Etnogenezata na sovremenite Makedonci |
Makedon |
Прво да објаснам, дека Македонец не е географски поим, туку национален. Државите го добиваат името по народот кој ги населува, па така Македонија во етногеографските граници од 1913 г. зафаќа територија не само на античка Македонија, туку и на јужна Дарданија, источен Илирик, цела Пеонија, западна Тракија и дел од Епир т.е. сета онаа територија каде живее македонскиот народ. Значи, територијата Македонија го добила своето име по народот македонски. Македонскиот народ почнува многу рано да се оформува, уште во 7 век, кога настанува словенизирање на Македонија и мешање на античкото македонско население со новодојденците Словени во еден нов етнос. Македонските Словени уште при доаѓањето на Балканите се посебни племиња, различни од Србите и Антите (тнр. бугарски Словени), за што сведочат и многу историски извори. Некои шовинистички Срби велат дека македонските Словени биле Срби, што е една голема лага, бидејќи историските извори велат до каде се населиле Србите- територијата западно од Морава; Бугарите пак сите до еден денеска велат Македонските Словени и бугарските Словени Анти биле исти и затоа сме биле ние Македонците Бугари. Ама ете, забораваат денешниве Бугари дека тие се Анти и Северјани, источни Словени, дојдени од степите на Русија, а Македонците се Склавени. Словенските народи се делат во повеќе национални групи и тоа: Склавени, Анти и Венети. Сите тие имале сличен јазик, но биле различни етникуми.
Во денешна Бугарија се имаат населенo Анти, а во Македонија Словени. Од кога Антите го прифатиле словенското т.е. македонското писмо, јазик и култура во доцното средновековие , после 11 век и тие почнале да ги нарекуваат Словени, но дури во 11 век. Jordanes (Getica 119) разликува три словенски рода ('gentes'): Венети, Анти и Словени. Англосаксонската историографија ја лоцира татковината на Словените меѓу Вистула и Дунав чиј делумен корен влечеме ние, современите Македонци, Антите потекнуваат од територијата меѓу Дон и Днестар, а од нив потекнуваат денешните Бугари, додека Венетите ги лоцира на Виста-Вистула (Oxford Dictionary of Byzantium (1991), vol.3, p.1916-1918). Славените се населиле на запад на Балканите, а источно од нив до Црноморито Антите тнр. бугарски „словени“ (ОБЩОНАРОДНОТО И РЕГИОНАЛНОТО В КУЛТУРНО-ИСТОРИЧЕСКО РАЗВИТИЕ НА ДУНАВСКАТА РАВНИНА * Димитрина Митова-Джонова, Издание на БАН, София, 1989). Византискиот хроничар, Прокопиј од Ќесара вели „овие две НАЦИИ, Словени и Анти живеат во демократија“ (Procopius of Caesarea : Wars VII 14.22). Значи, македонските Словени и бугарските Анти биле два различни народи. Воедно, Антите и Словените биле непријателски настроени едни кон други, дури меѓу нив избувнала и војна во која победиле Словените ("Христоматия по история на България", стр. 57). За да ја зајакне Византиската моќ, императорот Јустинијан ги вооружувал Словените против Антите (тнр. бугарски „словени“) кои во подолг временски период биле големи непријатели ( "История на българската държава през средните векове", том I, София, 1970 г. стр. 41). Од историска гледна точка, да се тврди дека Македонците и Бугарите се еден ист народ е чиста глупост и шпекулација. Споредбата меѓу Македонците и Бугарите е исто како да се споредуваат Полјаците со Русите, или пак Чесите со Русите или Украинците.
Со еден збор, тврдењата на бугарските пропагандисти дека Македонците се Бугари, е исто како да се тврди дека Словаците се Украинци или пак дека Полјаците се Руси!
Во средниот век, цела Македонија како што ја знаеме денеска, била поделена на самостојни кнежевства- Склавинии, а сите жители на Склавиниите се наречени македонски Словени, без разлика дали се тоа Словени или пак античкото македонско население. Од тогаш се зачнати корените на македонскиот народ и античките Македонци станаа Словени, а македонските Словени- Македонци. Новиот народ е создаден, кој се простира не само на географската област Македонија, ами и на географската област западна Тракија, цела Пеонија, јужна Дарданија (долна Мизија), Илирик, поради тоа што истородни словенски племиња ги населуваат сиве овие спомнати области, а во западна Тракија (денешна пиринска Македонија) имало и голема античкомакедонска колонија. Така, смешно е тврдењето на денешните бугарски историчари дека пиринските Македонци го носат името Македонци, само поради тоа што тоа потекнуваат од географската област Македонија; притоа, „забораваат“ или пак „не знаат“ дека пиринска Македонија е западна Тракија, па дека Македонец во пиринско означува етнос, а не географски поим, оти географскиот поим би бил Тракиец. Имено, реката Струма (Стримион) е границата на Македонија со Тракија, а пиринска Македонија се простира од р. Струма до р. Места. Уште поступидно е пак некој да тврди, дека вардарските Македонци не се етнички Македонци, туку географски, кога се знае дека најголем дел на денешна вардарска Македонија е географската област Пеонија, дел од долна Мизија (Дарданија) и источен Илирик, но се нарекува Македониј по народот македонски кој живее и во Пеонија, и во делот на долна Мизија (Дарданија) и во источен Илирик. Првата средновековна македонска држава Македонците создаваат и своја држава во 7 век, наречена Склавинија, која ги обединувала сите македонски Склавинии. Тоа била прва словенска држава, која ги зафаќала само македонските Склавинии, чии граници се совпаѓале со границите на етногеографска Македонија до 1913 г. Тогаш, забележани се и двајца Македонски кралеви, Хатсон и Пребонт, кои од византиските историчари се титулирани како „рекс“ (крал). Ова е доказ за самобитноста на македонскиот народ, кој имал државотворност уште во 7 век, кога е создадена и бугарската средновековна држава на туркобугарите, 7 антски племиња и северјаните. Значи, Македонците никако не можат да бидат Бугари, а уште помалку Срби, оти Македонците со Србите за прв пат стапуваат во контакт во 13 век.
Велат, античките Македонци изумреле, демек испариле од лицето на земјата, но затоа пак Елините, ние кои така лаички си ги велиме Грци, не изумреле, туку ете опстанале и се’ уште живеат во Грција- Хелас. Еми, ако античките Македонци изумреле, тогаш треба да се изумрени и античките Елини, оти целта територија на Елада (Грција) била словенизирана во 7 век, онолку колку што била словенизирана и Македонија. Плус тоа, во 7 век не постоеле Елини, туку Ромеи (Римјани, лат. Греци, мак. Грци или Византијци) кои говореле елински . Ромеите биле од мешано етничко потекло, најмногу робовско, чии претци биле главно робови на античките Елини, пред се Етиопјани, Еѓипјани и Траки, нешто од преостанато античко елинско население, ерменци, грузијци итн. Затоа, ако се гледаат слики со ликови на средновековните Грци- Ромеи, ќе се забележи дека тие се главно мулати. Со словенизирањето на денешна Елада (Грција), а подоцна и со колонизирањето на Албанци во Грција, по 1829 г. се формира новата елинска-грчка нација, сочинета од сиве погоре спомнати етникума, Ромеи (Етиопјани, Траки, Елини, Еѓипјани, Ерменци, Грузијци), Власи, Албанци и Словени. По 1918 г., современите Грци во егејска Македонија доселуваат Карамани- православни Турци, кои ја збогатуваат грчката нација, а тие Карамани ги заземаат имотите на протераните егејски Македонци. Денеска, тие ортодоксни Турци, Караманите, се најголемите „македонци“ кои по цел свет вреват дека Македонија е 4000 г. грчка земја, а Македонците се Грци, Грците се тие, Турците Карамани, придојденците. Парадоксот е уште поголем, што ваквата салата наречена елински народ го негира постоењето на македонскиот народ, кој пак е многу покомпактен.
