до кого со фалсификациja на Кувер?!
до кого со фалсификациja на Кувер?!
Makedon Знаејќи дека Македонците не можат да бидат дел од „бугарското племе“, модерниве бугарски „историчари“ почнаа да измислуваат како во Керамиското Поле (прилепското поле) се населил ханот Кубрат, користејќи еден цитат од „Животот на Св. Димитрија Солунски“ кој вели дека некој си Коурват дошол од Панонија со ромејски (византиски) пленици и ги населил во Керамиското Поле. Во Чудесата на Св. Димитрија се говори за извесен Коувер- водач на Аварите и за некој бунт кој избувнал во аварско племе, воден од Коувер ( L'Abb#233; A. Tougard, De l’histoire profane dans les actes grecs des Bollandistes (Paris, 1874), pp. 186 ff. ). Подоцна тој Коувер, го нападнал и заробил Коринт (Пелопонез) и не останал во Керамиското Поле, Тракија (Ibid., pp. 521 f.). Но, пак тој Коувер и во останатите историски извори е представен како водач на Аварите, кој населил Словени во Коринт, најверојатно поради малубројноста на Аварите (see Peter Charanis, 'The Chronicle of Monemvasia and the Question of the Slavonic Settlements in Greece,' Dumbarton Oaks Papers, No. V (1950), 158-159). Сега тој Кувер некој ни го претставува како Бугар. Но, како што вели народов, на лагата и се кратки нозете, па има доста византиски извори за тој Хорбатос. Кубер никогаш не се населил во Македонија. Според Солунската Легенда, Кувер, вазал на аварскиот хаган, востанал против својот претпоставен и протеран е од Аварија (денешна Војводина) и заедно со негови пленици од словенско-ромејско потекло, во областа на словенското племе Драговити, наречено Керамијско Поле (A. Tougard, De l'histoire profane, Paris, 1874, p. 187—204. — H. Gelzer, Die Genesis der byzant. Themenverfassung, Leipzig, 1899, S. 47—50. — Ф. Ив. Успенский, О вновь открытых мозаиках в церкви св. Димитрия в Солуни, в ИРАИК, т. XIV (1909), стр. 50—59). Бугарите тврдат дека тоа Керамијското Поле е битолското поле, но битолското поле од антички времиња, преку средновековието, па се` до денес го носи исклучиво само името Пелагонија. На солунчаните добро им било познато името Пелагонија, а и Керамијското Поле, кое се наоѓа во Смолјанската област. Впрочем, Драговитите ја населувале територијата на исток од Солун, од Солун до р. Бистрица, Бер (Петров, П. Образуване на българската държава. С., 1981, 64-65), па византискиот пишувач на "Солунската Легенда" точно го лоцира местото каде Кувер ги населил словено-ромејците т.е. источно од Солун; но, тој направил само една грешка, Керамијското Поле не е во областа на Драговитите, туку во областа на Смолјаните (Тракија), кои се населени уште поисточно од Драговитите. Тоа е сосема нормално за тоа време, византискиот свештеник -писател знаел дека на исток од Солун живеело словенското племе Драговити, но не бил добро запознал точно со народот во смолјанската област, појугоисточно од Драговитите. Најстарата бугарска историја "Џафкар Тарихи", во превод "Бугарски Летописи", која ја опфаќа историјата на правите Бугари (турки народ) од нивното создавање па се до средниот век, вели дека Кувер ги населил своите пленици ромео-словени во Турун, каде тамошната река (најверојатно денешна Црна Река) била наречена Кувердара (Бахши Иман, ДЖАГФАР ТАРИХЫ (ЛЕТОПИСИ ДЖАГФАРА), ГАЗИ-БАРАДЖ ТАРИХЫ, (ЛЕТОПИСЬ ГАЗИ-БАРАДЖА),1229 - 1246 годы"О БУЛГАРСКИХ ЦАРЯХ ВСЕХ ДИНАСТИЙ"). Турун се наоѓа во смолјанската област, на стотина километри источно од границата меѓу пиринска Македонија и права Бугарија. Денеска Турун (бугарски Търън) е село со 800 жители. Во 7 век, Турун се наоѓал во византиската тема Македонија, инаку етногеографска територија Тракија, па оттаму може таква забуна дека Кувер ги населил своите пленици во Македонија. И двата историски извори го тврдат истото, дека Кувер се населил во смолјанската област, Тракија, на исток од Солун, а не на запад, особено не во "битолското поле" кое отсекогаш го носело истото име- Пелагонија. Вистинските Бугари знаеле најдобро и најточно каде се населиле, во Турун, кој не припаѓа дури ни во границите на