Gazdite na Makedonija
Gazdite na Makedonija
f9 Кои се газдите и колку поседуваат од топ-компаниите во земјава е прашање на кое тешко кој може да остане рамнодушен. Сў до неодамна тоа беше една од најголемите мистерии во земјава. Сопствениците во компаниите одбегнуваа јавно да зборуваат за своите акционерски пакети. Таквите информации се сметаа за најстрога тајна. На веб-страницата на Македонската берза неодамна излегоа податоците за сите инвеститори што поседуваат над 5 отсто од акциите во котираните компании. Во компанијата "Фершпед", на пример, доминантен акционер е бизнисменот Штерјо Наков, кој поседува 25,04 проценти од обичните акции на "Фершпед", следува Кираца Трајковска, втор човек во компанијата, чии акционерски пакет тежи 10,07 отсто, а на трето место е Драгослав Димевски со 5,11 отсто од акциите. Заедно поседуваат над 40 отсто од капиталот. За преостанатите акционери нема податоци, бидејќи лимитот за објавување е над 5 отсто. Кои се газдите и колку поседуваат од топ-компаниите во земјава е прашање на кое тешко кој може да остане рамнодушен. Сў до неодамна тоа беше една од најголемите мистерии во земјава. Сопствениците во компаниите одбегнуваа јавно да зборуваат за своите акционерски пакети. Таквите информации се сметаа за најстрога тајна. Но, сега се менуваат правилата на игра. Податоците за најголемите акционери на компаниите кои котираат на Берзата стануваат достапни на сајтовите на надлежните институции, бидејќи компаниите имаат обврска да даваат отчет за својата сопственичка структура. А, во нив има безброј интересни показатели, дел од нив веќе се познати, а дел досега беа добро чувани. На веб-страницата на Македонската берза неодамна излегоа податоците за сите инвеститори што поседуваат над 5 отсто од акциите во котираните компании. Најголемите поединечни акционери на македонските топ-компании на нивно име не поседуваат повеќе од 26 отсто од вкупниот број акции, освен во некои случаи, како на пример Љубисав Иванов-Ѕинго, кој поседува 54,26 отсто од обичните акции во "Силекс". Во компанијата "Фершпед", на пример, доминантен акционер е бизнисменот Штерјо Наков, кој поседува 25,04 проценти од обичните акции на "Фершпед", следува Кираца Трајковска, втор човек во компанијата, чии акционерски пакет тежи 10,07 отсто, а на трето место е Драгослав Димевски со 5,11 отсто од акциите. Заедно поседуваат над 40 отсто од капиталот. Трајко Давитковски на свое име поседува 19,17 отсто од капиталот на трговската компанија "Скопски пазар", со што е најголем акционер. За другите акционери нема показатели. Инаку, "Скопски пазар" како фирма има сопствени акции од 5,86 отсто, кои компаниите по една година од купувањето мораат или да ги отуѓат или да го намалат капиталот за таа вредност. Скопска "Топлификација"има огромен словенечки капитал. Инвестицискиот фонд "Потеза" од Словенија во "Топлификација" поседува пакет од 19,62 проценти од обичните акции. Интересна сопственичка слика има и "Лотарија на Македонија". Во оваа фирма шпедицијата "Фершпед" има управувачки процент од дури 59,72 отсто, а поранешниот долгогодишен директор Драгољуб Лазов располага со 10,6 отсто од обичните акции. Компанијата "Фершпед" е управувачки сопственик и на "Хотели Метропол", каде што располага со 68,38 отсто од акциите. Во фармацевтскиот гигант "Алкалоид" Трајче Мукаетов поседува 7,8 отсто од обичните акции. За другите акционери нема податоци, бидејќи имаат под 5 проценти. Во "Европа", пак, 7,37 отсто има Боро Левентик, а нема показатели за другите сопственици. Глигорие Гоговски е сопственик на 12,28 од акциите на тетовски "Тетекс", а Иванка Гоговска поседува 6,98 проценти од капиталот на компанијата. Најголеми газди во "Македонија турист" се Доне Таневски со 19,18 отсто од акциите, Соња Бибановска со 11,27 отсто и фирмата "Петролгас" со 5,80 отсто. За нафтениот дистрибутер "Макпетрол" нема податоци за акционери со над 5 отсто, што упатува дека фирмата сопственоста е