Понатаму, Бугарите пропагираат дека во 9 век, кога туркобугарите ја завладуваат северна и централна Македонија, и тие, турските Бугари се смешале со Македонците и ете сме станале Бугари, односно македонски Бугари. Секако, тоа е далеку од вистината. Македонците и вистинските туркоидни Бугари биле големи непријатели, за што сведочат и самите средновековни записи на Бугарите. Кога пишуваат историја, некако Бугарите се многу заборавени, па „забораваат“ дека Македонија е центарот на словенската култура и писменост и дека многу средновековни дела се поврзани со Македонија и настанати тука. Така, нема апсолутно никаде спомнато Бугари во Македонија по македонската средновековна книжнина. Црноризец Храбар, пишувачите на Житијата за Св. Климент, Св. Кирил, Св. Методиј, Св. Наум, итн. пишуваат исклучиво дека во Македонија живеат Славјани и никој друг. Уште повеќе, средновековните Македонци не само што не се сметале за Бугари и не споменуваат Бугари, туку се зборува дека имале автономна црковна организација, со свој словенски епископ и тоа за време на последниот бугарски цар Петар. Од последните години на бугарското владеење на Македонија во 10 век, зачувани се македонски записи, каде никаде не се спомнуваат Бугари во Македонија, или пак некаков си бугарски јазик. Потоа, доаѓа времето на Цар Самоил, а по него повторната византиска окупација на Македонија, па Македонците не можеле да станат никако Бугари! Бугарите во средновековието биле турки народ, со свој турски јазик. Па сега кога ќе прочитам бугарска историја, дека Светите Кирил, Методиј, Сава, Ангелариј, Климент, Наум итн. биле Бугари, исто е како да читам научна фантастика. Па тие не биле турки, не пишувале турски, не носеле шалвари и немале избричени глави со опашки како Буагрите. да биле Бугари, Светите Кирил, Методиј, Сава, Ангелариј, Климент, Наум итн. би говореле и пишувале турски, а не славјански, би ја нарекле азбуката буагрска-турска, а не словенска, би говореле за бугарски народ во Македонија, а не за славјански. Да ги земеме и самите фрески на македонските светци по црквите, никој од нив нема избричена глава, со татарска опашка! |
Vasilije |
Toa e najgolemata tajna od site.Moite pretenzii se deka ja demistificirav.Ednostavno, i povoenite emigranti znaea deka se Bugari.Makedoncite, minus onie vo Severna Makedonija, sovrseno znaat deka se Bugari, iako postoi megjugeneracijski rascep pomnozen so eden "who cares?It's ancient, dusty stuff,man!" prisaten kaj mladite pa i del od srednovecnite.
Tektonskite poremetuvanja na sili i pregrupiranja i stavanjeto na Bugarija vo bespogovorna sluzba na Moskva bi go napravile bugarskiot iredentizam na Makedoncite eden vid neprijatelska dejnost na Zapad.
Makedonstvuvanjeto od umeren tip, koe bese podrzano i od sluzbite na SFRJ, im obezbeduvase distanca od Srbija i zacuvuvanje na lokalna samosvest megju emigrantite.Istovremeno davase legitimnost na pretenziite kon podracja kade nema bugarsko mnozinstvo (Egej itn).Mozno e do 1960-70 da postoese mislenje deka SFRJ kje trae-ne znam,200 godini,pa so Makedonstvoto da se spasi sto moze da se spasi.Da ne se sozdade nekoj problem za rodninite doma ako otvoreno se bugarstvuva, da moze da se patuva doma,da se pratat pari nepreceno itn.
Ednostavno,Makedonizmot bese politkorekten kompromis.Mozno e pristignatata od denes od 1980-te povekje tehnicki obrazovanata emigracija, povekje "sovremena po mentalitet" generacija, vekje odbugarena da ima nekoj iskren makedonski nacionalizam,pa i da veruva vo nonsensite za "drzavno-etnicki kontinuitet od 2.500 godini".Mislam deka se raboti za mentalitet.Argumentot deka pred 1941 emigrantite se Bugari vo vreme koga i Srbija i Bugarija i Grcija se "staromodni balkansko-evropski kapitalisticki monarhii" a vo Amerika,na koja tie drzavi ne i se neprijateli, osven nekoj kulturoloski prezir kon juznoevropejcite,ne postoi specificen interes za Bugarite,vo vreme koga mozele vo celost da iskazat nesto sto dobro se nadovrzuva na se sto znaeme za lokalnata etnologija vo docniot 19 vek koga mnogumina od niv poteknuvaat, e isklucitelno jak argument. |
Makedon |
Македонскиот народ почнува да се оформува како посебен етникум уште во раното средновековие од два носечки столба: античкото домородно македонско население и од Словените, со нивна фузија во еден етнос.
Византискиот Император, Константин Порфиногенет вели: „цела Македонија и скоро цел Пелопонез се словенизирани“ (Ibid; p.86). Значи, денешните Хелени, можат да полагаат право на континуитет со античките Хелени како и денешниве Македонци со античките Македонци. Историските факти велат дека и цела Елада била словенизирана со исти словенски племиња како и македонските. Само во источен Хелас (денеска погрешно го нарекуваме Грција) останале џепови со автохтоно грчко-ромејско население (Macedonia and Greece - The Struggle to Define a New Balkan Nation, John Shea, McFarland and Company Inc., North Carolina, 1997; p.86 ). Не само Хелада, туку и Епир и Тесалија во 8от век биле целосно словенизирани (Strabonos Epithomatus 8 век, C. Muller, Geographi graeci minores, Paris 1882, p.574). Имаме запис дека само грците од Елада поради аварословенските напади, се иселиле од Хелада (Пелопонес) на блиските острови (On the Chronicle of Nonemvasia see Charanis, op. cit., pp. 147 ff.), а на нивно место се населуваат словени; баш тие, денешните „Хелени“ полагаат право на континуитет со античките Хелени, а нас Македонците на прават чисти Словени!
