dosta so "bugarskite" falsifikati
dosta so "bugarskite" falsifikati
Makedon Dosta so bugarskite falsifikati na makedonskata istorija. Za da gi razotkrieme koi se bugarite, a koi se Makedoncite, treba prvo da ja naucime lekcijata: Бугарите, што народ е тоа? Потеклото на бугарските племиња треба да се бара во монголските степи, како и кај сите турко-бугарски народи. Припаѓаат на турската народносна група Алтаи, а јазикот им е турко-алтајски. Бугарите од Азија постопено се движеле кон Европа, за да во 2 век н.е. се населат меѓу каспиското и црното море. За прв пат на Балканите, Бугарите се забележани во 502 г. кога ја харале Тракија [THE BULGARIANS, Extract from the book "Bulgaria Illustrated History", Bojidar Dimitrov, PhD., Author, Published by BORIANA Publishing House, Sofia,Bulgaria]. Околу јужното устие на Волга и ден денеска живеат неколку бугарски народа и тоа Болгари-Татари, Чуваши и АлМаринци. Балканските Бугари потекнуваат од Волга, од познатата волшка Бугарија, денешен Татарстан, а до 1919 г. нарекуван Болгаростан. Болгарите по националност се декларираат како Бугари-Татари [Boryngy..., 1963, 17-51], [Vorobev N.I., 1948, 80; Kozlova K.I., 1964, 20-21], [Boryngy..., 1963, 17-51], а имаат и свој посебен бугарски јазик, кој припаѓа на групата турки јазици [Kashgari Makhmud, 1960, 66-68; Kononov A.N., 1972, 14]*. Нема дилема, вистинските Бугари кои бугарската историја ги нарекува прото-Бугари, биле турски азијатомонголски народ, со свој турски јазик (History of the Bulgarian State, v. l, part 1, Sofia, 1938, pp. 332 337, by Prof. V. N. Zlatarski); официјалната бугарска историја тоа го потврдува, како и Бугарската Академија на Науките за која вистинските Бугари се турско племе со турски јазик (История на България. Т. II. С., 1981, с.60.). Турскиот антропологичен тип и турскиот јазик на Бугарите не се поставуваат под сомнение; постојат неоспорни докази за турскиот карактер на стариот бугарски јазик, кои можат да се најдат по написите на вистинските Бугари, како Именикот на бугарските владетели, по пишувањата од византиските извори, но и по бугарските камени натписи од средновековието кои се на турски јазик (стр. 23-33 от Studia protobulgarica mediaevalia europensia. В чест на професор Веселин Бешевлиев. Велико Търново, 1992). Бугарски војсководец Мострич од 9 век Материјалната култура на првото бугарско царство (до 971 г.) е чисто турска, со елеменит присутни во сите останати култури од турскиот каганат: дванаесетгодишен животински календар, култ кон Тангра, итн. (Б е ш е в л и е в, В. Първобългарите. Бит и култура. С., 1981; Р а ш е в, Р. Дунавска България и Централна Азия. - Втори международен конгрес по българистика. Доклади. Т.6. С., 1987, с. 205-210). Замислете, во турци Бугарите го вклучуваат и Цар Самоил! Бугарската современа историја тврди дека бугарите се словенизирале и така настанал современиот бугарски народ. Но, дали е тоа така? Историјата вели дека немало мешање на правите Бугари (турки) со Антите (Словените) од Бугарија, освен со Антите од Добруџа, за што постојат многу докази како заеднички фолклор, посебни народни песни, ора, игри. Всушност, само во Добруџа и источна Тракија покрај црноморието се населиле правите Бугари (турки). По отоманската окупација на Бугарија во 14 век, правите Бугари поради културната, етничката и јазичната сличноста со турците селџуци, масовно преминуваат во ислам и целосно