дисперзирана кај голем број акционери. Во "Автомакедонија" еден од поголемите акционери е бизнисменот Светозар Јаневски, кој поседува 20,4 отсто од акциите, додека Пиварница ,,Скопје" во истата фирма располага со 5,76 отсто од акциите. Во оваа фирма најголем акционер е Димитар Мојсовски, со 23,65 проценти. Во "Реплек" најголем акционер е компанијата "Хенделс" со 14,98 отсто, но веднаш потоа следуваат Душан Туџаров со 13,18 проценти и Иван Туџаров со 11,74 отсто. Како доминантен сопственик во "Бетон" фигурира Зоран Азманов со дури 35,16 отсто, а Тони Каранфиловски има 5,18 отсто. Минчо Јорданов (се претпоставува дека станува збор за вицепремиерот)располага со 21,1 отсто од РЖ "Интертрансшпед". Исто толкави пакети од фирмата имаат и Симеон Василев и Никола Ангелевски. Најголем акционер во прилепска "Витаминка" со 23,77 отсто е Симеон Наумовски. Во "Гранит", водечката градежна компанија кај нас, Страшо Милковски располага со 11,89 отсто од обичните акции, а фирмата има сопствени акции од 10,69 отсто. Од банките, во Комерцијална банка над 5 отсто има само ЕБРД, која поседува 6,22 отсто од акциите. Но, оваа банка неодамна ја објави својата структура на првите 10 акционери. Па така, по ЕБРД следуваат Звеза банк од Клагенфурт со 4,9 проценти, "Фершпед" со 4,2 отсто, Прва покојнинска дружба Љубљана со 3,8 отсто, КД Прва борзна со 3,6 отсто, "Топлификација" со 3,4 отсто, Цементарница "Усје" со 2,8 отсто, "Брилијант" со 2,73 отсто, "Д-р Пановски"со 2,4 отсто, и "Скопски Пазар" со 2,3 отсто. Во Охридска банка најголем акционер е "Отекс" со 17,47 отсто и Инвест банка со 5,42 отсто. Во Стопанска банка - Битола "ЗК Пелагонија" има 25,46 отсто, "Благој Ѓорев" 13,5 проценти и Пиварница ,,Скопје" 9,43 отсто. ----- Податоците сигурно ке кореспондираат со уплатите во кампањите на политичките партии.
Makedon A od kaj na ovie ex-direktori na golemi firmi, koi zemale plata max. po 5000 DM na vremeto, stanale gazdi na milioni evra kapital??????
ZooGraf
quote:
Originally posted by Makedon
A od kaj na ovie ex-direktori na golemi firmi, koi zemale plata max. po 5000 DM na vremeto, stanale gazdi na milioni evra kapital??????
Istato prasanje mozes da go postavis vo Rusija, samo sto tamu ne se milioni tuku milijardi vo prasanje. Deneska, Moskva ima najgolem broj na dolarski milarderi vo svetot (povekje od eden New York). Koj nemal skrupul a se nasol na pravo mesto vo pravo vreme e deneska elitata na istocno evropskite opstestva.
f9 Topikov go staviv vo Politika,najmnogu zatoa shto e politichko prashanje ,a ne ekonomsko. Tajkunite vo Rusija bea stvoreni od Komunistichkata partija,toa ne e ekonomija tuku politika. I kaj nas istoto se sluchi.SDSM si gi fringira zakonite i izbirajki politichki podobni direktori ja izvrshi krazhbata-denes narechena so suptilno ime privatizacija.Grabalizacijata vo ime na partijata ne beshe specijalitet na SDSM samo ,no tie groto na firmite si gi prigrabija naveduvajki stalno "vo ime na...".I VMRO koga dojde napravi Partiski Tajkuni.Bankite koj bea Vmrovski ,pa Smilenski i negovoto Istochno carstvo/i tie "vo ime naaa...." I shto sega bara vakva tema vo Ekonomija? Natpisot dovolno kazhuva deka e politika vo prashanje.Da ne beshe politika ne ke begashe vo Anglija kako poparen.Eve samo da ja analizirame sopstvenosta na Shterjo koja e razbacana vo natpisov kolku da se kamuflira.Ne e samo Fershped,tuku i Lotarija na Makedonija,Metropol,Belvi,Aleksandar Palas,Komercijalna Banka i koj znae ushte kolku drugi. Nekoja budala ke kazhe ete se snashol chovekot ta od eden stan i stoeden napravil imperija od 500 milioni evra.,a demek site drugi se nesnaodlivi.I posle ke mi izleze pravobranitelot da mi kazhuva deka se za nejze bilo legalno. Ne nema shto da se diskutira...temava e 100% za Politika i insistiram tamu da odi. Jasno e zoshto si gi pokazhaa sega rogovite.Bar gi znaeme gazdite na Makedonija...kolku grdo toa zvuchi pokraj stotici iljadi siromasi.