Елините од 6 век не биле прави Елини, туку мешавина на античките Елини со нивните робови, па затоа тие, започнувајќи од потпаѓањето на елинските државички под римска власт, па се до крајот на 19 век, својата националност ја нарекуваат „Ремеои“, што значи Римјани, а ние ги знаеме како Грци или Византијци. И денеска, тие луѓе ние ги нарекуваме Грци, односно Византијци-Римјани, но не и Елини. Во елинските државички, робовското население било бројно исто колку и слободното, елинското, а во некои преовладувале мнозински и робовите, со состојба Елини да бидат малцинство во својата држава. Робовите најчесто биле Траки, Етиопјани или други афрички народи (The Oxford History of the Classical World, Oxford University Press, 1986). Имаме податок од првиот век од нашата ера, каде Римјаните велат дека тогашните „Елини“, немале ништо елинско во нив, туку биле потомци на робовите на Елините, кои пак биле протерани или убиени, па преовладувало населението кое биле потомок на афричките и тракиските народи (Tiberius Claudius, Roman Emperor and historian, 10 BC - 54 AD, in I Claudius, by Robert Graves).
Нема апсолутно никаков усмен или пишан историски извор, дека античките Македонци мигрирале од Македонија или не дај боже пропаднале во земја, исчезнале. Напротив, нивната крв тече во современите Македонци, било тие тоа да го сакаат или не. Најдобар пример како да го обајсниме словенизирањето и опстојувањето на античките Македонци е, Романија. Тековнава историја не учи дека Словените неколку стотици години живееле зад Карпатите и зад Дунав, на територијата на денешна Романија; но, Романците- наследници на Даките не изумреле, туку уште се живи и живеат во Романија. Така и античките Македонци опстанале, па поради заедничката религија, а со тоа и култура на античкито домородно македонско население и словените, настанала фузирање во еден етникум. Цела Македонија во 7 век е поделена на Склавинии, во кои живеат како новодојденците Словени, така и античкото македонско население и сите заедно го носат името Македонски Склавени. Македонскиот народ се простира и на територијата на соседната Пеонија (северно од денешно Градско), најјужна Дарданија (некогашна долна Мизија), источен Илирик (западна Македонија) и западна Тракија до реката Места (пиринска Македонија), поради тоа што таа територија ја населиле истите „Македонски Словени“. Во западна Тракија, од античко време најбројни биле античките Македонци, кои во зенитот на античка Македонија ја владееле и цела Тракија, а Филип Втори Македонски го изградил градот Филипоп, денешен Пловдив. Целата територија каде што живее македонскиот народ, наречена е по народот кој ја населувал- Македонија. Луѓето што ја негираат македонската нација велат дека Македонците своето име го добиле по територијата што ја населуваат т.е. Македонија, што е фатално за нивната квазитеорија, бидејќи Македонците живеат не само во областите на античка Македонија, туку и во Пеонија, Илирик, Дарданија, Тракија. На тоа становиште е и бугарската историографија, која пиринските Македонци ги учи дека се нарекувале и се нарекуваат Македонци, само поради тоа што живеат на територијата на Македонија; но, пиринска Македонија се наоѓа на територија на некогашна Тракија, па паѓаат во вода негирањето на постоење македонски народ, оти тој дел на Тракија се нарече Македонија по македонците кои живеат таму.
Доказ за тоа е и Солун, градот кој беше најголемо византиско упориште, никогаш не освоен од словенските доселеници, но целосно словенизиран, каде сите негови жители збореле чисто словенски. Во најстарото „Житие на Св. Методиј“ од Анонимус од 9 век, целосно се пренесени зборовите на Михаил Трети (византиски император) упатени до Светите Браќа Солунски: „...вие сте Солуњани, а сите Солуњани чисто словенски зборуваат”. Околу Солун, целата територија на Македонија била поделана на територијални самоуправни книжевства тнр. Склавинии, предводени од Кнезови. Македонија е целата словенизирана, домороднито население го прифати јазикот на новодојдените Словени (Strabonos Epithomatus 8 век, C. Muller, Geographi graeci minores, Paris 1882, p.574 / Ibid; p.86)..Византијците, а најверојатно и сите жители на Склавиниите, вклучувајќи го и словенизираното античко македонско население, почнале да се нарекуваат со едно име- Словени. Сите византиските историски извори од 7 век, па натаму, во Македонија познаваат само една народност- македонски Словени; во нив спаѓаше и античкото македонско население. Новиот македонски етнос е формиран.
Македонските Словени се посебна словенска етничка група и се различни од тнр. бугарски Словени- Антите. Затоа, во почетокот како Словени се познати Македонските Словени, а откако и Србите, Хрватите, Антите (бугарските Словени) итн. го прифатија јазикот и писмото на македонските Словени, почнаа и нив да ги нарекуваат Словени. Еден од најстарите историски извори за македонските Словени е „Животот на Св. Димитрија Солунски“ од 6-от век, каде македонските племиња се прикажани како имаат свои кнежевства, потчинети на византискиот Император и своја локална самоуправа на чело со жупани „Evocatis ex tota provincia principibus (жупани) conventum habuit“; извор:Livius XLV. 29. Од истиот извор дознаваме и кои се најголемите словениски племиња „Sclavenorum gens numero infinito ex Dragobitas, Sagodatis, Belegeretis, Baenitis, Berzitis, reliquisque, quae primum uno ex ligno naves praeparare diciderant“ т.е. Драговити, Сагудати, Велегезити, Венити, Брсјаци... Доказ за посебноста на македонските Словени се нивните здружувања во држави меѓусебе, без да соработуваат или да се здружуваат со нивните соседи, Антите, тнр. бугарски Словени или пак Србите. Можеме да кажеме дека Македонците имале први своја држава, со оформен етникум, народ. Веќе во втората деценија 7от век, во Македонија имаме создавање на примитивна државна формација, составена од обединетите македонски склавинии, кои дури имале и свој крал (рекс) Хатсон на чело на државата (Mirac.,II ,p.1325-1333). За жал, Византијците го убиваат Хатсон и македонската држава без лидер пропаѓа. Педесет години подоцна, во 70те години од 7от век, македонските склавинии прават нов обид за обединување т.е. форирање на држава; овој пат, крал (рекс) на обединетите македонски склавении е Пребонд, но пак Византија го уништува Пребонда и Македонија потпаѓа под Византиска т.е. Ромејска власт (Извор: "Mirac., II, p.1325-1333. / “Mirac.,",II,p.4, Tougard, p.148-176). Во 9 век хрониката на Теофанес Конфесор спомнува посебна држава „Склавиниа“ во периодот 657-658 г. на просторот на етничка Македонија (Theophanes, Chronographia, edited by Carolus de Boor (Leipzig, 1883), I, стр. 347). Тогаш имаме постоење на посебна словенска држава на територијата на Македонија, но во 658 г. византискиот император Константин Втори ја уништува Склавинија и пак хрониката на Теофанес Конфесор потоа спомнува само склавинии, но не и држава Склавинија (Ibid., I, 486).
