Novi dokazi za narodnosta na starite Makedonci |
Makedon |
Се мисли дека античките Македонци потекнуваат од најстарите жители на јужниот Балкан- Пелазгите. Пелазгите се најстарите жители и на Атика, некогашна Хелада, која подоцна ја неселиле елински племиња. Античкиот историчар Трог Помпеј пишува дека Македонците потекнуваат од Пелазгите (Justin. VII, 1, 3). Во 450 г.п.н.е. за Пелазгите, Херодот вели: "ако се суди по останатите живи Пелазги,... каков јазик говореле Пелазгите, треба да кажам дека говореле еден варварски јазик; штом тоа е така, жителите на Атика, која е пелазгиска земја, со преминувањето им кон Елините, примија друг јазик" (Херодот I, 57-58) .
Античкиот елински географ Страбон, вели: "Што се однесува до Пелазгите, сите докази велат дека тие се еден стар народ, кој бил распространет во цел Хелас, особено меѓу Етолците во Тесалија". Понатаму, Страбон пишува дека Тесалија, меѓу устието на р. Пенеос, Термопилите и планина Пинд, се нарекувала Пелазгиски Аргос, оти пелазгите ја населувале таа земја (Страбон, стр. 221, 4). Од тие Пелазги-Аргaјци произвлегувала македонската царска династија, почнувајки од македонскиот цар Александар први (Александар трети е големиот Александар Македонски).На друго место, Страбон вели дека и Етолците (како и Македонците) не се Елини (Страбон V, 2, 4). Како Акаранците, Македонците и Етолците биле неелини, ами Пелазги, римскиот историчар Тит Ливи пишува дека сите тие говореле един ист јазик, неелински: Aetolos, Acarnanas, Macedonas eiusdem linguae hominess (Tit Livi, XXX, 29).
Денеска копјата се кршат дали античките Македонци биле Елини, од проста причина што западот од 1821 г. ја подржува Грција и нејзиното проширување кон негрчки територии, а за тоа мораат да ја изместуваат историјата. Историски, сосема неоправдано е да се тврди дека античките Македонци се Грци, кога сите антички историски извори Македонците ги декларираат како посебен, неелински народ.
Во историјата има само еден многу интересен пасус кој се однесува на народноста на античките македонци и тоа изустен од Демостен, Атињанин кој два пати ги предводел обединетите Елини во воените походи против Македонците водени од својот Цар Филип:“Филип (македонскиот Цар)….не само што не е грк, ниту е поврзан со грците…” (Демостен, Филипика III). Да потсетам дека поимот варварин е од грчко потекло и означува не-грк т.е. човек кој говори негрчки па самите антички грци не можеле да ги разберат говорот на странците, туку го имитирале странскиот говор “вар-вар”, па одтаму доаѓа терминот варвар.
Атинскиот лидер, Демостен вели дека во времето на Аристид, Никиј и Перикле, македонските цареви се потчинувале на Eлините, како што одговара на варвари спрема Елини (Olyth III, 24). Понатаму, Демостен го представува Филип не само како непријател на Атина, но и како непријател на елинизмот и неелин, па во својот говор истакнува: "има ли нешто поново од тоа, дека еден Македонец ги поразува Атињаните и се здобива со она, што е својствено само на елините"?(Ф. I. IV, 10) . Значи, самите Елини го сметале Филип за човек надвор од елинскиот род.
Елините, во знак на благодарност кон Демостен му изградиле споменик во Атина со натпис: “само доколку твојата сила беше еднаква Демостене на твојата мудрост никогаш Елада не ќе беше управувана од Македонци”( Времето на Александар, стр. 216, Плутарцх). Македонија, пак, самите Елини ја сместуваат надвор од Елада.
Македонците и Елините, не само што биле различни народи, туку и непријатели. Иако раскарани, елинските држвички и Елините кога станувало збор за борба против Македонците, тие се обединувале и застанувале заедно против Македонија и Македонците. Кога Александар трети Македонски со 25.000 до 30.000 македонска војска се обидувал да ја заземе Персија, околу 50.000 Елини од сите елински државички биле сојузници на Персија и се бореле против македонците [Quintus Curtius Rufus Roman Historian p.112-13].
