Спортска прогноза (17-20 Март)
Спортска прогноза (17-20 Март)
darkjesus German Bundesliga 1 : Nurnberg vs Werder Bremen Нинберг е на дното на табелата и се бори за опстанок. Претходната недела извојува победа против Келн и дефинитивно го врати во игра. Во наредните 2 кола игра против Арменија Билефилд и Маинц па може да очекува да се искачи некое место погоре. Од друга страна Вердер е во лоша серија. По поразот од Јувентус и испаѓањето од лигата на шампионите доживеа пораз и од Херта во првенството. Сега со Шалке водат тешка битка за место кое води во лигата на шампионите па не смеат да си дозволат кикс. За Нинберг не играат Wolf, Muller и Mintal кои се со потешки повреди и ќе се подолго време надвор од терените. За Вердер не играат Reinke,Baumann и Micoud. Би требало Вердер да извојува лесна победа затоа што има силен напаѓачки потенцијал и мислам дека Нинберг нема да може да ги издржи притисоците Предлог тип: 2 | 8/10
darkjesus English Premiership : Arsenal vs Charlton Полека и сигурно го гледаме Арсенал како се враќа на победничките патеки. Изгледа дечките конечно ја најдоја формулата за победа и достигнаа врвна форма. После извонредниот натпревар против Реал исфрлувајќи го кралскиот клуб од лигата на шампионите следни на мета им беа Ливерпул на кои успеаа да им земат 3 бода. Оваа недела повторно играат на домашен терен и тоа им е шанса за трета последователна победа во домашното првенство. Иако имаат сериозни проблеми со повредите (повредени се: Clichy, Reyes, Ljunberg, Cole) сепак во игра се враќаат Campbell и Van Persie кои се незаменлив дел од тимот. Иако Чарлтон се покажа како доста цврста екипа сепак надежите за пласман во УЕФА купот полека им спласнуваат сепак со 39 бодови се на сигурно место во средината од табелата. Предлог тип: 1 | 9/10
The_Crow dark veruvam drugar deka onaa prvata utakmica ni na son ne ocekuvase deka ke zavrsi 3:1 dodeka ovaa vtorata ne e loso ja fakas.