Македонскиот народ како „нацио мацедонум“ за прват е спомнат 1027 г. (9 г. по уништувањето на Самоиловата држава), во трите најважните средновековни документи од историјата на Бари: Annales Barenses, Lupi Protospatharii и Anonymi barensis chronicon. Во сите три документа, покрај македонскиот народ, за прв пат е спомнат во западната историографија и влашкиот народ, а целиот текст гласи: Anno 1027 “descendit in Italiam cum exercitu magno, i.e. Russorum, Guandalorum, Turcorum, Burgarorum, Vlachorum, Macedonum, aliarumque ut caperet Siciliam.'” (Annales Barenses, MGH SS, V, 53). Понатаму, спомнати се и грците (граеци), што јасно укажува дека средновековните автори од Бари на овие документи, не мислеле ниту на географски, ниту на жители од темата Македонија.
Во 12 век, Македонците биле познати како „македонското племе„ т.е. македонска Phatr’a, а византискиот државен функционер и историчар Nicetas Choniates известува дека во 1138 г. византискиот император Јован Втори ја поделил својата војска по етнички групи Phatr’aи, каде се забележани и македонски Phatr’ai (Nicetas Choniates 1 (стр. 29-30))л Во 1184 г. војниците кои ја бранеле Никеја, држеле состаноци по етнички групи phatr’ai (ibid., 284-5).
Уште еден историски извор, византскиот сатиричар Тимарион го опишува празникот Св. Димитрија, патронот на Солин: „тоа е голема Македонска прослава, на која не се собира само македонскиот народ, туку и луѓе од сите сорти и правци: Ромеи (Грци) од Елада, Мизијските (архаичен израз за бугарите) племиња (Vizantiiski Vremenik, Moscow VI 1953, str. 367). Во тоа време, Македонија била византиска тема Бугарија, права Бугарија била византиска тема Парастрион-Мизија, а тема Македонија била источна Тракија; авторот на текстот говори за етничките Македонците од Солун, оти територијални Македонци се наоѓаат во Тракија, темата Македонија. Обично во тоа време, официјалните византиски лица, своите поданици ги нарекувале територијално, по темата каде што живееле, па така вистинските Бугарите ги именуваа како Мизијци-Паристрионци, додека пак Македонците, Власите, и дел од Србите и Албанците ги именуваа како Бугари, а словенизираните Траки и сите останати од Тракија, како Македонци. Ова византиско именување на своите поданици по теми го користат Бугарите за да докажат дека денешните Македонци се Бугари, но забораваат да кажат дека права, денешна Бугарија не била тема Бугарија, ами Паристрион или Мизија, па по нивна логика денешните Бугари се Мизијци-Паристрионци (поддунавци), но не и Бугари. Во 14 век, од страна на српската средновековна држава, Македонија е наречена Романија, а Македонците политички се наречени Романи (Грци, Византијци), па дали тоа значи дека сме Грци? Самите Солунчани себеси се нарекувале Македонци, па Јован Каменијат, поет солунски во 904 г. при опсадата на Арабјаните на Солун, за својот роден град вели: „великиот и првиот град на Македонците“ (J.K. Begunov, Kozma Prezviter v slavjanskih literaturah, Sofia 1976, p. 297). Несомнено, во средновековието Солун бил „метрополис на Македонците„ (Ephraimi Chronologici caesares; Ed. J.P. Migne - PG 143 , Paris 1891, p.198), а „сите солунчани чисто словенски говореле“ (најстаро „Житие на Св. Методија„, Анонимус, 9 век).
Најголем од книжнината од Македонија е уништена за време на турските освојувања на Балканите, а дел и однесена од бугарски, српски, руски и грчки учени, пред се во 19 век. Така што имаме многу малку сочувана автентична книжнина од Македонија и оригинални извори.
За прв пат декларирање како Македонци по род е забележано е во записите на Охридската Архиепископија од 13 век, што не значи дека и порано немало декларирање македонска националност. Тука имаме и запис од Иван Иерекар од селото Власто (денска Велестово) „по род Македонец“ (J. Pitra, Analecta sacra et classica specilegio Solesmensi parta, t. VI Juris ecclesiastici graecorum selecta paralipomena). Parissis et Romae 1891, col. 315. Во 1891 г., католичкиот Cardinal J. Pitra објавил 155 документи од Охридската Архиепископија, кога била дел од Епирската држава, од времето на Архиепископот Demetrius Homatian (1216-1235), каде што Македонците се спомнати преку 50 пати и се забележува дека тогашните Македонци се изјаснувале по народност како Македонци „To de genos Elkon ek Makedonon“ (D. Angelov, Prinot KJM Narodostite i Pozemleni Otnoshenja vo Makedonija pp. 11-12 et. seq.; 43). Ангелов, како бугарски историчар ја застапува теоријата дека Македонците се нарекувале така по територијата која ја населувале, но како историчар тоа негово тврдење е ступидно. Во тоа време, Охрид припаѓал на Епирското Царство и логично би било тие територијално да се наречат Епирци, но во Епир, како што покажуваат историските извори во 13 век живееле Македонци и така се наречени . Порано, Охрид припаѓал на Илирик, не на Македонија, освен за време на Самолиловото Царство, а подоцна потпаѓа под византиска тема Бугарија; територијалните имиња на Македонците се Бугари, Епирјани, Илири.
Најмногу информации имаме за Македонците кои од турските зулуми бегале во најблиските христијански земји, пред се’ Австро-Унгарија. За време на карпошовото востание во Македонија, во 1669 г. заедно со австриската војска се повлекува голема група Македонци, од сите делови на Македонија во Австрија, каде што често биле напаѓани од австриските военополициски сили. За да ја подобрат својата состојба во Австрија, Македонците пошле при Леополд Први, Император Австриски, барајќи заштита за пребеганиот македонски народ; македонскиот народ го представувале двајца Македонци, Краида од Кожани и Поповиќ од Солун, кои и се декларирале официјално како Македонци, па Леополд Први на 26.04.1690 г. издава заштитна нота за македонскиот народ „gens Macedonica“ (Ј.Ронић, Прилози за историју Срба у Угарској у XVI, XVII и XVIII веку. Прва књига. Књ. Матица српске, бр. 25 и 26. Нови Сад 1908, стр. 52-53).