Македонците и Елините од страна на самите антички елински историчари ги представуваат како две различни раси (Ариан, Грчки Историчар, Книга 2, Битката на Исус, стр. 119 / Diodorus Siculus 18.37.3-4.). Истотата поделба на македонска и елинска раса ја среќаваме и кај римските историчари (Livy's book XXXI.44)
Сите антички автори пишуваат за масакрите што Македонците ги вршеле спрема Елините, кои иако меѓу себе раскарани секогаш стоеле обединети против силниот македонски поробувач од туѓ род (Исократес, антички грчки писател “За Филип” стр. 37). Во сите грчко-македонски војни имаме два спротиставени табора- македонски и обединет-грчки! Секоја македонска победа врз елинските државички завршувала со масакри врз Елините (антички грчки историчар Diodorus Siculus knigi: XVII, XVIII, XIX, XX, XXII, XXVIII, XXIX, XXXI, and XXXII).
Елините ги мразеле Mакедонците и Александар (Плутарх, Времето на Александар, стр.311).
Aнтичките историчари и географичари ја одвојуваат Македонија како НЕЕЛИНСКА Држава, а македонците како посебни од Елините (Полибиус Грчки конгресмен и историчар, Книга XVIII, 1; Исократес, Плутарцх, Диодорус Сицулус, Арриан...).
Македонците имале свој посебен календар сосема различен од грчкиот (Плутарх, “Времето на Александар”, стр. 254) свои посебни обичаи и своја посебна пурпорно обоена народна носија. Во иста таква пурпурна носија закопан е Цар Самуил.
Македонците имале свој посебен македонски јазик, различен од грчкиот Quintus Curtius Rufus , The History of Alexander - Penguin Classics p.138). Има доста сведоштва за посебноста на античкомакедонскиот јазик. Самиот Александар контактирал со варварите (Македонците) преку Хевест, а со Елините преку Кратер. Плутарх пишува дека Александар ги повикувал телехранителите си на македонски јазик (Плутарх, Алекс. 51), а македонските војници го поздравувале исто така на македонски јазик (Евмен 14).
Забележан е дијалог меѓу македонскиот војсководец Филота и Александар Македонски: "Царот најпрво го погледна Филота и рече: "Македонците решија да те судат". Те прашувам, сакаш ли да зборуваш со нив на мајчиниот јазик (македонскиот)? Филота одговори: "Освен Македонците, тука има многу други сведоци, кои ми се чини полесно ќе ги разберат моите зборови, ако се послужам со истиот (хеленски) јазик, на кој ти штотуку проговори, кое ти го направи, мислам, само затоа, за да можат, говорот, повеќе луѓе да ти го разберат". После тоа, царот рече: "Гледате ли, Филота си го мрази татковиот (македонски) јзик, зошто тој самиот се откажува да се изразува на него. Но тој може да говори како сака, вие, да знаете дека тој се оддалечил како од нашите (македонски) обичаи, така и од нашиот јазик (Курциус Руфус 6, 36) .
Од цитираното, многу јасно се гледа дека Македонците не се сметале за Елини, туку за посебен народ, со свој јазик и свои обичаи. За да се разбира со надворешниот свет, македонската интелегенција се служела со елинскиот јазик, кој бил најраспространетиот светки јазик во тие времиња, слично како англискиот денеска. Проблемот е во тоа што Македонците како и нивните соседи Тракијците, Илирите итн. не создале свој литературен јазик и писмо, па затоа се користеле со елинското писмо и јазик, кој бил јазикот на цивилизацијата се до пропаста на Византија. Зарем Тракијците, Илирите, Бугарите на Хан Аспаруих итн. се Грци оти го користеле грчкиот јазик и писмо? Па ете и бугарите од Хан Ацпарух во својата држава до 893 година пишувале исклучиво грчки. И денеска многу народи кои немаат никаква врска со англо-сансонците го користат англискиот јазик кој е светски јазик, како официјален јазик во нивните држави; зарем сите луѓе (Ирци, Шконталнѓани, Велшани, Малтежани, многу острови на третиот свет итн.) кои говорат англиски како мајчин треба Англија да ги правиме Англичани?