се претопуваат во Турци. Така, денешните милион турци во Бугарија и оние уште толку насилно преселени "Турци" од Бугарија во Турција за времето на Тодор Живков, се оригиналните Бугари, наследниците на Хан Аспарух. Но, дел од вистинските Бугари (турки) не се исламизирал и денеска уште ги носат своите турски карактеристики- тоа се Гагаузите. Името Гагауз доаѓа од изворните бугарски (турки) зборови гаг-гуг што значи никако; имено, кога мнозинството вистински Бугари (турки) преминувале во 14 век во верата на своите побројни и посилни турки браќа, Селџуците, имало Бугари кои се опирале на исламизацијата со зборовите НИКАКО, па тој збор Гаг-Гуг станал синоним за вистинските Бугари кои останале доследни на христијанството. Зборот Узи, значи Бугар и така постојат денеска Гага-Узи т.е. Гага-Бугари, Бугари кои си ја задржале својата христијанска религија (Bakhshi Iman, "DJAGFAR TARIHI" (THE ANNALS OF DJAGFAR), Volume 3, KUL GALI, HON KITABY (BOOK OF HUNS), 28/29). Така, Бугарите од Узбекистан себе се нарекуваат Узбеки, што значи "да си Бугарин". Гагаузите се туркомонголски народ, припадници на жолтата раса, со изразити монголски особини. Јазикот кој го говорат припаѓа на турки јазиците, а го нарекуваат туркче или гагаузче (Регионални и етнокултурни български общности зад граница, "Аспекти на етно-културната ситуация", Изд. Асоциация АКСЕС - София, София 2000, стр. 117-176). Гагаускиот јазик е јазикот на вистинските Бугари, оние на Хан Аспарух кој ги донел во денешна Добруџа. Гагаузите потекнуваат од Добруџа, Варна и источна Тракија, токму онаму кај што се населиле правите Бугари, турките. Денеска, историчарите од од Бугарија, за да ја одбранат својата хипотеза дека се мешавина на Буагри и Словени, одат дотаму дека Гагаузите се остатоци на Куманите и Печенезите, но во местата на Гагаузите од устието на Дунав до Русе, па на југ се до Бургас тоа се териториите каде што се населиле Бугарите. Ако се погледне етнографската карта на тој дел од Бугарија, тнр. права Бугарија од 1861 г., целата спомната област е чисто турска, населена исклучиво со православни и исламизирани туркобугари (Георги Радуле КОЙ ФАЛШИФИЦИРА ИСТОРИЯТА?). Културата на Гагаузите е иста со онаа на добруџанските славенофони Бугари, така што можеме да речеме дека мешање на Бугари и Анти (Словени) имало само во Добруџа. Танците и народните песни, како и целиот фолклор на Гагаузите се идентични со Бугарите од Добруџа (Коларова 1998, објавено во Регионални и етнокултурни български общности зад граница, "Аспекти на етно-културната ситуация", Изд. Асоциация АКСЕС - София, София 2000, стр. 117-176). Таткото на нацијата: Хан Аспарух, представен од Бугарите како монгол Гагаузите т.е. Бугарите, како сите христијани во Отоманската Империја биле изложени на притисоци за исламизација од нивните отомански браќа, па многу од Гагаузите заедно со словенофонски браќа Бугари од Добруџа, по руско-турските војни од 18 век, се селат во Бесарабија, денешна Украина и Молдавија- руски територии до 1918 г., а подоцна советски. Интересно е што Гагаузите се сметаат за чисти Бугари т.