|
varvarin-f |
e takava prostoia ne beh vijdal[:D][:D] tova mom4e mai neshto e zabravilo 4e ve4e ima svoboden dostap do INTERNET i dr sredstva za masova informacia i takiva prikazki ve4e ne varvqt[:D] |
Makedon |
quote: Originally posted by varvarin-f
e takava prostoia ne beh vijdal[:D][:D] tova mom4e mai neshto e zabravilo 4e ve4e ima svoboden dostap do INTERNET i dr sredstva za masova informacia i takiva prikazki ve4e ne varvqt[:D]
Tochno deka sekoj ima pristap do internet. Zatoa i ima vakvi realni stranici, a ne rekla-kazala od tipot na Bozo Dimitrov, koj pisuva naucna beletristika, a ne istorija. Nikade toj covek ne koristi istoriski izvori, za podatocite koi gi kazuva. [:D][:D] |
varvarin-f |
vij kakvo pishe po sveta i ne govori gluposty ot vremeto na Tito:)
http://de.wikipedia.org/wiki/Liste_der_bulgarischen_Zaren |
Makedon |
quote: Originally posted by varvarin-f
vij kakvo pishe po sveta i ne govori gluposty ot vremeto na Tito:)
http://de.wikipedia.org/wiki/Liste_der_bulgarischen_Zaren
Abe glupav Tatarinu, wikipedia e slobodna enciklopedija i sekoj kako saka moze da ja redaktira[:D] Takva e bugarskata istorija, rekla kazala. A i name bugarska istorija oti Gagauzite- vistinskite Bugari se iseleni po Moldavija i Ukraina. Vo Bugarija nema Bugari, osven nekolkute iljadi gagauzi i turcite vo Bugarija- naslednicite na turkite na Han Asparuh[:D] |
varvarin-f |
Kogato se publikuvat vistynski fakti FIROM zapo4vat da obijdat:)VISTYNATA BOLI MAKEDON:))))) |
varvarin-f |
Во центарот на манипулацијата
Како идеолошките очила ја заматуваат свеста
12.12.2005
Наближувајќи се до своето полнолетство како независна и демократска држава, на Македонија и; претстои еден чекор на преиспитување, кој со самото тоа што ќе биде сериозен и парадигматичен тест за нашата свест, во голема мера ќе го решава и опстанокот на државата. Прашањето на етногенезата и самобитноста на македонската нација е точката која ќе го определува нашето колективно ниво на вистинољубивост, а вистинољубивоста, пак, како особина што ја дава основната сила на секој човечки, институционален и каков било ентитет, ќе ја определува и внатрешната сила на ентитетот што се вика Република Македонија
По козметичките и принудни демократски промени во Македонија, навистина селективно и со секакви можни пречки, но на површина почна да излегува големиот фалсификат за наводното македонско етничко чувство на луѓето кои самата поранешна југословенска Социјалистичка Република Македонија ги прогласи за духовен темел на своето суштествување. Станува збор за нашите преродбеници и револуционери: Јоаким Крчовски, Кирил Пејчинович, браќата Миладинови, Григор Прличев, Рајко Жинзифов, Јордан Хаџиконстантинов Џинот, Партениј Зографски, Марко Цепенков, Војдан Чернодрински, дедо Иљо Малешевски, Димитар Поп Георгиев Беровски, Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев, Јане Сандански, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Христо Узунов, Димо Хаџи Димов и недоброј други. Сите тие, вклучувајќи го во поголемиот дел од својот живот и Крсте Петков Мисирков, недвосмислено се чувствувале како Бугари и во своето дејствување секогаш барајќи разни модели се бореле да ја заштитат бугарштината во Македонија.
Во оваа насока се движи и ставот на познатиот хрватски историчар Иво Банац, соопштен во емисијата “Во центар” на Канал 5. Тој во интервјуто кое се емитуваше на 6 декември на новинарот Васко Ефтов му рече дека за суштествување на македонска нација може да се зборува од втората половина на 20 век, а зачетоци на македонска етноидентификација се појавуваат кај одредени интелектуалци во 20-тите и 30-тите на тоа столетие. Не само тоа, туку Банац јасно кажа оти словенските Македонци имаат доживеано две национални интеграции, а за првата тој рече: “Не е тајна дека македонските револуционери себеси се чувствуваа и се декларираа како Бугари”.
Со диплома и магистратура на Стенфорд универзитетот, со статус на сегашен професор на реномираниот Јел универзитет, Иво Банац и неговите ставови имаат тежина. Интересното за нас е тоа што Банац, не без причина претставен од Ефтов како “најголем познавач на балканската историја”, за етногенезата на македонската нација тврди нешто сосема спротивно од нашата официјална историографија.
Што е тука веста, шокот, темата и импулсот за новинарот? Кое е новото сознание? За делот од македонската јавност кој, барем во однос на историографските догми ја поддржува политичката, медиумската и (мултипартиски распоредената) разузнавачка власт, тоа е тврдењето на светскиот авторитет во историската наука Банац, дека оние што денес се чувствуваат како етнички Македонци имаат бугарски корени. Зошто тогаш новинарот Ефтов кој е претставител на догматската и наследена од југокомунизмот медиумска власт, јавно и машки не му се спротивстави на тврдењето на Банац, кое е спротивно на теоријата за самобитноста на македонската нација, застапувана само кај нас од 1944/1945 година досега? Знаејќи дека понатамошно задлабочување во темата за етногенезата не му одговара, Ефтов фиксирајќи се на позитивниот одговор од Банац, не; дефокусира од временски неповолното (за официјалниот југомакедонизам) ситуирање на македонската нација и од наведувањето на најзините бугарски корени. Притоа тој не го почитува основното новинарско правило, да го следи со потпрашања она што е ново и шокантно во тврдењата на соговорникот, иако претходно е неверојатно упорен во прашањата со кои бара потврден одговор од Банац за суштествување македонска нација. Во моментите на финалното прашање околу етногенезата дури му сугерира на Банац, белки тој ќе потврди дека етномакедонска свест се јавила пред 100 или 150 години. Со оваа волунтаристичка временска рамка, Ефтов не само што е на каршилак од Банац (и од светската историографија), туку е на каршилак и од дервишот на југомакедонизмот Блаже Ристовски кој во интервјуто за “Вечер” од 3 декември, зборува за “народ што со векови веќе го носи македонското име”. Зошто Ефтов или некој друг новинар, љубејќи ја вистината, не ги соочи спротивните мислења на овие два докажани авторитета, од кои едниот е докажан во светот, а другиот од Табановце до Гевгелија.
На едно ниво Ефтов го пренасочува вниманието, сакајќи да ја продолжи југомакедонистичката илузија, но на друго му центрира топка на “дервишот”, за овој да ја заврши валканата работа. Имено на почетокот на емисијата Ефтов ја пушта следната изјава на Ристовски: “Нашите револуционери водеа туѓа политика (мисли на почетокот на 20 век, з.н.), не од позиции на македонскиот национален идентитет, туку се декларираа како Бугари, Грци, Срби…”. Настрана бесрамната, психосоматска, релативизирачка еквидистанца за “Бугари, Грци, Срби” – нашите револуционери никогаш не се декларирале како Грци и Срби ами секогаш како Бугари – оваа изјава на Ристовски треба да ни импутира комплекс и чувство на вина за нешто што во светската историографија е чиста работа. Според Ристовски, Гоце Делчев, Даме Груев (иако перфидно не ги спомнува со име) и нивните соборци треба да бидат виновни што не настапувале од позиции на македонскиот национален идентитет во време кога, според Банац, таков идентитет немало.
Вакво обвинување на сметка на оние што си ги дале животите за слободата на Македонија, доаѓа од личност за која има тврдења дека во минатиот систем под шифрата “Фолклорист” доставувала информации до “поранешната” Служба за државна безбедност. Ова сведоштво пред повеќе од десетина години за списанието “Македонско Дело” го дал човек кој самиот со име и презиме тврдел дека бил пренесувач на информациите што “Фолклористот” ги доставувал до службата.