Симболот на македонската воена сила и надмоќ е лавот. По победата на обединетите Грци кај Херонеја во 337 г.п.н.е., македонскиот цар Филип Втори гради огромен споменик на лав, кој е зачуван. Александар Трети Македонски ковал пари со својот лик, заедно со маска од лав. Во средниот век, македонскиот лав станува македонски хералдички грб, под кој македонските револуционери од 19 и 20 век се борат за македонската слобода.
Монети ковани од Александар III Македонски. Самиот Александар се представувал како Лав, со лавовска маска на главата.
Десно: Лавот на македонскиот цар Филип II што го подигнал во Херонеја, во спомен на македонската победа врз Грците
Другиот национален македонски симбол е сонцето. И тој е задржан кај македонскиот народ во континуитет. Знамето на крушевската република е карта на цела етногеографска Македонија, од која изгрева сонце, македонскиот грб од 1945 г. содржи сонце. Интересно е што дури во 1977 г. во Кутлеш (Вергина) се открива сонцето од филиповата гробница како македонски национален симбол, но Македонците го користат сонцето како национален белег многу порано; не само сонцето, туку и лавот. Јас си поставувам прашање, ако денешните Македонци немаат врска со античките, од каде кај нас, современите Македонци култот кон античките македонски национални симболи? Дури по 1977 г., Грците почнаа да го користат македонското сонце во пропагандистични цели, да докажат елински карактер на Македонија. Тие, кои се удираат во гради дека се наследници на античките Елини, немаат национален симбол кој го негувале во континуитет, наследен од нивните антички предци. Националниот симбол на Бугарите била коњска опашка, кој денеска не е присутен кај современите Бугари.
|
Vasilije |
Добро, Јаков, зарем немаш забелешки на овој флагрантен пример на копи/пејст кој веќе се граничи со СПАМ? |
Makedon |
quote: Originally posted by Vasilije
Добро, Јаков, зарем немаш забелешки на овој флагрантен пример на копи/пејст кој веќе се граничи со СПАМ?
A toa si se moi pisanija od mojot blog makedonskaistorija.blog.com.mk
Tvoite postovi sto se more, ako n spam? Smap ako e vistinata za Makedonija, srbofilstvoto i laznata prosrpska istorija sto e? Tvoite postovi ne se istoriski, ami demagoski, bez nikakvi istoriski izvori. |
Vasilije |
И се уште упорно тврдиш дека долгите текстови кои ги постираш се твои иако нивниот стил нема врска со твојот израз?И очекуваш да ти се верува?Бидејќи овде цитираш грчки и латински автори, кажи ми дали ги знаеш нивните антички јазици? |
Makedon |
quote: Originally posted by Vasilije
И се уште упорно тврдиш дека долгите текстови кои ги постираш се твои иако нивниот стил нема врска со твојот израз?И очекуваш да ти се верува?Бидејќи овде цитираш грчки и латински автори, кажи ми дали ги знаеш нивните антички јазици?
Ne gi znam perfektno latinskiot, a starogrckiot voopsto ne go znam, no znam angliski [:D]
I kazi mi koj istoricar znae perfektno latinski ili starogrcki? [:D][:D]
Nemoj mene da mi popuvas, glupavo izgledas[^] |
dejan |
Super sajt ti e toa Makedon:) |
Vasilije |
Сериозно, кажи од која книга ти се текстовите?Радуле?Донски?Кој изгледа глупаво јасно е.............зборуваме за лик кој е со години секој ден тука а зборува за документи од архивите во Будимпешта, Ватикан, Москва.........и упорно тврди пред публиката и пред мене (историчар) оти се негови дела................трагично. |
Makedon |
quote: Originally posted by Vasilije
Сериозно, кажи од која книга ти се текстовите?Радуле?Донски?Кој изгледа глупаво јасно е.............зборуваме за лик кој е со години секој ден тука а зборува за документи од архивите во Будимпешта, Ватикан, Москва.........и упорно тврди пред публиката и пред мене (историчар) оти се негови дела................трагично.
