у Брисел, дека се движе младината, стрип клубовите и тоа[:D]
И не заборави да ми ги кажеш локалните зборови и сленгови, кај и да идам сакам културно да им се обраќам[:D] |
Mara |
БРИСЕЛ
Брисел, кој е главен град на Белгија се смета и за главен град на Европската Унија. Инаку во градот живеат околу 1,000,000 луѓе и е многу интернационален. Има свој модерен и традиционален, класичен дел. Во Брисел се зборуваат два официјални јазика....француски и фламански...и секако многу се мразат меѓу себе!
Белгијанците се сметаат за најгрди луѓе на светот!!!!
Инаку, знамето им е ЦРНО-ЖОЛТО-ЦРВЕНО....
[img] http://www.crwflags.com/fotw/images/b/be.gif[/img]
ЕУ-ИНСТИТУЦИИ (Европска Комисија, Европски Парламент) и НАТО
Во Брисел се наоѓа седиштето на Европската Комисија и Советот на Европската Унија. Европската Комисија се наоѓа во прекрасната, обновена Berlaymont зграда во која се сместени 25-те Комисионери и 2000 службеници. Во доверба – претседателот на Комисијата Jose Manuel Barroso е сместен на 13-ти спрат!!!!!
[img] http://europa.eu.int/comm/scic/images/berlay_aerial.jpg [/img]
Европскиот парламент има само парламентарни комитети во Брисел, а своите главни расправи ги спроведува во Стразбур и Луксембург!
[img] http://www.tropicalisland.de/BRU%20Brussels%20European%20Parliament%20building.jpg [/img]
[img] http://www.paul-meredith.co.uk/brussels16.jpg[/img]
[img] http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/a/a4/EuropeanParliament.jpg/350px-EuropeanParliament.jpg [/img]
МАНЕКЕН ПИС
Симбол на градот е МОЧКОТО!!! Тоа е мало детенце кое успеало со своето мочање да го згасне пожарот кој беснеел во Брисел. Зависно сезоните и празниците....го облекуваат различно. (во Брисел има фигура и на мочлата....и многу е смешна!!!!)
[img] http://www.trabel.com/brussel/images/juliaant.jpg[/img]
[img] http://www.trabel.com/brussel/images/brussel-mannekenpis2.jpg[/img]
[img] http://www.kirikou.com/belgica/bruselas/bruselas6.jpg[/img]
[img] http://www.trabel.com/brussel/images/brussel-mannekenpis.jpg[/img]
[img] http://www.galenfrysinger.com/europe/brussels21.jpg[/img]
ГРАНД ПЛАС[img]http://www.europeanrailguide.com/images/cities/brussels/brussels_1.jpg[/img]
Grand Place e познат по две работи....Самоубиството на архитектот и Цветниот килим.
Гранд Плас бил средновековен пазарен плоштад, во готски стил од 15 век. Легендата кажува дека архитектот Jean Van Ruysbroeek се самоубил бидејќи кулата која ја изградил не била симетрична од двете страни. Двете крила навистина се различни бидејќи не се граделе во исто време и со иста цел...и централната врата не е баш во средината.
[img] http://www.paul-meredith.co.uk/brussels07.jpg[/img]
[img] http://www.paul-meredith.co.uk/brussels08.jpg[/img]
[img] http://www.paul-meredith.co.uk/brussels06.jpg[/img]
[img] http://www.paul-meredith.co.uk/brussels09.jpg[/img]
Секоја втора година, во третата недела од Август месец во центарот се декорира ОГРОМЕН, прекрасен цветен тепих....и секоја година декорацијата, шарата на тепихот е различна! Последниот тепих беше во август 2004 година...значи имате прилика оваа година во август да го видите новиот тепих!
[img] http://www.affiliate.viator.com/graphicslib/2200/SITours/Brussels3.jpg[/img]
[img] http://www.kirikou.com/belgica/bruselas/bruselas2.jpg[/img]
[img] http://isabelle304.smugmug.com/photos/7525485-M.jpg[/img]
[img] http://isabelle304.smugmug.com/photos/7525497-M.jpg[/img]
ЗА ДОБРА СРЕЌА
Оваа е фигура на херојот t,Serclaes на Брисел...приказната е подолга...но битно е што му биле отсечени нозете и јазикот. Во негова чест направена е оваа златна статуа....и секој што ќе го допре неговото тело....ќе има среќа! Јас имам ја допрено 500 пати....и го запознав ДАРК!!!
[img] http://www.galenfrysinger.com/europe/brussels19.jpg[/img]
АТОМИУМ
Атомиумот е гордоста на Брисел прикажана на Светскиот Саем во 1958 година. Тој претставува голема железна кристална молекула зголемена за 200 милијарди пати. Внатре обично има галерии.....а пред Атомиумот се наоѓа Мини Европа!