f9 Колку тежат акциите на најголемите сопственици во македонските топ-компании? Мукаетов и Наков со највредни акции Акциите на Трајче Мукаетов во †Алкалоид" вредат 6,14 милиони евра. До овој податок се доаѓа доколку се земе предвид вкупниот број акции во оваа фармацевтска компанија - 1.209.550 обични акции. Штерјо Наков, пак, располага со капитал од 4,14 милиони евра, само доколку се сметаат неговите акции во компанијата "Фершпед". Неговиот процент од капиталот е 25,04 отсто во оваа шпедитерска компанија. Но, "Фершпед" има висок процент акции и во †Хотели Метропол", кои тежат 1,59 милион евра, како и во "Лотарија на Македонија", со вчерашна пазарна вредност од 540 илјади евра. Трајче Мукаетов и Штерјо Наков НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Колку тежат газдите на македонските топ-компании? Ги има неколку со капитал во фирмите од над еден милион евра. Прилично жешка тема, која сў до неодамна не можеше ни да се замисли, а уште помалку да се истражува. Сепак, "Утрински весник", кој вчера ги објави процентите на акционерските пакети на бизнисмените, направи обид да дојде до парична процена на капиталот во компаниите што го поседуваат тие а кои се котираат на Берзата. Како што е познато, податоците за инвеститорите кои располагаат со над пет отсто од акциите во компаниите јавно ги објавува Централниот депозитар за хартии од вредност, согласно со обврските од Законот за хартии од вредност. "Утрински весник" првпат прави анализи за тоа колку вредат акционерските пакети на дел од сопствениците во компаниите. Врз основа на вкупниот број акции во соодветната фирма, од кои се извадени процентите што ги поседуваат газдите, се доаѓа до бројот на акции на нивно име во таа компанија. Доколку тој се помножи со цената што ја достигнале акциите на фирмата вчера на Македонската берза, се добива последната пазарна вредност на нивниот капитал. Со оглед што оваа цена е постигната вчера, но не е извесно како таа ќе се движи натаму и дали таа би можела да се постигне доколку сопствениците решат да ги продаваат акциите, можни се отстапки од презентираните математики. Постојат неколку бизнисмени во земјава чиј капитал има седум бројки, и тоа изразен во евра. Акциите на Трајче Мукаетов во "Алкалоид" вредат 6,14 милиони евра. До овој податок се доаѓа доколку се земе предвид вкупниот број акции во оваа фармацевтска компанија - 1.209.550 обични акции. Од нив, 7,8 проценти, колку што на свое име поседува Мукаетов, се 94.344,9 акции. Доколку тие се помножат со 4.000 денари, колку што вчера изнесуваше просечната цена на акциите на "Алкалоид", се добива сума од 377,4 милиони денари или близу 6,136 милиони евра. Штерјо Наков, пак, располага со капитал од 4,14 милиони евра, само доколку се сметаат неговите акции во компанијата "Фершпед". Неговиот процент од капиталот е 25,04 отсто во оваа шпедитерска компанија. Но, "Фершпед" има високи проценти акции и во "Хотели Метропол", кои тежат дури 1,59 милион евра, како и во "Лотарија на Македонија", со вчерашна пазарна вредност од 540 илјади евра. Значи, неговите 25,04 отсто во овие фирми вредат по 400 илјади евра во "Хотели Метропол" и 135 илјади евра во "Лотарија на Македонија". Или ако сў се собере, на контото на овој бизнисмен има близу 4,7 милиони евра. "Фершпед" е одлично капитално упориште и за другите негови сопственици. Вториот човек во фирмата, Кираца Трајковска, располага со 10,07 отсто од акциите на компанијата, кои имаат пазарна валоризација од 1,66 милион евра, додека акциите на третиот по големина сопственик во шпедицијата, Драгослав Димевски, тежат 844 илјади евра. Многу солидна акционерска позиција имаат и газдите на "Македонија турист", Доне Таневски и Соња Бибановска. Така, акциите на Таневски во оваа фирма тежат дури 3,5 милиони евра, а оние на Бибановска 2,1 милиони евра. Групацијата "М6 Светлана и останати" поседува 71,96 отсто од акциите во Винарската визба "Тиквеш". Овие акции вчера на Берзата вределе 20,9 милиони евра. Под претпоставка сите да имаат подеднаков удел во М6, капиталот на Јаневски би тежел 3,48 милиони евра. На оваа бројка би можеле да се додадат и неговите акции во Пиварница Скопје, па дури и оние во "Аутомакедонија", кои тежат "ситни" 200.000 евра. Трајко Давитковски, прв човек на "Скопски пазар" има 19,17 отсто во компанијата. Согласно со цената што акциите на овој трговски гигант вчера ја достигнале на Берзата, излегува дека капиталот на Давитковски вреди 2,05 милиони евра. Уште една интересна акционерска композиција. Во "Реплек" акциите на Душко Туџаров тежат 1,05 милион евра, а на неговиот син Иван Туџаров 941 илјада евра. Или заедно, нивните вкупно 24,92 отсто од акциите имаат најнова пазарна вредност од близу два милиона евра. Во "Бетон" акциите на Зоран Азманов, доколку се продавале вчера, тој ќе заработел 760 илјади евра. Акциите на Страшо Милковски во "Гранит", пак, според последната берзанска цена, се проценуваат на 1,5 милион евра. Симон Наумоски во "Витаминка" располага со близу 600 илјади евра, Боро Левентиќ во "Европа" со 340 илјади евра, Глигорие Гоговски во "Тетекс" 280 илјади евра, а Иванка Гоговска во истата фирма 160 илјади евра. Ова е првпат во нашава земја да се прави ваква ранг-листа врз основа на веродостојни, берзански показатели, иако секаде во светот се објавуваат листи на најбогатите луѓе.