е. прави. Иселените Гагаузи во руската империја до крајот на 19 век, секогаш од страна на официјална Русија се опишувани како Бугари по народност (Скальковский 1836-1838; 1848, Бугньон 1853: 198, Свиньин 1867: 175, Могилянский 1913: 85). Русите, за прв пат ги разграничуваат словенофоните Бугари од Добруџа (мешавина ан турките Бугари и Антите) и Гагаузите во средината на 19 век (Кепен 1850: 196; 1852: 40; 1861: 62, Каранастас-Радова 2001: 23). Во тој период, царска Русија се стреми да создаде руска марионета, вештачка држава Бугарија и нова словенска нација Бугари, од различните словенски племиња кои живееја на територијата на денешна Бугарија. За таа цел, Русите мораа да ги тргнат вистинските Бугари, да им го замрат името, па затоа ги нарекуваа Гагаузи, а вистинските Бугари во Болгаростан (руска колонија) почнаа да ги нарекуваат Татари и го променија името на нивната држава од Болгаростан во Татарстан. Едноставно, мораше да се скрие вистината дека вистинските Бугари се турки народ, азијатомонголски. Сепак, Гагаузите и во 20 век се декларирале по руските пописи како Бугари (Державин 1937: 87), односно како преселници од Бугарија во Русија, со своето вистински национално име (Державин 1914: 13). Гагаузите како најблиски на себе ги сметаат Турците и бесарабските-добруџанските словенофони Бугари (мешани Анто(словени)-Бугари (турки)) и најчесто се среќаваат бракови меѓу нив добруџанските словенофони Бугари (Регионални и етнокултурни български общности зад граница, "Аспекти на етно-културната ситуация", Изд. Асоциация АКСЕС - София, София 2000, стр. 117-176). Имаме историски податок од 13 век од англискиот професор на оксфордиот универзитет др. Роџер Бакон (1211-1294), со највисока универзитетска титула Доктот Мирабилис, дека бугарите од денешна Бугарија говореле турски јазик. Но тој факт тој не го пренесол од некој друг извор, туку во 13 век лично ја посетил денешна Бугарија - Мала Болгарија (меѓу Стара Планина и Дунав) и вистинска азијатска Бугарија (Голема Бугарија), па во своето дело „Опус Мајус“ 1268 г. вели: „Мала Бугарија е во Европа и таму тие (бугарите) го говорат јазикот на болгарите кои живеат во Голема Болгарија, која е во Азија ("Kazan. The Enchanted Capital" (Flint River Press Ltd, London, 1995). знаме на Татарстан знаме на Бугарија Сите историски извори тврдат дека Бугарите и Антите (бугарските словени), а особено Бугарите и Македонците биле непријатели. Во егејска Македонија, во градот Филипи, пронајден е запис на туркобугарскиот хан Пресијан од 837 г. кој гласи: „Пресијан од Бога владетел на многу болгари, го испрати кавханот Исбул после давањето на војска нему и на боилот Коловур ПРОТИВ СМОЛЈАНИТЕ ШДержавин, Н.С. История на България. Том І, с.213, цитат по Георги Радуле КОЙ ФАЛШИФИЦИРА ИСТОРИЯТА?Ќ. Во денешно време, бугарските историчари намерно зборчето „против“ го фалсификуваат и го преименуваат во „кај„, со цел да се пропагира кај пиринските Македонци кои носат смолјански корен, дека се Бугари. На друг средновековен бугарски споменик, напишан на варовна плоча од 9от век од страна на турско-татарските бугари кои говореле турски јазик, стои: Хан Омуртаг ја поведе својата војска против словените ...да ги уништи словените и да не можат да се оправат се додека постои сонцето и тече реката Тича ("Първобългарски надписи", Веселин Бешевлиев, София, 1979 г., БАН). Како што гледаме, Бугарите никогаш не се словенизирале, туку и денеска опстојуваат и го задржале својот турки јазик и својата туркобугарска изворна култура. По овие историски сведоштва, како е возможно да се тврди дека Бугарите се словенизирале? Бугарите биле поробители на бугарските словени, а обете едноса биле премногу различни, како расно, така и културолошки