[img] http://www.highrise.dircon.co.uk/deptlads/brussels/atomium.jpg [/img]
[img] http://www.galenfrysinger.com/europe/brussels09.jpg[/img]
МИНИ ЕВРОПА
Атракција е дефинитивно Мини Европа....и тоа МОРА да се види....направени се сите главни градови во мало издание.....Лондон ви е до струкот, Ајфеловата кула до колена.....ептен е ЛУДО!
[img]http://www.colingregorypalmer.net/photos/belgium/brussels/brussels-Images/6.jpg[/img]
КРАЛСКА ПАЛАТА
Еве каде живеат кралот и кралицата....
[img]http://www.galenfrysinger.com/europe/brussels14.jpg[/img]
АРКА
Cinquantenaire Arch е изградена во 1880 година и е симбол на независноста на Белгиската држава.
[img]http://www.galenfrysinger.com/europe/brussels15.jpg[/img]
БЕЗИСТЕН
Галериите Сент Хубер –се седиште на НАЈ, НАЈ-луксузните продавници и барови, кина и театри.
[img]http://www.terragalleria.com/images/europe/belg10449.small.jpeg[/img]
БОТАНИЧКА ГРАДИНА
Кој сака китки.....еве овде!
[img]http://www.galenfrysinger.com/europe/brussels23.jpg[/img]
НАЈУБАВИ ЧОКОЛАДИ, ВАФЛИ
[img]http://www.paul-meredith.co.uk/brussels13.jpg[/img]
[img]http://www.terragalleria.com/images/europe/belg10447.small.jpeg[/img]
За забави, стриптизи....улица на проститутки....следниот пат!
Инаку....за прв пат на машки стриптиз бев баш во Брисел....и тоа во грчки ресторан!
|
ozonce |
Gradot lichi na onoj vo ANNO 1503 The New World sho go gradam... :) |
Mara |
Озонче....дај слики да видам и да споредиме[;)] |
zlotty_co_380 |
nekako mene ne mi se dopajgaat vakvi gradovi, premnogu mi se starski, sakam od tipot na Hong Kong, Singapore, Nagoya, Auckland...ova nekako mmmmm da nerecam pak starsko |
Mara |
злоти....јас многу се согласувам со тебе...сакам големи градови и раскош[;)]
ама овој е невообичаен град кој крие свои мистерии и убавини. Ако имаш можност да одиш таму, да го доживееш.....можеби ќе го засакаш.
Јас би се пензионирала таму[;)]
Сега ви подготвувам материјал за другата страна на досадниот и аристократски Брисел![;)] Мислам дека Брисел ќе ти се допадне...а можеби и Остенде![:o)]
|
zlotty_co_380 |
Aj ke vidime sto ke ponudis za Brisel, toj grad vo red e , i vooedno sedisteto na EU tamu e (mislam) , taka da bi trebalo kosmopolitski da e |
ozonce |
Mara eve go mojot grad :)
[img]http://aspspider.net/Dejan/slika.jpg[/img]
[img]http://aspspider.net/Dejan/slika1.jpg[/img]
[img]http://aspspider.net/Dejan/slika3.jpg[/img]
[img]http://aspspider.net/Dejan/slika4.jpg[/img]
[img]http://aspspider.net/Dejan/slika5.jpg[/img] |
VeGaS |
Maro, prekrasni sliki, ushte poprekrasna arhitekturata na Brizh. Ne ja zamisluvav vo celost Belgija kako vakva. |
јузер |
Озонче, а дека е твојо Универзитет на Новијо Свет разбираш? :) |
rina |
Maro, daj da vidime sliki i od Gent?!?! Sum chula deka momcite od Gent bile mnogu dobri!![8D][:I] |
VeGaS |
Verojatno kje da e toa. AAAaaaAaA, zatoa Mara imala tolkavo iskustvo, abe profesionalka! [:D] |
Mara |
Мило ми е што ви се допадна Бриж.....денес ќе ве НОСАМ во Брисел[;)]...Ќе одиме и во Гент, во Остенде...и некои други места....[;)]
После Белгија...планирам да ве носам на уште поинтересни места...[;)] Само стрпете се....и бидете со мене[;)]
Прашувајте....СЕ што ве интересира....овде за Белгија![;)]
Младите во Бриж се движат само по пивници, биртии...и ПРИВАТНИ ЗАБАВИ! Приватните им се хит![;)] Градот е многу мирен...и речиси да нема полицајци....
ПС- Вулфи....фала за коментарот за дипломата![;)] Имам и од Брисел![;)]....многу сум литературна, многу! За џабе не киснев во Белгија![:D][:D] |
Mara |
Јас на овој топик имам еден борч....па сакам да се оддолжам....
еве нешто за АНТВЕРПЕН[;)]
Антверпен е вториот по големина град во Белгија и за разлика од Брисел и Бриж се смета за еден од НАЈДИНАМИЧНИТЕ градови. Антверпен е познат по своето пристаниште, но и по производство на ДИЈАМАНТИ!!!! Повеќе од 50% од светското производство на ДИЈАМАНТИ отпаѓа на Антверпен.