До какви подли размери достигнува манипулирањето со историските факти, сведочи и една од претходните емисии “Во центар” на новинарот и водител Васко Ефтов, емитувана на 22 ноември. Тогаш во интервјуто со Амфилохие Радовиќ, митрополит црногорско-приморски на Српската православна црква, Ефтов во еден момент со обвинувачки тон квалификува одредени тврдења дека одговараат на тезите на Ванчо Михајлов за Македонија како Швајцарија на Балканот, во која нема етнички Македонци ами делови на народи од соседните држави.
Ефтов верно ја пренесува тезата на Ванчо Михајлов, но кукавички избегнува да каже оти исти сфаќања за Македонија имале Гоце Делчев, Даме Груев, Ѓорче Петров, Христо Татарчев…, а не сме виделе сведоштва дека народот во нивно време имал проблеми со тие ставови. Некој може да претпостави оти Ефтов не знаел за идентичноста на етничкото чувство на Ванчо Михајлов и Гоце Делчев, но во емисијата со Амфилохие Радовиќ има една вметната изјава од Иво Банац, што значи дека интервјуто со хрватскиот историчар во тој момент било снимено и нашата новинарска ѕвезда веќе се соочила со непријатната вистина.
Каков новинар и каков човек е тој што свесно ја крие вистината и манипулира со неа? Каква е таа држава која силеџиски сака да им забрани на дел од своите граѓани да продолжат да се чувствуваат Бугари и како такви културно да се организираат, а притоа на својата територија има градови, населби, плоштади, улици и институции со имиња на луѓе од минатото на Македонија, кои исто се чувствувале Бугари и со своето делување ја негирале самобитноста на македонската нација. Логично е да се претпостави дека лицемерието во историографијата се пресликува и во политиката, економијата, стопанството… Може ли на сите внатрешни полиња (вклучувајќи ги и културата, естрадата, спортот, новинарството…) да се наметнува југословенска свест, а да се бара светот да не н# вика Поранешна Југословенска Република Македонија?
Не треба голем ум за да се сфати дека најголемиот дел од меѓуетничките и проблемите со соседните земји се базираат токму на фалсификатот за етногенезата на македонската нација. Дали инаетењето со вистината помага или одмага за опстанокот на македонската држава? Кога ќе одговориме чесно на ова прашање?[?][?][?][?] |
Makedon |
ajde....sega istorijata stana sto rekol Ivo Banjac[:D][:D] |
varvarin-f |
dokazi za FIROM lagi:
http://www.b-info.com/places/Macedonia/region/Miladinov/
http://knigite.abv.bg/nch/main.html |
varvarin-f |
dokazi za FIROM lagi:
http://www.geocities.com/mac_truth/firomski-falsh-miladinovi.html
http://www.geocities.com/mac_truth/macemigrants1.html |
Duhot na Vovata |
varvarin-f, takvite sliki se samu edna bezapelaciona ilustracija na svesta na imigrantite vo noviot svet pred 1944 godina. Koja zna da cita, da cita. Sekakvi "dokazi" i fantastiki na Makedon biva udreni vo zemja od tie faksimileta. Koj gi teral ovie luge vo edna svobodna zemja da se oglasat kako Bugari? Amerikanskata Vlada? Kanadskata? Ili mozebi "dolgata raka" na Bugarskata "propaganda"? Smesno... Potomcite na ovie patrioti i dosega pamtat deka nivnite tatkovci i deovci se bile Bugari... Nekoj zboruvase ovde da prasame "starite luge". Pa eve, bez nikoj da gi prasa tie sami odgovarat od ovie sliki :). |
ZooGraf |
A pak sto e so imigrantite posle 1944? Ili begalcite od Egejska Makedonija raseleni po svetot?
Koj gi teral ovie luge vo edna slobodna zemja da se oglasat kako Makedonci? Amerikanskata Vlada? Kanadskata? Ili mozebi "dolgata raka" na Makedonskata "propaganda"? |
Satanico Pandemonium |
quote: Originally posted by Duhot na Vovata
varvarin-f, takvite sliki se samu edna bezapelaciona ilustracija na svesta na imigrantite vo noviot svet pred 1944 godina. Koja zna da cita, da cita. Sekakvi "dokazi" i fantastiki na Makedon biva udreni vo zemja od tie faksimileta. Koj gi teral ovie luge vo edna svobodna zemja da se oglasat kako Bugari? Amerikanskata Vlada? Kanadskata? Ili mozebi "dolgata raka" na Bugarskata "propaganda"? Smesno... Potomcite na ovie patrioti i dosega pamtat deka nivnite tatkovci i deovci se bile Bugari... Nekoj zboruvase ovde da prasame "starite luge". Pa eve, bez nikoj da gi prasa tie sami odgovarat od ovie sliki :).
Jas pak znam dosta lugje a znaev poveke (nekoj se umreni) od Makedonija sto emigrirale pred vojnata pa se cuvstvuvaa i zjasnuvaa nacionalno Makedonci. Sigurno, vo kvotata na Amerikanskata vlada nemozea da vlezat kako Makedonci , takva grafa se do 1991 godina (koga se gleda statistika na naturalizacija) ne postoese posto takva zemja Makedonija nemase. Za nekogo nepostoenjeto na Makedonija i nejzinoto nespomnuvanje znaci deka takov narod ne postoel. Poznat ni e vasiot stav. |
Vasilije |
Vovata,
Kako da se objasni apsurdniot fakt deka prviot bran na povoena emigracija na Zapad se deklarira za tret narod vo odnos na Bugarite i Srbite, sprotistaven i so baranje za reunifikacija i demarkacija?Vsusnost, logicno bi bilo toj bran da bide sostaven od poogorceni od tiranija lugje i pofanaticni vo svojot bugarski patriotizam... |
ZooGraf |
Ima tuka uste edna rabota. Kolkav e procent na imigrantite posle 1944 od Vardarska ili Egejska Makedonija koji dosle na Zapad koi dosle kako Makedonci a se preobratile vo Bugari?
So ogled na toa deka ne bile represirani so srbo-tito-komunisticka propaganda, a prethodnite organizaciji ala MPO bile probugarski, bi se ocekuval procent barem 50%, da?
Neli tuka vo demokratskite opstestva bile sooceni so "vistinata"? Ili pak bile tolku brainwashed da go zaboravile 12 vekovnata bugarska svest? |
ZooGraf |
Hm, ako e tako kako sto velis, togas imigrantite od Vardarska Makedonija pomegju dvete svetski vojni ke se velea Srbi, za da ne pravat problemi za rodninite doma. Kolku sto jas se sekjavam, mnozinstvoto od Hrvatskite imigranti, bea izrazito anti-jugoslovenski orientirani. Kako koj ke otidese vo pecalba vednas vleguvase vo nekoi organizaciji koj bea od blago nacionalisticki kon ultra-nacionalisticki.