Abe ti veke polude, bidejki nemas dokazi da ja negiras makedonskata nacija. Pokraj sekoja moja informacija imas ISTORISKI IZVOR, od kade e citarana informacijata. A tie knigi gore-dole mozes da gi najdes i vo internet izdanie. |
dejan |
Od kade gi ocekuvas dokumentite Vasilije? Vekje ne te razbirame, prekini so tvojte ne-jasni izrazi. |
Makedon |
quote: Originally posted by dejan
Od kade gi ocekuvas dokumentite Vasilije? Vekje ne te razbirame, prekini so tvojte ne-jasni izrazi.
Covekot e antimakedonec, a na serbiancafe kaza deka e vlav so toska poteklo (shquiptar). Jasno gleda deka sekoja moja informacija ima citiran IZVOR, sto e istoriski korektno. Negovite pisuvanja se rekla-kazala, bez nikakvi koristeni istoriski izvori. |
Vasilije |
Сега се фати во стапица.Најди моја изјава дека сум Тоска-Влав и цитирај ја овде.Тебе те фативме како фалсификуваш извори, се сеќаваш?
Еве кажи од каде ти е оваа книга и каква боја на корици има, бидејќи ја имам покрај себе: Ј.Ронић, Прилози за историју Срба у Угарској у XVI, XVII и XVIII веку. Прва књига. Књ. Матица српске,1909 |
Makedon |
quote: Originally posted by Vasilije
Сега се фати во стапица.Најди моја изјава дека сум Тоска-Влав и цитирај ја овде.Тебе те фативме како фалсификуваш извори, се сеќаваш?
Еве кажи од каде ти е оваа книга и каква боја на корици има, бидејќи ја имам покрај себе: Ј.Ронић, Прилози за историју Срба у Угарској у XVI, XVII и XVIII веку. Прва књига. Књ. Матица српске,1909
hahahahahhaha odi ubij se[:D]
Ti mi ja pozajmi knigata, od tamu ja imam[:D] A za ona toska-vlav, samiot pisa deka si vlav, od mesto mesano so vlaso-toski (jas smetam deka toe e Krusevo ili nekoe selo pod Pelister), ne se sekavas na serbiancafe. Sega ke prebaruvam na serbiancafe da go najdam tvojot post i tuka ke go postiram. Samo odamna bese, ima 2-3 meseca pominato, pa tesko i sporo ke mi ide.
Inaku, sosema dobro znaes deka nisto ne e FALSIFIKUVANO od ona sto go pisuvam i deka se e korektno. Ama kako si so nekoja psihoza, toa antimakedonizmot ti go svrte celosno umot. [:D] |
dejan |
Ovoj Vasilije e smesen premnogu lol |
Vasilije |
Дејан,
Македон е болно момче на кое му треба интервенција.Прогласува туѓи текстови за свои, иде околу, СПАМува форуми, фалсификува извори.............со еден збор типичен профил на човек кој верува во смешната историја направена во печалбарски глави.............. |
dejan |
Ne e bolen, zhiv i zdrav mi izgleduva lol
barem kazuva nesto logicno. |
Vasilije |
Дејан,
Види како "Македон" фалсификува документи.
http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?TOPIC_ID=13135&whichpage=2 |
Makedon |
quote: Originally posted by Vasilije
Дејан,
Види како "Македон" фалсификува документи.
http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?TOPIC_ID=13135&whichpage=2
Nesto ne si mi aren Vasilije. Imas moj odgovor na psotot tvoj. I samite srbi pisuvaat deka Makedonija ja narekuvale Romanija srbite. I samite pokazuvaat povelbi i od Dusan i od Krale Marko, Volkasin i Uglesa deka za niv Makedoncite bile Romaneh. Nekako mnogu nelogicno mi deluvas, mnogu si konfuzen. Sto e problemot so tebe?
Sedi mi so zdravje, oti gledam deka ti e potrebno. |
Vasilije |
Не знаеш што зборуваш.Сепак од нас двајцата, јас сум историчар, а ти пишувај си на некакви блогови што сакаш.На линкот кој го поставив јасно се гледа како менуваш цели реченици, при што поставив скенови од списанијата кои ти ги "цитираше".
