varvarin-f |
МИТРОПОЛИТ НАТАНАИЛ ОХРИДСКИ
/Светско име Нешо Бојкакиев - 1820-1906/
Роден во с. Кучевишта, Скопска Црна гора. Еден од инициаторите за востановување на Охридската архиепископија. После создавувањето на Бугарската Екзархија во 1870 година е првиот митрополит на Охрид. Зема дејно учество во организирањето на отпор против решењата на Берлинскиот конгрес. Еден од организаторите на Кресненско-Разложкото востание.
ПОВИК НА МИТРОПОЛИТ НАТАНАИЛ ОХРИДСКИ ДО ПЕТКО ВOJBOДA ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА БОРБАТА НА БУГАРИТЕ ОСТАНАТИ ПОД ТУРСКО
25. IX. 1878 г.
Народољубиви господин Петко војвода
Bо Чепеларе
Бидејќи вашето видување е многу потребно со г-н Димитрија поп Георгиев, кој се наоѓа во Дупнишка Џумаја и е водач над тамошните по границата народни стражари, за да си разговорите за едно многу важно прашање за во полза на сите Бугари, кои од Берлинскиот конгрес се оставија пак под турско тиранско управување. Затоа штом го добиете моето соопштение, незабавено да се упатите за таму.
Во спротивен случај ако работите не Ви допуштат да отидете сам до дотаму, за тоа од Ваша страна да испратите едно верно и благо-разумно лице, кое да може да го изврши Вашето за нашиот народ интересно дело.
Како Be поздравувам во името на Македонските Бугари, останувам се Ваш содружник за ослободувалето на неослободените Бугари во Турско.
Еден народољубив македончанин /Натанаил/
[?][?][?][?][?]
|