I koga sme vekje kaj Hrvatite, poznato e deko vo Hrvatska imase dosta otpor protiv SFRJ, iako, glavnite komunisticki YU funkcioneri bea vsusnost Hrvati (Tito, Bakaric, site SIV premieri vo 1980s - M. Planinc, B. Mikulic, A. Markovic itn) - na primer gerilskiot pokret Krizari do 1950s, i golem broj teroristicki akciji - naprimer bombaskiot napad vo Belgadskoto kino i mnogu drugi. Da ne zboruvame za MASPOK 1970, kade bea pred otcepuvanje.
Sporedi toa so edna Makedonija, kade 2/3 od zandarmerijata na kralstvo SHS bese tamo, kade Bug-YU granica
bese najutvrdena granica vo Evropa, kade se slucija eden kup atentati i kako posledica razni reperkusiji.
A potoa sporedi so posle 1944. Kade se sporedlivi nastani vo SRM? Abe eden "Bugar" so kamce da mavnal nekoj JNA podporucnik? Nisto, Nothing, Nada, Nicivo, Zip, Zero. Pa dobro majku mu, zarem toa ne dava nekoja poraka, we are quite happy beeing Macedonians, thank you very much.
Ako celiot argument se sveduva na toa deka Bugarite stanale Makedonci zatoa sto bilo po zgodno, more convenient, po politkorektno, togas ne sme ni bile nekoji si Bugari to begin with.
|
Makedon |
quote: Originally posted by varvarin-f
dokazi za FIROM lagi:
http://www.b-info.com/places/Macedonia/region/Miladinov/
http://knigite.abv.bg/nch/main.html
Odgovorot ke go najdes tuka: http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?TOPIC_ID=14245
Ti citas li voopsto nesto? |
Makedon |
Vasilije e poluden vlav, koj veke pocna da preteruva.
Da bile Makedoncite Bugari, ke se velevme Bugari, a ne Makedonci.
Uste poveke, lugeto koi ja konstituiraa Makedonija i koi ja oslobodija makedonskata nacija od Bugarite, bea bas VMROvci, dejci na VMRO Obedineta kako Cento itn.
Najborbenite dejci za formiranje makedonska nacionalna drzava bea onie Makedonci od Bugarija, koi celo vreme bile podlozni na asimilacija i agresivna bugarizacija, no ostanale dosledni na svojata nacija. Makedonskata nacionalna svest, ne samo sto bila prisutna, tuku i mnogu silna, stom ostana i posle agresivnite sovinisticki propagandi na Srbija, Bugarija (preku Rusija) i Grcija koi traeja od pocetokot na 19 vek, a traat i deneska.
Makedonskiot nacionalen duh e silen i nikogas nema da iscezne. A ti , zaedno so tvoite sponzori, mozes da se slikas [:D] |
sirius |
Varvarin-f iskash da polemizirash bez da prochitash neshto novo , .. sega ke postiram eden citat za da vidish shto kazva vashata nauka...chitaj poleka za da gi razberesh dumite...
ЗА МАКЕДОНСКАТА ИДЕНТИЧНОСТ И АВТЕНТИЧНОСТ
Пишува: д-р Стефан Влахов Мицов* професор на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Софија
Македонскиот етнички супстрат нема како да се раздели или да се разложи. Многукратните обиди за негово асимилирање го имаат доведено до состојба на имплозија, при што туѓите елементи во него отпаѓаа во текот на тој процес. Оттука натаму тој национален супстрат ќе може само да се надополнува со, до неодамна, колебливите елементи од балканската македонска дијаспора.
Во денешната епоха на глобализација, многу научници и културтрегери ги зафаќа ужас пред перспективата за распаѓање на нациите. Стравот е оправдан, со оглед на тоа дека нацијата е политичка конструкција што - како и сите привремени нешта - подлежи на распаѓање. Во најголем степен тоа се однесува на раните нации, "врсници" на самиот термин нација (18 век). Тогаш пропагаторите на "националното", со жар и со жестина соодветна на онаа на религиозните фанатици, се обидоа да ги ликвидираат разликите меѓу етносите во границите на државата, со униформирање на јазикот и културата. И бидејќи во основата на нацијата лежат пропагандните закани, искушенијата и отвореното насилство, на кои им е нужна институционалната поддршка, осигурувањето на националната политичка конструкција е преземено од т.н. национална држава. Нејзините репресивни органи имале за цел да ги сотрат сепаратистичките движења во државните граници, а експанзијата кон надвор да приклучи нови маси кон "нацијата". Во политичка и во идеолошка смисла тоа е обработено на свој начин, со создавање на национални митологии и култови. Објективно гледано, како тенденција и насока, "националното" од 17 век е еднакво на "глобалното" од крајот на 20 век. Разликата е само во формата и во темпото. Затоа, актуелните апологети на "националното", кои се изживуваа како негови столбови, сега завиваат од мака или, пак, гледаат што побрзо да заземат место во колоните на глобализаторите. Кога едни илузии војуваат со други, сосема е логично отргнатите жители на националните политички черупки да побараат алтернатива. Во наше време бевме сведоци на тоа како "треснаа" советската и југословенската нација, изградени врз чисто идеолошки принципи. Процесот се продлабочува и ерозијата веќе ги зафаќа и другите национални политички черупки, кои неумесно "приватизирале" различни етнички состојки. Во таа смисла, на Балканот се најзагрозени Бугарите, а потоа Грците и Србите. Во Бугарија во минатиот век беа правени повеќекратни обиди за асимилирање на турското, циганското и на помачкото население, со менување на нивните имиња, носиите и обичаите... Кон жителите на Пиринска Македонија, која од 1913 година влезе во границите на Бугарија, имаше влијанија кои се менуваа: од признавање на нивниот македонски идентитет, до целосно отфрлање на нивните јазични и културни специфики. Неколкукратните воени експанзии на запад, југ и на север, ја осуетија можноста бугарската држава да си ги реши проблемите со нехомогеноста на нејзиното население во границите на нејзината територија. Резултат на тоа е што за да се разберат еден Шоп со еден Родоп или со некој од Делиорман (североисточна Бугарија) тие треба да користат толковен речник. Затоа не е ни малку чудно што, како реакција на глобализацискиот хаос, различни групи од бугарската нација сега ги откриваат вистинските корени и обележја, наоѓајки ги во минатото и на племенско и географско-регионално рамниште.
Откако Република Македонија ја објави својата независност (во 1991 година), традиционалните бугарски шовинисти помислија дека добиле "супер бинго". Помислија дека е откриен патот за приклучување на Македонија кон Бугарија. Се случи токму обратното, на што своевремено предупреди историчарот проф. д-р Андреј Пантев, актуелен пратеник во бугарскиот Парламент. Тој говореше за тоа дека откако Македонија стана полноправен субјект со свое место во ОН, процесите на национална ерозија нема да се однесуваат на неа, туку на соседните држави во кои живее македонско население. Се покажа дека на тој процес не можат да влијаат комбинациите меѓу македонските соседи. Еве еден свеж пример. На 26 јули претседателот на бугарскиот Парламент Огнен Герџиков, за време на посетата на албанскиот колега Сервет Пелумби, побара Албанија да ги признае правата на на тамошното "бугарско малцинство". Пелумби се согласи на преговори, но со една забелешка: "Потешкотиите доаѓаат оттаму што некои Бугари во Албанија се самоопределуваат како Македонци". Оваа позиција на претседателот на албанскиот Парламент беше пречекана со осуда од страна на македонската заедница во Албанија, која порача: "Немате ниту морално право, ниту мандат да ја оспорувате нашата национална определеност". И уште: "Во Албанија живеат автохтони Македонци, кои никогаш не се определувале како Албанци, Грци или како Власи, а најмалку како Бугари. Оваа остра реакција ги натера бугарските медиуми тажно да констатираат: "Македонците во Албанија одбиваат да се изјаснат како Бугари" (наслов во бугарскиот весник Сега од 3 август).
