toni_a |
Љубљана, 9 март (МИА) - Словенечкиот весник "Финанс" и хрватската интернет-страница business.hr објавија доказ дека Словенија ги проневерила девизите на поранешна СФРЈ.
Весникот неодамна го објави писмото што на некогашниот министер за финансии на Словенија, а подоцна и премиер, Антон Роп му го напишал словенечкиот претставник за сукцесија на СФРЈ Руди Габровец. Повикувајќи се на ова писмо, хрватскиот портал објави дека конечно е откриен доказ дека Словенија ги проневерила девизите на поранешна Југославија, односно дека 2 банки во сопственост на словенечката држава тогаш присвоиле помеѓу 150 и 180 милиони евра заеднички пари на поранешната држава, кои служеле како законска резерва за исплата на девиз! ната заштеда на тогашните комерцијални банки.
Писмото на Габровец е одговор на Роп, кој како министер имал забелешка дека Словенија ја продала "Нова љубљанска банка" на белгиската КБЦ. Габровец го смирува Роп дека нема поради што да се грижи бидејќи проблемите што ги наведува министерот, а пред се долгот на штедачите, останале во старата Љубљанска банка.
"Потенцијалната опасност е поврзана за банката ЛХБ во Франкфурт и Адриа Банк во Виена", наведува Габровец во писмото.
Хрватскиот сајт објави дека ниту Роп ниту Габровец не се загрижени поради проневерата, туку ги интересира единствено белгиските банкари да не откријат дека Словенија ги измамила.
Хрватските штедачи веќе ја тужат словенечката ЛХБ пред Меѓународниот суд за правда во Хаг, бидејќи се уште не сака да открие каде исчезнале резервите на Народната банка на Југославија, што и биле доверени на чување. |