За време на српската држава во регионот кој денес се нарекува Географска Македонија нема ниту еден спомен за народ "Македонци" или "македонски јазик", иако главни центри се Скопје (нејзиниот главен град), Прилеп и Серес.Ниту еден.
Verbum sapienti sat est
|
Makedon |
quote: Originally posted by Vasilije
Не знаеш што зборуваш.Сепак од нас двајцата, јас сум историчар, а ти пишувај си на некакви блогови што сакаш.На линкот кој го поставив јасно се гледа како менуваш цели реченици, при што поставив скенови од списанијата кои ти ги "цитираше".
За време на српската држава во регионот кој денес се нарекува Географска Македонија нема ниту еден спомен за народ "Македонци" или "македонски јазик", иако главни центри се Скопје (нејзиниот главен град), Прилеп и Серес.Ниту еден.
Verbum sapienti sat est
Abe ti celosno se izgubi covek. Ne te obvinuvam tebe, ednostavno, nekoi luge ne gi sluzi pametot.
Ромејската (Византиската) Историја на Никифор Грегора (1295–1360) е еден од највалидните историски извори за историјата на Балканот од 14 век. Баш во времето на српската окупација на Македонија, Грегора престојува во Македонија и жителите македонски ги нарекува на повеќе места со национално име Македонци, а според него во тоа време македонски градови биле Пеилеп, Велес, Костур и Преспа (Idem. I, 48.Според и ВИИНЈ, VI, 157). За Охрид и Девол вели дека се утврдени македонски градови (Gregorae. I, 72-73; ГИБИ, XI, 132 ), а македонски град бил е Белград (денешен Берат) во источна Албанија (Gregorae 1,247; ГИБИ, XI, 143). Грегора вели дека Ромеи (Византијци) во Македонија живееле само источно од Солун (Gregorae 1,247; ГИБИ, XI, 143). Cтрумичаните, македонците се служат со варварски јазик (Соrrеѕроndаnсе de Nic#233;phore Gr#233;goras 33; ГИБИ, ХI, 150). За српските освојувања, Грегора пишува: „Македонија со своите градови е потчинета на владарот на Трибалите (Србите), и самиот Бер (Верија) набрзо стана негов...а самиот Солун не сакаше никому да се потчини, ни на Кантакузин (Византија), ни на владетелот на Трибалите“ (Gregorae II, стр. 795). Како што гледаме, средновековните Македонци не биле наклонети ни кон Византија, ни кон Србите.
Во 1502 г. излегува најстарата историја на словенските народи под турска окупација, „Historia Turcica“ од дубровчанецот Феликс Петанчиќ, минијатурист и управник на Будимскиот Скрипториум, а пред се’ дипломат на унгарскиот двор на Матија Корвин и Владислав Втори. Тој во втората половина на 15 век ја пропатувал европска Турција; поминал и низ Македонија, каде што наоѓа Мaкедонци и ги определува границите до каде живеат Македонците; за нас е интересно, што во Душановото Царство, Петанчиќ поданиците ги дели на Рашани (Срби) и Македонци, а Цар Душан го титулира како Цар на Рашаните и Македонците „Macedonum Rasianorum Caesar“ (Historia Turcica, Municipal Library in Nuremberg (pressmark Ms Solger 31.2В°). Греци не наоѓа во Македонија, а во српските истории од 19 век се вели дека Цар Душан бил Цар на Србите и Грците. Чудно, нели?
Првиот српско-црногорски печатар од почетокот на 16 век, Божидар Вуковиќ во сите свои книги се титулира дека е од Подгорица, во пределите македонски „грешни Божидар Вуковић, отачаством от Диоклитије јеже јест ва пределех мађедонских“ (Beograd, Arhiv Sanu, inv. br. 163, (Oktoih petoglasnik, Venecija, 1536, zavr#353;eno 27. jula 1537. g. - Pogovor na l. 158`. ZIN I 486, Beograd. Narodna biblioteka Srbije, I 7, (Prazni#269;ni minej, Venecija, 11. juna 1536 - 19. januara 1538. g.- Pogovor na l. 432 - 433`. ZIN I 494.). Но, не само Божидар Вуковиќ, туку и многу писатели од Босна, Херцеговина, Србија, Далмација, во периодот по душановото царство, своите земји ги сметаат за делови на Македонија.