и лингвално. Со ова испаѓаат ступидни тврдењата на бугарската историографија дека Св. Кирил и Методиј биле Бугари, создале бугарска азбука и јазик. Едноставно тоа не е возможно, оти во 855 г. кога светите словенски апостоли ја создадоа словенската азбука, Бугарите се турки народ кој говорел свој турски јазик, а официјален јазик им бил грчкиот. Дури 40 години подоцна, Бугарите го воведуваат како официјален словенскиот јазик, бидејки најбројна поробена етничка група во нивното царство биле Словените. Словенскиот јазик, како и грчкиот кој претходно бил официјален во државата, е туѓ јазик за Бугарите. Нивниот јазик не го смениле, уште е жив и се зборува од нивните наследници- ГагаУзите. Па да биле Бугари Св. Кирил и Методиј ќе говореа турски, ќе создадоа турска азбука, а не словенска. Да беа Македонците Бугари, ќе бевме турки народ и ќе си зборевме туркча јазик како Гага-Узите т..е Гага-Бугарите во Бугарија и Молдавија. Инаку, дискутабилно е дали е вистинско тврдењето на бугарската историографија дека на преславската конференција на туркобугариските болјари, словенскиот јазик е прогласен за службен. Прво словенско дело напишано во Бугарија е на Константин Преславски, моравски словен, кој од латинските свештеници е протеран, па спас бара во Бугарија, поточно Преслав и во исто време од Јоан Егзарх, кој бугарите ги нарекува „насилници словенски“. По прогласувањето на Симеон за бугарски цар 915 г., Константин Преславски и Јоан Егзарх изчезнуваат и воопшто нема словенско творење во Бугарија, ниту пак оставиле таму свои следбеници и ученици. Дури 4 века подоцна, во второто бугарско царство, во кое владееле романците т.е. власите, излегува 1273 г. првото словенско дело во Бугарија- „Трновско Евангелие“. Значи, говорењето на создавање некаква си бугаро-словенска нација е само говорење, празни зборови, оти историските извори такво нешто не познаваат. Доколку се создала нација т.е. народ на бугарските Анти (т.н.р. бугарски словени) со туркобугарите (правите Бугари) и овие последните биле словенизирани, ќе имавме словенска книжнина на територијата на права Бугарија, меѓу Стара Планина и Дунав, но немаме ниту едно дело од некој локален Бугарин во тоа време! Евлија Челеби кој ја посетил североисточна Бугарија во 1651 г., територијата населена во 6 век со туркоБугари, вели дека е посебна област- (Гага) Узка Милет и вели дека таму луѓето носат татарска носија и се од татарско потекло; протоБугарите се Узи. Челебија, цела Добруџа ја представува како населена со турко-татарски народ, или мешавина од словено-татари. За Силистра вели дека е град на Татари, а за потсетување Силистра е центарот на средновековната бугарска црква. Освен Татари, Челеби вели дека во Добруџа има и Читаци- мешавина на Татари (прави Бугари, Челеби ги нарекува така поради правите Бугари од Болгаростан-Татарстан), Словени, Власи и Молдавци. Жените биле заблудени, но христијани, а ја населувале целата област на Добрич. Понатаму зборува за Делиорманци, исламизирани прави Бугари, кои не биле Османци, иако И тие како И останатите жители на Узка-Милет говореле турки јазик, различен од турскиот (османскиот) (“ЗА ГАГАУЗИТЕ” А. И. Манов., Музејна Библиотека, Варна). Топонимите во североисточна Бугарија, исто така се чисто Турски како: с. Узлар, (уз-лар = узите), Хорозлар, Азаплар, Герзалар, Сонгулар, Сиахлар, Каспичан (едно од бугарските племиња), Кочулар, Дураклар, Гейкчилер, Болгарево, Бургас