Однесувањето на македонската заедница во и надвор од Република Македонија станува уште појасно во контекст на едно неодамнешно социолошко истражување на Галуп Интернешнел. Според тоа истражување, Македонците најдобро ги познаваат своите соседи, затоа што се најпатувачка нација. Во првите шест месеци од 2004 година, дури 300 илјади Македонци ја посетиле Бугарија, додека во Македонија допатувале само 10 отсто од истата бројка. Отворањето на границите, во принцип, ја урива фалшливата идентичност и ја закрепува вистинската. Фактите од минатото ја потврдуваат оваа максима. За време на 1861 година во Агреб, Македонецот Константин Миладинов го издава Зборникот со "бугарски" народни песни. Дваесет години подоцна во главниот град на Бугарија, ослободен од Русите, неговите сонародници определбата "бугарски" ја заменуваат со "македонски". Привидниот парадокс го толкува грчкиот весник Неологос од 29 април 1892 година, кој се печател во Цариград: "Славомакедонците, измамени и далеку од своите родни огништа, се преселуваат во Бугарија, каде што, откако ќе се запознаат поблиску со бугарскиот народ, со неговиот јазик, природа и обичаи и откако ќе откријат дека им се туѓи, ќе ја почувствуваат измамата и започнуваат да му се посветуваат на својот мајчин јазик, публикувајќи на него разни списанија и весници". И не само тоа. Македонците во Софија создаваат организации како онаа наречена "Таен македонски комитет", "Словенско-македонска книжовна дружина", "Млада македонска книжовна дружина" и започнуваат со издавање на списанието Лоза, со цел да извршат атак врз бугарската национална политичка черупка, која ја задушувала македонската народносна јатка.
Ќе прескокнеме едно столетие и ќе си поставиме едно прашање: Дали денешната македонска нација е загрозена од внатрешни потреси, онака како што е загрозена бугарската? Вистинскиот одговор е дека македонската држава е загрозена од албанската експанзија. Проблемот со Албанците за Македонија е надворешен проблем и, за разлика од бугарската, кај македонската држава има испреплетување меѓу народносната јатка и националната черупка. Македонскиот етнички супстрат нема како да се раздели или да се разложи. Многукратните обиди за негово асимилирање го имаат доведено до состојба на имплозија, при што туѓите елементи во него отпаѓаа во текот на тој процес. Оттука натаму, тој национален супстрат ќе може само да се надополнува со, до неодамна, колебливите елементи од балканската македонска дијаспора. Тука вреди да се потсетиме на записите на бугарскиот идеолог Славејков, во неговата прочуена статија "Македонскиот в'прос" (Македонија, бр.3, 18 јануари 1871 година), во која тој хулејки на Македонците затоа што отстојуваат на автентичноста, признава: "Ќе дојдат времиња кога ќе настапи рамноправност меѓу сите народи, големи и мали, и тогаш делењето може да биде оправдано. Човештвото навистина оди кон такви форми на политичко организирање, но с#233; уште е рано. Слободата на секој граѓанин, на секоја општина и на секоја област, како и правото на самостојност, се главните цели на човечкиот прогрес. Човештвото се движи кон осамостојување, а не кон потчинетост. Но, таа самостојност ќе се постигне само врз основа на обединување во едно цело, во едно тело". Историјата покажа дека потомците скапо го платија создавњето на тоа цело и на тоа тело. Обратно, пак, правото на самостојност, идентичност и на автентичност е извор за човечкиот прогрес.
* д-р Стефан Влахов Мицов е професор на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Софија, претседател на Сојузот на слободните писатели на Бугарија и претседател на Бугарско-македонското друштво за пријателство
|
Duhot na Vovata |
Filozofinot moze da filozofira kolku sto posaka. So filozofii na Goce Delcev svesta nema da ja promeni. Ne ma da promeni i priznavaneto na vasiot ISTORICAR (a ne filozof) akademikot Katarziev: "Takvite prasanja postojat. Site nasi luge se samoopredeluvali kako Bugari." Tuka zborime za minatoto za ISTORIJATA (koja e minato) a ne se bavime so raztegane na filozofski lokumi na prognostika... Napisanoto i kazanoto od pobornicite ne se brise... BUGARSKI narodni pesni! Toa nikoj filozov ne moze da promeni. |
sirius |
quote: Originally posted by Duhot na Vovata
... Napisanoto i kazanoto od pobornicite ne se brise... BUGARSKI narodni pesni! Toa nikoj filozov ne moze da promeni.
Ke go povtoram samo delot na mojot prethoden post okolu famoznata kniga Bg. narod. pesni :
За време на 1861 година во Агреб, Македонецот Константин Миладинов го издава Зборникот со "бугарски" народни песни. Дваесет години подоцна во главниот град на Бугарија, ослободен од Русите, неговите сонародници определбата "бугарски" ја заменуваат со "македонски". Привидниот парадокс го толкува грчкиот весник Неологос од 29 април 1892 година, кој се печател во Цариград: "Славомакедонците, измамени и далеку од своите родни огништа, се преселуваат во Бугарија, каде што, откако ќе се запознаат поблиску со бугарскиот народ, со неговиот јазик, природа и обичаи и откако ќе откријат дека им се туѓи, ќе ја почувствуваат измамата и започнуваат да му се посветуваат на својот мајчин јазик, публикувајќи на него разни списанија и весници". И не само тоа. Македонците во Софија создаваат организации како онаа наречена "Таен македонски комитет", "Словенско-македонска книжовна дружина", "Млада македонска книжовна дружина" и започнуваат со издавање на списанието Лоза, со цел да извршат атак врз бугарската национална политичка черупка, која ја задушувала македонската народносна јатка.
Duhu, ocigledno ne se razbirame...iskash li samo inaet da terash ili iskash dialog da vodish...???
|
ZooGraf |
quote: Originally posted by sirius
Duhu, ocigledno ne se razbirame...iskash li samo inaet da terash ili iskash dialog da vodish...???
Djabe sirius, djabe. Se prasuvam dali posle, da recime 10+ godini nekoj Bugarin ne ima nas nesto ubedeno ili obratno? |
varvarin-f |
Dokazi za FIROM lagi:
http://www.bugarash2.150m.com/bginus.htm
Makedon,kogato e trebalo sam cital :) |