Од кавадаречкиот првенец, г-н Васил Несторов, во 1916 г. бугарската окупациона армија одзела старопечатен "Тримесник", печатан во Шкодра-Скадар од некој г. Стефан, со следнава содржина: „ја свршив оваа Божја книга во лето Христово 1563, месец декември, на К.Д., во деловите на Македонија, во родниот град Скадар...“ (ЦВА, ф. 40. оп. II, а.е. 935, л. 57-58). |
Duhot na Vovata |
Дуло, смешно е до време. Не спами бе, мајку му, на никаде не оди ова. Само се шреме троши вака (не дека инаку не е трошено)... |
tane komita |
најчесто се дискутира некој што напишал за нас.
кои сме ние?
дали словените дошле во Македонија?...
кои биле и од каде потекнуваат, нивните корени?
сите ја знаеме историјата која сме ја читале и досега учеле?
зошто никој не прашува зошто некој ни ја украде историјата.
да, ни украдоа 900 години (од 300 година п.н.е до 6 век н.е.)
за тие 900 години народот се размножувал, раселувал и освојувал нови територии. после тие 900 години посакал да се врати на старите огишта од неговите претци. носталгијата е голема. иако не знаеле каде но како и секоја птица преселница се вратиле дома.
ако се ова е точно, тогаш во македонија се вратиле македонците само не по истиот(и ден денес кога излегувам, најчесто не се враќам дома по истиот пат).
е, ако е тоа така, тогаш на овие наши балкански простори некои народи нема да имаат своја историја затоа што се дојденци и тоа после распаѓањето на македонското царство(грци, срби, бугари и други).
во тоа е проблемот. ако некој народ нема свое минато (или неговото не му се допаѓа), мора да го измисли, историјата да ја прекрои или да ја украде од другиот.
дали имам докази:
да, доказите се на секаде; од Македонија, Александрија па се до Хималаите. не има на секаде но некој треба тоа да го истражува и докажува.
во последно време доста се зборува за Хунзите - тие самите тврдат дека се потомци од македонците од александар македонски. истите се истражувани иод германски и други научници кои ја испитувале белата (ариевска)раса во авганистан, пакистан и кина.
кои се амазонките кои живееле пред 400 години п.н.е кои потекнуваат од нашите простори.
историја, историја, историја... напишани лаги без факти.
реков, историјата ја пишуваат победниците и таа најчесто е нивна,
па како што се вели: после победата сите се генерали, сите сакале да заграбат што повеќе можат.
Македонија од секогаш се нарекувала Центар на светот. Само Македонија го има минералот што ниедна земја го нема. Геолозите тоа најдобро го знаат а за тоа зборуваше и Паскал Сотироски проф.од Сорбона.
јас ја почнав темата: „Дали словените дошле во Македонија или...“, очекувам размислувања на оваа тема...
