Nekoi bitni raboti vo biznisot
Nekoi bitni raboti vo biznisot
ozonce ПРВА ДЕЛОВНА ЛЕКЦИЈА Само што со туширање завршила жената, мажот влегол во купатило, кога затропал некој на врата. По кратко натегање кој да отвори врата, жената попуштила, набрзина се завиткала во пешкир и отворила врата. Таму Перо, нивниот прв комшија. - Комшике, ќе ти дадам 800 евра ако го симнеш тој пешкир. Кратко размислувала, го разврзала пешкирот и застанала гола пред Перо. Перо и дал 800 евра и заминал. Збунета но и среќна заради приликата лесно да заработи толкави пари, жената се прибрала пак во пешкирот и се вратила назад. - Кој беше? - Перо. - Супер, ти спомна ли нешто за 800-те евра што ми ги должи? НАРАВОУЧЕНИЕ: Доколку важните информации за позајмиците ги поделите со своите акционери, можете да спречите евентуални штети. ****************************** ВТОРА ДЕЛОВНА ЛЕКЦИЈА Додека се возел со својот автомобил, свештеникот здогледал калуѓерка покрај патот. Застанал, и понудил превоз, таа прифатила. Седнала покрај него и ги прекрстила нозете откривиајќи ги своите прекрасни колена. По некое време, ја спуштил својата рака на нејзините нозе. Та гоо погледнала и му рекла: - Оче, зарем не се сеќавате на 129-от псалм? Свештеникот длабоко се извинил, ја повлекол раката, но, по некое време, повторно му отишла раката накај калуѓерката. - Оче, зарем не се сеќавате на 129-от псалм? Тој уште еднаш се засрамил: - Проштејак сестро, телото е грешно. Калуѓерката стигнала до манастирот а свештеникот продолжил до својата црква. Влегол и веднаш ја побарал Библијата за да се потсети на 129-от псалм. А тој гласи: - Оди напред и барај, продолжи и ќе го спознаеш врвот на задоволството. НАРАВОУЧЕНИЕ: Ако не си доволно информиран за работата со која се занимаваш, можеш да пропуштиш сјаjни прилики. ******************************** ТРЕТА ДЕЛОВНА ЛЕКЦИЈА Продавач, службеничка и нивниот директор отишле на ручек и на масата во ресторанот виделе стара лампа. Ја протриле и од неа излегол духот: - Обично исполнувам три желби а бидејќи вие сте тројца на сите ќе им исполнам по една. - Јас сум прва! - извикала службеничката. - Сакам да сум на Карбите, да возам глисер и да имам куќа покрај море. Пуф, веднаш исчезнала. Гледајќи во чудо што се случило, изрипал продавачот. - Јас сум сега! Јас сум сега!!! Сакам да сум на Таити, да лежам на плажа со мојата лична масерка и да пијам коктели! Пуф, веднаш исчезнал. - Ти си на ред му рекол духот на директорот. - Сакам откако ќе завршам со ручекот, овие двајца да ги видам вратени во канцеларија. НАРАВОУЧЕНИЕ: Секогаш пуштете го шефот да зборува прв. ********************************** ЧЕТВРТА ДЕЛОВНА ЛЕКЦИЈА Oрелот по цел ден седел на гранка и не правел ама баш ништо. Го видел тоа зајакот и го прашал: -Може ли и јас да седам така како тебе и цел ден ништо да не работам? Орелот одговорил: - Може, зошто да не? И зајакот седнал на земја под орелот и почнал да дреме. Ненадејно се појавила лисицата, скокнала на зајакот и го изела. НАРАВОУЧЕНИЕ: Ако сакаш да не работиш ништо, мора да седиш многу, многу високо.
ozonce СОВЕТИ ЗА ИНТЕРВЈУ (РАЗГОВОР) СО РАБОТОДАВАЧ Најдобар начин да се справите со невработеноста е што побрзо да најдете работа. Потребни се големи напори да испланирате и спроведете ефикасно барање работа. Тоа не се прави на брзина. Сите активности околу барање работа треба да бидат во фокусот на вашиот интерес и делување. Многу луѓе наоѓаат работа преку лични контакти и пријатели, а некои преку конкурси. Обидете се да го зголемите бројот на деловни контакти, така може да дознаете за работни места што не се огласуваат - тие се дел од „скриениот пазар на работни места”.Овие деловни контакти ќе ви обезбедат корисни информации за политиката и филозофијата на компанијата пред да се појавите на конкурсот, така што кога ќе конкурирате ќе се чувствувате подготвени, информирани и сигурни во себе. Првиот чекор е да дознаете што повеќе за фирмите во кои сакате да најдете работа. Информациите што ви се потребни треба да вклучуваат одговори на следново: #61614; Во чија сопственост е фирмата? #61614; Со што се бави фирмата? #61614; Кој е статусот на фирмата во индустријата? Дали е фирмата голема или мала, дали се развива или стагнира? #61614; Што можете да дознаете за работата што сакате да ја работите ? - работни должности, - плата, - надоместоци (здравствено и пензиско осигурување), - работна средина #61614; Дали во таа фирма редовно се исплаќаат личните доходи? #61614; Дали често се практикува прекувремена работа? #61614; Какво реноме има фирмата и каков тип на личност би се вклопил? #61614; Кои се некои од тековните проблеми на фирмата? #61614; Кои се луѓето што можат да ве вработат? #61614; Клучот на успешниот разговор со работодавач лежи во способоста да оставите позитивен впечаток за себе и идното работно место. Мора да покажете ентузијазам, флексибилност, спремност да се соочите со предизвици, желба за напредок и самодоверба. Но никако немојте да прифаќате работа која не нуди здравствено и пензиско-инвалидско осигурување. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат за добар почеток: #61502; бидете пријатни, пријателски расположени и отворени #61502; пристапете му на работодавачот со почит #61502; гледајте го работодавчот во очи #61502; насмевнете се #61502; слушајте внимателно #61502; дозволете му на работодавачот кога ве интервјуира да го води разговорот #61502; зборувајте јасно, разбирливо и со самодоверба #61502; одговарајте чесно и професионално #61502; потенцирајте ако е можно дека сте стабилна личност која не отсуствува многу од работа и на која може да се смета #61502; не го пролонгирајте интервјуто кога треба да заврши Пред разговорот Информирајте се точно за адресата и местоположбата каде ќе се води разговорот. Пристигнете порано или точно на време. Бидете љубезни со сите покрај кои поминувате. Многу е важен вашиот надворешен изглед, бидејќи влијае на вашата слика за себе и на сликата што другите ја градат за вас. Стилот на облекување, фризурата, модните детали се особено значајни за првиот впечаток што го оставаме. Тие содржат пораки за припадноста, ставовите, емоционалните состојби итн. Постојат различни стилови и начини на облекување, а некои од нив тесно се поврзуваат со одредени професии. Па така за некои работни места работодавачите имаат одредени очекувања како треба да изгледа кандидатката. Нема да згрешите доколку на денот на разговорот изберете формална гардероба и модни детали кои нема значително да го одвлелуваат вниманието. ЗА ВРЕМЕ НА РАЗГОВОРОТ КАЈ РАБОТОДАВАЧ Работи што треба да ги правите: #61502; бидете искрени и директни #61502; внимавајте да бидете учтиви > прашувајте прашања поврзани за професијата > формулирајте ги прашањата концизно > користете примери за да ги илустрирате своите идеи Работи кои на треба да ги правите: #61656; Немојте да пушите #61656; немојте да го контролирате разговорот #61656; немојте да бидете премногу сериозни #61656; немојте да покажувате разочарување или обесхрабрување #61656; немојте да давате негативни коментари за секого вклучувајќи ги и вашите поранешни работодавачи #61656; немојта да гледате на саатот #61656; немојте се да запишувате ПРАШАЊА ШТО МОЖЕТЕ ДА МУ ГИ ПОСТАВИТЕ НА РАБОТОДАВАЧОТ Интервјуто е поприродно доколку и вие повремено поставувате прашања и се информирате и го проценувате работодавачот и работното место. Некои прашања што ќе ги поставите можат да ви дадат одговор и да ви помогнат да одлучите дали фирмата ги исполнува вашите очекувања. Добро поставено прашање понекогаш повеќе вреди од добар одговор. Покажува дека не се препуштате на проценка на другите, туку дека и вие сакате да процените и со тоа одлучувате дали тоа што се нуди ви одговара или не. Прашања поврзани со работното место : • Дали за прв пат се отвора тоа работно место или постои одамна? • Зошто е слободно работното место? • Кои се клучните задачи и одговорности за тоа работно место? • Кои се моите овластувања и одговорности? • Дали е потребна обука за ова работно место? • Кои услови ги нуди работното место? Прашања поврзани со фирмата: • Каква структура има фирмата? • Каква е нејзината стратегија? • Каков работен стил има фирмата? • Дали постигнува успеси? • Каков е начинот на раководење и одлучување? • Дали фирмата организира обуки, тренинзи, водство и менторирање? Прашања поврзани со правата и обврските кои што произлегуваат од работниот однос: • Форма и времетраење на договорот за работа • Висина на плата и начин на исплата • Дали ова работно место нуди здравствено и пензиско осигурување? • Дали има можност за напредување? • Работно време • прекувремени часови, нивно евидентирање и можност за надоместок На крајот на интервјуто можете да прашате кога и на кој начин ќе ве информираат за исходот и можете уште еднаш да го изразите својот интерес и подготвеност за тоа работно место. На крај не заборавајте да се заблагодарите за одвоеното и посветено време од страна на работодавачот.
toni_a dobri ti se rabotive Ozonce [:D]
LIDIJA - SKorpija Ozonche ,da znaesh kolku,kolkuuuuuuu mi se bliski temive momentalno.... [:)]
ozonce Za vtoriot post, rabotev kako tehnichki urednik na eden prirachnik za vrabotuvanje, ne sakajki gi nauchiv ovie raboti i pomagaat :) Tekstot e izvadok od prirachnikot
toni_a da go postirash za download?? se razbira ako nema problemi i prechki...!
ozonce vazi ke go stavam u pdf...
toni_a super! ke ide na "mudrosti"! ako sakash postiraj go tamu so malo tekstche(ne mnogu,ama neka se znae za sto se raboti) i link za download. thx [;)]
LIDIJA - SKorpija
quote:
Originally posted by ozonce
Za vtoriot post, rabotev kako tehnichki urednik na eden prirachnik za vrabotuvanje, ne sakajki gi nauchiv ovie raboti i pomagaat :) Tekstot e izvadok od prirachnikot
A prirachnikov ima neshto za toa kako treba da izgleda CV-to? I toa e neli del od procesot za vrabotuvanje. Neli postoi ushte od 2002 CV so evropski standard?Ne znam dali e vo upotreba, a ovde barem ne e sluchaj) I ako ne e tajna prirachnikov za kade se odnesuva,Evropa?