пиринска Македонија, туку е уште понаисток, во Бугарија, во смолјанската област. Дури еден македонски археолог, со немакедонско презиме, Иван Микулчиќ, базирајки се Чудесата на Св. Димитрија измисли приказна како Кубрат населил Ромеи (Византијци) во Македонија, па дури и тврди дека материјалните остатоци (пред се` керамика и останати метални предмети) на овие луѓе се бугарски! Притоа, споменатиот господин заборавил да отиде до денешен Татарстан, од каде што потекнуваат правите Бугари и да најде материјални докази за нив, од едноставна причина што Бугарите биле номади и немале никаква култура во тоа време. Треба господинот Микулчиќ да си ја земе и прочита бугарската најстара историја, напишана од самите вистински Бугари кои сосема јасно имаат напиШано дека Кубрат се населил во Турун, денешна смолјанска област, инаку област Тракија. Нема белким сега ние да ги учиме старите Бугари каде се населиле. Сите сериозни историчари кои ја проучувале историјата за Кувер, па дури и реалните бугарски историчари се согласни дека Кувер ја населил Бугарија, а не Македонија (Ф. Ив. Успенский, О вновь открытых мозаиках в церкви св. Димитрия в Солуни, в ИРАИК, т. XIV (1909), стр. 50—59. Н. Милев, Кубрат от историята и Кубер в чудесата на св. Димитрия Солунски, в ПСп, кн. 71 (1910), стр. 556 и сл.).
Duhot na Vovata Abe ti navisnina imas krivi oci. KUBRAT e kanasubigi na Volzska Bugarija. Umren e tamu i nikogas ne doagal na Balkanot. Negovite sinovi - Asparuh (Isperih), KUBER (a ne Kubrat) i Alcek po smrta na tatkoto se preseluvat na zapad. Asparuh se naseluva vo Mizija, Kuber (a ne KUBRAT) na zemite na denesna Makedonoja (denesna, posto togasna bila kaj Odrin - vidi mapite), a Alcek dostiga Italija kade mu e dozboleno od Lombardskiot vladetel da se zaseli so narodot si srestu voena poddrzka – da se bori na stranata na Lombardite vo nivnite voeni konflikti. Ama pisatel se rodi - i seto gluposti.
Vasilije Каде само ги копа тие писанија, тој Македон.........место на ваков простор да се говори за историја на технологијата, уметноста, литературата, социјална историја, воена вештина, строителство, дипломатија, филозофска и идеолошка мисла и други мозокодразнувачки работи, се се сведува на некакви "Македонци сме-Бугари не сме" слогани..............
Makedon
quote:
Originally posted by Vasilije
Каде само ги копа тие писанија, тој Македон.........место на ваков простор да се говори за историја на технологијата, уметноста, литературата, социјална историја, воена вештина, строителство, дипломатија, филозофска и идеолошка мисла и други мозокодразнувачки работи, се се сведува на некакви "Македонци сме-Бугари не сме" слогани..............
Najcesto gi kopam od bugarskite istorii [:D] Ako citas pravi bugarski istoricari, nikogas ne tvrdele deka Makedoncite bile Bugari. Samo diletanti, od tipot na prostakon Bozo Dimitrov, koj e tvorec na skazni, a ne na istorija. Ciao![;)]
ZooGraf
quote:
Originally posted by Vasilije
Каде само ги копа тие писанија, тој Македон.........место на ваков простор да се говори за историја на технологијата, уметноста, литературата, социјална историја, воена вештина, строителство, дипломатија, филозофска и идеолошка мисла и други мозокодразнувачки работи, се се сведува на некакви "Македонци сме-Бугари не сме" слогани..............
Pa poveli pisuvaj za tie temi. Ironicno sto toa doagja od tebe kade site tvoji postovi se negiranje na posebnosta na Makedoncite. Tesko e da se pisuva za bilo sto drugo ako sekojdnevno Bugarite bombardiraat ovdeka i drugde deka nemame istorija. Prvo temelot treba da se iskopa, a potoa ke razmisluvame koja boja ke upotrebime za krovot.
stan
quote:
Originally posted by Makedon
Знаејќи дека Македонците не можат да бидат дел од „бугарското племе“, модерниве бугарски „историчари“ почнаа да измислуваат како во Керамиското Поле (прилепското поле) се населил ханот Кубрат...
You made my day man :) First learn the differenece between Kouber and Kubrat, then post your long-meaningless-postings Copy-paste history - My friends'Makedon history