итн. Бугарската официјална историја ги признава Гагаузите за најстари Бугари, дел од бугарската нација, но и туркобугарите од Бугаростан,Чувашија, руските степи итн. (Брошурка “БЪЛГАРИТЕ ИЗВЪН РЕПУБЛИКА БЪЛГАРИЯ’’Пламен Павлов, председател на Агенцията за българите в чужбина (август 1998 - март 2002 г., објавено од ВМРО Русе)). Еве неколку примери од јазикот на вистинските Бугари, Гага-Узите: GAGAUZ T#220;RKLER#304; (G#214;KO#286;UZLAR) Ortodoks ayinler, Verimli topraklar#305;n sundu#287;u #351;arap, dilde,k#252;lt#252;rde ve geleneklerde ya#351;ayan g#246;rkemli ge#231;mi#351;. Anadolu O#287;uzlar#305;n#305;n hristiyan akrabalar#305;.. Gagauzlar'#305; T#252;rk tutan en #246;nemli unsurlar, * #304;nat derecesindeki T#252;rkl#252;k bilinci * T#252;rk dilinde yap#305;lan ortodoks ayinler Gagauzlar, 1000 y#305;ll#305;k ayr#305;l#305;#287;#305;n ard#305;ndan,T#252;rk d#252;nyas#305; ile bulu#351;uyor... Гагаузкиот јазик спаѓа во истат група јазици како и чувашкиот (јазикот на Бугарите од Чувашија), татарстанскиот-болгарскиот (јазикот на Бугарите од Болгаростан-Татарстан), казачкиот јазик, турскиот, туркменистанскиот, узбескиот (Узбеките се бугарско племе), азербеџанскиот, киргискиот и јакут јазикот. Оригинално, гагаузкиот јазик бил пишуван со грчки букви, бидејки во бугарската држава на Балканот, која ја основа Хан Аспарух, како официјално писмо во средниот век го воведува грчкито. Дури во 20 век, Гага-Узите ја прифаќаат турско-латинската азбука и турското латинско писмо. Јазикот на волшките Бугари, денеска Болгаростанци-Татарстанци од Татарстан е исто така турки јазик, но се пишува на кирилица од 1939 г.. Овој јазик е многу сличен на Гагаузскиот, оти Бугарите на Балканот се дојдени од денешен Татарстан, така што јазикот на вистинските Бугари од Татарстан (Волга) и Гагаузите имаат ист корен. Пример за болгарски-татарча јазик: интервју со татарскиот Председател, извадок од неговата ВЕБ страница: http://www.tatar.ru/president/vopros.php?lang=TAT. Еве еден друг пример за татарча, јазикот на Бугарите од Татарстан со латинска азбука:“Dungiz!!! Bashta Tatarcha soylesherge oyren. Annari Australia turinda uylarsin. Monda sinnen bashka da mankortlar kup. Hormet belen, Koala efende Ayuyev (The Tatar Gazzete, Editors Note, N 3-4, 18.04.2000). Минтимер Шаимиев, претседател на Татарстан Чувашите се Бугари од Република Чувашија и имаат исто потекло како и Бугарите од Болгаростан-Татарстан, Гагаузите (балканските Бугари) и Чувашија; и јазикот им е ист- туркобугарски. Самите Чуваши својата националност ја декларираат како бугарска. Се наметнува прашањето: "Ако вистинските бугари говорат турки јазик, чиј е јазикот што денеска го говорат балканските Бугари?" . Не е можно само Бугарите од Чувашија и Болгаростан-Татарстан да се турки народ, со турки јазик, а балканските "Бугари", кои се дојденци од Волга, од денешен Татарстан, да не се турки народ. Гагаузите ете говорат ист јазик со Болгаростанците-Татарите и Чувашите, вистинските Бугари, имаат исти турки традиции и култура, па со сигурност може да се тврди дека тие се вистинските наследници на Бугарите на Хан Аспарух. И сега, кога некој Бугарин зајдливо ќе ми рече Македонците се Бугари, јас му одговарам: дали си сигурен дека си ти Бугарин? Дали говориш гагаузка-туркче јазик, дали си азијат? После ова, бидете сигурни дека ќе го замолчите и најголемиот "Бугарин".