Антверпен е центар и на МОДАТА..има познато ПИВО...а има и ОГРОМНА, ОГРОМНА Зоолошка градина. Има околу 800 ресторани, 1600 пабови отворени 24 часа.
Антверпен е дефинитивно град за ЗАБАВА!
Иако изгледа старински...еве го центарот на градот!
[img] http://z.about.com/d/goeurope/1/0/m/V/antwerp_1.jpg[/img]
[img] http://www.aviewoncities.com/img/antwerp/kvefl0775s.jpg[/img]
[img]http://www.aviewoncities.com/img/antwerp/kvefl1048s.jpg[/img]
[img] http://www.aviewoncities.com/img/antwerp/kvefl0628s.jpg[/img]
ОПШТИНАТА....
[img]http://www.aviewoncities.com/img/antwerp/kvefl1038s.jpg[/img]
Овие се наречени ПОЗЛАТЕНИ ЗГРАДИ во центарот...оти фигурите на врвовите се стварно изработени од злато. Мене не ми се веруваше....ама може има некој процент на злато....што знам!
[img]http://www.aviewoncities.com/img/antwerp/kvefl1043s.jpg[/img]
[img]http://www.aviewoncities.com/img/antwerp/kvefl0676s.jpg[/img]
Во овој паб сум била....се сеќавам по сликата!
[img] http://z.about.com/d/goeurope/1/0/r/V/antwerp_6.jpg[/img]
't Steen - значи КАМЕН....и мора овој Замок да го видите...специфичен е по тоа што никогаш не бил уништуван, оштетуван, реставриран....
[img] http://www.aviewoncities.com/img/antwerp/kvefl1030s.jpg[/img]
[img] http://www.aviewoncities.com/img/antwerp/kvefl0784s.jpg[/img]
ПАЗАРОТ
[img] http://www.aviewoncities.com/img/antwerp/kvefl0639s.jpg[/img]
ОПЕРАТА
[img] http://www.aviewoncities.com/img/antwerp/kvefl0683s.jpg[/img]
ПРИСТАНИШТЕТО - Willemdock at Eilandje
[img] http://www.aviewoncities.com/img/antwerp/kvefl0448s.jpg[/img]
ПЛАЖИТЕ им се без врска....еве ДОКАЗ!!!!!
[img] http://www.aviewoncities.com/img/antwerp/kvefl290s.jpg[/img]
НАЈСТАРАТА ЗГРАДА - Vleeshuis (Butchers Hall)
[img] http://www.aviewoncities.com/img/antwerp/kvefl085s.jpg[/img]
Не знам зошто....ама се горди на КБЦ-Зградата...висока е 87 метри и се третира за највисок ОБЛАКОДЕР во ЕВРОПА!!!!
[img]http://www.aviewoncities.com/img/antwerp/kvefl0778s.jpg[/img]
Антверпен е познат по Сликарот РУБЕНС....еве му и споменик!
[img] http://www.aviewoncities.com/img/antwerp/kvefl301s.jpg[/img]
Антверпен важи и за многу чист град...со чисти улици....[;)]
|
Mara |
Еве кратко за ГЕНТ....
Ова е Белфорт, во центарот на градот како сведоштво за средновековниот период.
[img] http://goeurope.about.com/library/graphics/gal/gent_belfort.jpg[/img]
[img] http://z.about.com/d/goeurope/1/0/-/E/gent_belfort_view_1.jpg[/img]
Еве го гратчето....а во позадина можете да видите како израснува во нов, модерен град....
[img]http://z.about.com/d/goeurope/1/0/_/E/gent_belfort_view_2.jpg[/img]
[img] http://z.about.com/d/goeurope/1/0/a/E/gent_belfort_view_3.jpg[/img]
Гент е студентски град.....и пред Големиот часовник се собираат млади луѓе на кафе и пијачка....
[img]http://z.about.com/d/goeurope/1/0/d/E/gent_belfort_view_6.jpg[/img]
Замокот во Гент од 12-от век.....
[img]http://www.traveljournals.net/pictures/l/5/53687-the-12th-century-castle-ghent-belgium.jpg[/img][img] http://users.ugent.be/~flievens/graven.jpg[/img]
Кулите на Гент.....
[img]http://users.ugent.be/~flievens/genttorens.jpg[/img]
За мене лично....Гент е многу тивок град...со многу кули, цркви, камбанарии.......за сите што сакаат одмор Гент, па и скоро цела Белгија е ФАНТАЗИЈА!
ОСТЕНДЕ....излегува на море и е донекаде пожив град...ама водата не е баш за пливање. Овде се седи по кафичите на брегот...и се гледа лево-десно![;)]
[img] http://arglist.com/photos/20040908-010s.jpg[/img]
[img] http://arglist.com/photos/20040908-016s.jpg[/img]
[img] http://arglist.com/photos/20040908-001s.jpg[/img]
[img] http://arglist.com/photos/20040908-019s.jpg[/img]
[img] http://arglist.com/photos/20040908-002s.jpg[/img]
|