|
varvarin-f |
novi dokazi:
Ethnic Statistic in Macedonia
1. Prof. G. Wiegland - Die Nationalen Bestrebungen der Balkansv#246;lker. Leipzig 1898, Germany
Total-2,275,000 ; Bulgarian-1,200,000 ; Greek-220,000 ; Turks-695,000 ; Albanian---
2. Official Turkish Statistic Ethnicity of Macedonia Philippopoli 1881, Turkey
Total-754,353 ; Bulgarian-500,554 ; Greek-22,892 ; Turks-185,535 Albanian---
3. Vassil Kantcheff - Macedonia Ethnicity and Statistic - 1900, Bulgaria
Total-2,268,224 ; Bulgarian-1,181,936 ; Greek-228,702 ; Turks-499,204 ; Albanian-128,711
4. Journal "Le Temps" Paris 1905, France
Total-2,782,000 ; Bulgarian-1,200,000 ; Greek-270,000 ; Turks-410,000 ; Albanian-600,000
5. Robert Pelletier - La verite sur la Bulgarie. Paris 1913, France
Total-1,437,000 ; Bulgarian-1,172,000 ; Greek-190,000 ; Turks---- ; Albanian-3,036
6. Leon Dominian - The frontiers of Language and Nationality in Europe. Published for the American Geographical Society of New York 1917, USA
Total-1,438,084 ; Bulgarian-1,172,136 ; Greek-190,047 ; Turks---- ; Albanian-12,006
7. Richard von Mach - Der Machtbereich des bulgarischen Exarchats in der T#252;rkei. Leipzig - Neuchatel, 1906, Germany
Total-1,334,827 ; Bulgarian-1,166,070 ; Greek-95,005 ; Turks---- ; Albanian-6,036
8. Dr. Cleanthes Nicolaides - Macedonien - Berlin 1899, Greece
Total-1,820,500 ; Bulgarian-454,700 ; Greek-656,300 ; Turks-576,600 ; Albanian----
9. Prinz Tcherkasky 1877, Russia
Total-1,771,220 ; Bulgarian-872,700 ; Greek-124,250 ; Turks-516,220 ; Albanian----
10. St. Verkovitch 1889, Serbia
Total-1,949,043 ; Bulgarian-1,317,131 ; Greek-222,740 ; Turks-240,264 ; Albanian-78,790
|
tane komita |
quote: Originally posted by varvarin-f
novi dokazi:
Ethnic Statistic in Macedonia
1. Prof. G. Wiegland - Die Nationalen Bestrebungen der Balkansv#246;lker. Leipzig 1898, Germany
Total-2,275,000 ; Bulgarian-1,200,000 ; Greek-220,000 ; Turks-695,000 ; Albanian---
2. Official Turkish Statistic Ethnicity of Macedonia Philippopoli 1881, Turkey
Total-754,353 ; Bulgarian-500,554 ; Greek-22,892 ; Turks-185,535 Albanian---
3. Vassil Kantcheff - Macedonia Ethnicity and Statistic - 1900, Bulgaria
Total-2,268,224 ; Bulgarian-1,181,936 ; Greek-228,702 ; Turks-499,204 ; Albanian-128,711
4. Journal "Le Temps" Paris 1905, France
Total-2,782,000 ; Bulgarian-1,200,000 ; Greek-270,000 ; Turks-410,000 ; Albanian-600,000
5. Robert Pelletier - La verite sur la Bulgarie. Paris 1913, France
Total-1,437,000 ; Bulgarian-1,172,000 ; Greek-190,000 ; Turks---- ; Albanian-3,036
6. Leon Dominian - The frontiers of Language and Nationality in Europe. Published for the American Geographical Society of New York 1917, USA
Total-1,438,084 ; Bulgarian-1,172,136 ; Greek-190,047 ; Turks---- ; Albanian-12,006
7. Richard von Mach - Der Machtbereich des bulgarischen Exarchats in der T#252;rkei. Leipzig - Neuchatel, 1906, Germany
Total-1,334,827 ; Bulgarian-1,166,070 ; Greek-95,005 ; Turks---- ; Albanian-6,036
8. Dr. Cleanthes Nicolaides - Macedonien - Berlin 1899, Greece
Total-1,820,500 ; Bulgarian-454,700 ; Greek-656,300 ; Turks-576,600 ; Albanian----
9. Prinz Tcherkasky 1877, Russia
Total-1,771,220 ; Bulgarian-872,700 ; Greek-124,250 ; Turks-516,220 ; Albanian----
10. St. Verkovitch 1889, Serbia
Total-1,949,043 ; Bulgarian-1,317,131 ; Greek-222,740 ; Turks-240,264 ; Albanian-78,790
дали од горенаведените издавачи има некој македонски научник или историчар. - спрема презимето нема никој.
пред ова реков дека други ја пишуваат историјата на македонија и што мислиш? - колку се реални и добронамерни???!!!!!!!!!
од нив најповеќе се срби и бугари...
нели е смешно да се верува во некои работи?????
|