трендафил |
Како прво продажбата на ЕСМ не беше на приоритетниот список на задачи што ЕУ ги даде на Македонија, па со самото тоа продажбата на ЕСМ не не приближи до унијата. Друга работа е зошто толку сила владата потроши за да го продаде ЕСМ, наместо да ги работи приоритетните обврски. Словенија е веќе членка на ЕУ, а не размислува за скорешно продавање на нивната електродистрибуција. Хрватска размислува за продажба, но на 30%, не на 90 колку што владата на Бучковски продаде против мојата волја и волјата на сите со кои јас сум разговарал, а за кои власта мисли дека сме во малцинство затоа што не земаме мотки и да ја прелоцираме од зградата покрај Вардар во Идризово. И така во WCињата и купатилата сега, со реновирањето, си залепиле плочки во својата сина боја, бојата на ДУИ, СДСМ и ЛДП. Очигледно си го спремаат затворот за после изборите. Иако во врска со продажбата на ЕСМ и јас се однесував педерски (како карактерна особина), односно не излегов на ниту еден протест затоа што мислам дека сетилата на оваа власт не реагираат на протести туку им треба нешто многу посилно, сепак еве го моето мислење во врска со продажбата.
Всушност купувачот на ЕСМ ни дава кредит што самите ќе го отплаќаме преку зголемената цена на електричната енергија. Само што кога ќе го отплатиме кредитот ќе останеме и без ЕСМ и должниции тоа вечни. Нејасно дали власта смета дека само таа е државата. Ако државата е на сите државјани на РМ, тогаш секој од нас е сопственик на делче од ЕСМ, па незнам зошто се крие договорот за купопродажба од нас, другите сопствениците, вклучувајќи ги и тие што се овластени од нас да ја контролираат власта, антикорупцијската комисија и опозицијата пред се`.
Мислам дека продажбата на ЕСМ во ваква економска ситуација е катастрофално лош потег од кого ќе имаат полза на криминален начин само шака луѓе. Доколку се воопшто луѓе, разбира се.
|