Македонија може да прави нафта од сончоглед |
dejan |
"Органик фјуил лимитид", компанија од Велика Британија и Здружението "Еко аграр" од Тетово, денес кај премиерот ќе лобираат две од вкупно трите фабрики за нафта да се изградат во Тетовско. Една од фабриките најверојатно ќе се гради или во Пелагонија или во источна Македонија.
Македонија од маслодајна репка, соја и сончоглед може да произведува 7 отсто од нафтата што ја увезува, тврдат британски експерти од компанијата "Органик фјуил лимитид". Тие вчера во Скопје го презентираа проектот за изградба на фабрики за производство на био нафта и био етанол, кој веќе се спроведува во неколку земји од Балканот, како и во земји од Европската унија. Денес англиските експерти, заедно со претставници од Здружението на земјоделците "Еко аграр" од Тетово треба да се сретнат со премиерот Владо Бучковски и со неколку министри. Од владините претставници ќе побараат поддршка за проектот и ќе разговараат за земјиште каде би можеле да се изградат производствените капацитети.
Здружението "Еко аграр" дознаваме дека кај премиерот ќе лобира две од вкупно трите фабрики за нафта што треба да се градат во Македонија да се изградат во Тетовско. Една од фабриките најверојатно ќе се гради или во Пелагонија или во источна Македонија.
За изградбата на производствените капацитети ќе бидат потребни над 30 милиони евра. Со околу 20 отсто од инвестицијата треба да учествува британската компанија, а останатите пари ќе се обезбедат од Европската банка за инвестиции и од "Еко аграр" чиј партнер е АД "Тетекс".
"Македонија ја увезува целата своја нафта. Според наши податоци, на земјата дневно и се потребни околу 30.000 барели нафта. Со произведувањето на био нафта и био етанол ќе се добие алтернативна енергија со многу пониска цена која ќе се користи во индустриското производство, за земјоделската механизација и јавниот градски превоз", рече вчера Натаниел Фелтон, адвокат за Источна Европа на британската компанија.
Според Фелтон, за да почне да се произведува био нафта од соја, сончоглед и репка и био етанол од сливи и отпад од грозје ќе бидат потребни најмалку три години од стартувањето на проектот. Годишната заработувачка на Македонија од оваа алтернативна енергија, вели британскиот експерт, ќе биде околу 40 милиони евра.
Оваа сума пари може да биде и заштеда на државата, ако се донесе одлука био нафтата и етанолот да се пласираат исклучиво на домашниот пазар, оти увозот на обична нафта ќе биде намален.
Производството на македонска био нафта, според Фелтон, ќе го стабилизира и земјоделството, бидејќи неискористеното плодно земјиште ќе се посади со суровини за производство на алтернативна енергија.
Mnogu interesno!
Ako nekoj ima poveke informacii za kako se pravi ovaa nafta od soncogled...[:)] |
ZooGraf |
Najgolemiot broj na dizel masini mozat da koristat drugi vidovi na masla (oil), ne samo petroleum, so mali izmeni.
http://en.wikipedia.org/wiki/Straight_vegetable_oil
Edinstveno, kolata ke ti mirisa na pomfrit, samo da znaes. [:)] |
concrete |
Docnis dejane.... docnis ..i nie ne lobirame tuku delame :):):)
|
Strelec |
If you wish to find where you can buy biodiesel in Macedonia?
http://www.novabiodiesel.com/
|
toni_a |
he he [:D]
aj da vidime sto ke bidne so rabotava [;)]
samo nedaj Bozhe da vlezam so mojot "koncept"! [:D] ke me utepaat od prva ovie "partiskive"! |
rina |
Okolu ova slushnav deka eden profesor od Mashinski tvrdi deka za (ne znam tochno, pa ke kazham pod pretpostavka)1 ton bio gorivo ke treba da se potroshat , da recheme, 10 toni takov otpad i deka na kraj ke izleze deka ke bide poskapo. A, da ne izleze deka samo so nas sakaat da eksperimentiraat?!?!?! |
toni_a |
Rina,biodizelot e normalna rabota...tuka vo DE e duri i so zakon propishan da ima odreden procent primeshano vo gorivoto sto go tankash na benziska.dosega toj ne se odanochuvashe tuka,dodeka ostanatoto gorivo si ima "danok na danok"...
ako uspee ova vo MK ke bidam presrekjen.MNOGU VAZHNA RABOTA e ova!!!!
se nadevam deka nema da ja unishtat glauchite kaj nas! |
rina |
Pa, dobro shtom e taka, ke bide dobro i za ekologijata! [:)] |
toni_a |
energetska nezavisnost e STRATESHKA IDNINA! koj uspee prezhivuva barem vo narednive 200-300godini.
celta na EU se dvizhi vo taa nasoka,a imame primer kaj skandinavcite so objavuvanje na "cel" za nezavisnost. za finansii/pari ne stanuva zbor bidejki tie ke si dojdat samo po sebesi...
ako uspeeme da sozdademe i proshirime vakva tehnologija ,ke staneme "nekoj i neshto" na balkanov[;)] |
toni_a |
nego se mislam dali da zakluchuvam tema? [:D]
tie shpiunite -> KOZLODUJCI chitaat!!! [:D][:D][:D] |