Ем претседател, ем поет |
Strelec |
Третонаградена творба на конкурсот за поетски творби на манифестацијата „Курирче“ во Кичево во 1977 година.
Наслов на стихотворба: Повик
Автор: Бранко Црвенковски
Ветрот шумоли и ни мрси коси
дури стоиме на могила пресна,
со мисла темна тага што носи
и омраза в срце жолчна и бесна.
Во ушите уште глас нејзин ни ѕуни
што во борба вика, буди желба смела,
нејзиниот поглед уште не бодри,
ни играат пред очи нејзините дела.
Помнам за првпат кога кај нас се јави,
напатена и страдна од судбата тешка,
четата веднаш ја прифати за своја
и напред ја поведе во борбата жешка.
А убава беше ко фиданка млада,
трошна и нежна како росно цвеќе.
Секогаш игрива и лесна ко птичка,
весела и мила ко малечко дете.
За умор таа не знаеше што е,
везден на нога од утро до мрака,
секогаш спремна помош да пружи
и напред да јурне со пушка в рака.
Но, смртта лочна живот и скрати
и ја зеде невидената младост среќна,
ја поведе на пат бескрајно долг
ја одведе неа на почивка вечна.
Ветрот шумоли и ни мрси коси,
дури пред нас игра нејзината лика,
дури во нас царува нејзиниот повик
во борба, на одмазда сите што не вика.
[img]http://www.vreme.com.mk/images/branko%20crvenkovskia_resize.jpg[/img] |
dejan |
Dobro napisano, interesno!
|
intel |
Tek od Ljubce da procitate stihovi, kje popagate. |
achtung_panzer |
Strelec, intel, ajde sho se sramite, isterajte gi na videlo vashite revolucionerni poetski tvorbi... demek nemate pisheno? |
Strelec |
Коментар во ’Време’:
Има некоја тајна врска...
Има некоја тајна врска меѓу политичарите и литературата. Неодамнешното пројавување на Стојан Андов како автор на љубовниот роман „Стравот и љубовта“ не е изненадување на литературната сцена. Познато е дека томови поезија има напишано Никола Кљусев, дека поетски книги имаат објавено и Љубчо Георгиевски и Доста Димовска, а меѓу политичарите-поети е и првиот претседател Киро Глигоров, познат по песната „Ленка“.
|