Gjoko |
Грчка левица: Соседна Македонија ќе ја викаме со нејзиното име
9.3.06
Атина, 12:33
Околу шеесет угледни грчки левичари решија соседна Македонија да ја нарекуваат со нејзиното име и покрај ставот на официјална Атина, која од 1991 година бара Македонија да го носи името Поранешна Југословенска Република Македонија (ПЈРМ).
“Десетици држави ја признаа Република Македонија под тоа име и така, како таква е впишана во јазикот и меморијата на сите, освен кај грчките националисти“, се вели во петицијата што денеска ја објави грчкиот весник „Елефтеротипија“.
“Ние ќе ја прекинеме врската со официјалната позиција на властите и ќе ја викаме Република Македонија со уставното име, нејзиното вистинско име“, се додава во петицијата, потпишана од редица претставници на грчката левица, од кои дел живеат надвор од Грција.
Атина е против признавањето на соседна Македонија под тоа име, па земјата во 1993 година стана член на Обединетите нации под називот ПЈРМ, бидејќи Грција смета дека Македонија е име кое било дел од грчкото наследство./крај/б/ф/м
|