ЈOAH СКИЛИЦА /XI ВЕК/
ЈOAH СКИЛИЦА /XI ВЕК/
varvarin-f ОД „ХРОНИКА" НА ВИЗАНТИЈСКИОТ АВТОР ЈOAH СКИЛИЦА /XI ВЕК/ ОПИШУВАЊЕ НА НАВЛЕГУВАЊЕТО НА ВАСИЛИЈ II БУГАРОУБИЕЦ "...Императорот Василиј Бугароубиец, кој сакал да одмазди на Самуил за стореното ги собрал ромејските војки и решил сам да навлезе во Бугарија. Тој навлегол во Бугарија през Родопите и реката Хеброс /Марица/. Го оставил во тил магистар Лав Мелисин и му заповедал да ги, пази проходите, а самиот тој, како преминал през теснините и горите, крај Триадица, наречена порано Сердика /Софија/, стигнал до едно село, наречет Стопонион /Ихтиман/, се разположил на логор там и започнал да обмислува како да ја овладее со обсада Сердика..." ЗА ВОСТАНИЕТО НА ЦАР ПЕТАР ДЕЛЈАН ВО „ХРОНИКА" ОД СКИЛИЦА „Тој разгласил, дека е син на Роман, синот на Самуил и го бунтувал народот на Бугарите, кои одскоро го положиле вратот под јарем и силно се стремеле кон слобода. И така луѓето му повервували на зборовите и го провозгласили за цар на Бугарија. Кога тргнал од таму преку Ниш за Скопје, кој е главниот град на Бугарија, тие известувале за него по патот и го славеле." eto i oshte edin dokaz za lagite na makedon: НАДПИС ВРЗ ПЛОЧАТА НА ЦАР ИВАН ВЛАДИСЛАВ „Во 6523 година од сотворението на светот се обнови таа крепост sидана и правена од Јоан самодржец Болгарски и со помошта и со молитвите на пресветата владичица наша Богородица и застопувањето на врховните апостоли таа крепост беше направена за убежиште и за спасување и за животот на Болгарите. Започната беше крепостта Битола во месец октомври во 20 ден, а се заврши во месец ... во крај. Тој самодржец беше Болгарин по род внука на Никола и Рипсимија благоверните, син на Арон, кој е брат на Самуил цар самодржавен и кој двајцата ја разбија во Штипон грчката војска на Цар Василиј каде беше земено злато ... а този в ... цар бидува разбиен од Цар Василиј во /6522 година од сотворението на светот во Клуч и почина во крај на летото."
Haskovo OK makedon,but why the west part's name was "Bulgaria"? Why not "macedonia"?
Makedon Kade e administratorot da brise vakov smap trash. Pa ima ovde tema CAR SAMOIL! Sto se odnesuva do Skilica: бугарската историографија вели дека македонските принцови- четворицата комитопули се Бугари и директни продолжувачи на лозата на бугарскиот цар Борис, поради тоа што по византиските книги од 11 век и понатаму, Цар Самоил и неговата фамилија се терминирани како Бугари, а Македонија како Бугарија. Но, тоа не е точно. Византија, поради нејзината големина не ги знаела народите кои живееле на нејзина територија, па за полесно да ги разликува, луѓето ги нарекува по територијалното име, а не по етничкото. Од 972 г. бугарската држава не постои и територијата на Бугарија е поделена на повеќе административни единици тнр. Теми. Но, за да ги асимилира различните етникуми во својата држава, Византија ги менува имињата на окупираните територии; така, територијата на Тракија станува тема Македонија, територијата на Македонија, Црна Гора, Албанија, сегашна Србија и некогашна Панонија до Срем, стануваат тема Бугарија (Воулгариа), а територијата на права Бугарија станува тема Парастрион (Ibidem, p. 43-49./Vezi P. Diaconu, Les Petch#233;negues..., p. 112-115, N. Iorga, Les premieres cristallisations d'#201;tat des Roumains, “Bulletin de la Section Historique”, 5-8, 1920, 1, p. 33-46; N. B#259;nescu, Les premiers t#233;moignages byzantins sur les Roumains de Bas-Danube, “Byzantinisch-Neugriechische Jahrb#252;cher”, 3, 1922, p. 287-310 / N. B#259;nescu, Les duch#233;s byzantins de Paristrion (Paradounavon) et de Bulgarie, Bucarest, 1946, p. 101; P. Diaconu, Les Petch#233;negues..., p. 101). Така, тракијците во византиските извори ги нарекуваат македонци, македонците, србите, албанците, власите кои живееја во темата Воулгарија ги нарекуваат бугари, бугарите ги нарекуваа мизи или парастрионци итн. Како туркобугарите биле мнозинство во права Бугарија, земјата меѓу Стара Планина и Дунав, византијците ја одделуваат во посебна воедноадминистративна тема Парастрион или Парадоунавис (The 'Second Bulgarian Empire.' Its Origin and History to 1204 , R. Wolff), со цел Бугарите- несловенски народ да ги од оддели словенските народи, кои пак Византија ги сместува во тема Бугарија. Кедринос вели: Охрид е метрополис на цела тема Бугарија, но не на права Бугарија (Kedrinos II 462,468.1,652); многу јасно ни е укажано дека византијците кога мислат на Бугарија, мислат на нивната тема Бугарија, не на држава Бугарија. Георги Кедрин, соопштувајќи за навлегувањето од север на Печенезите (кои биле сродни со Турко-Бугарите) во 1032 година, исто така го користи политичкото (а не етничкото) име на остатоците од Аспаруховите Бугари, кои останале во нивната земја. Тој пишува: "... Печенезите го преминале Истар (Дунав) и ја опустошиле Мизија" (ГИБИ, том 6., стр. 299). За повторните напади на Печенезите, Кедрин повторно го користи политичкото име на оваа земја, па вели: "Печенезите повторно ги нападнаа Мизија, Тракија и Македонија" (ГИБИ, том 6., стр. 200). Правите Бугари, од 972 г. почнуваат да бидат нарекуваани од византијците Мизи, а нивната земја Мизија или пак Парастриноци од тема Парастрион. Византискиот писател Лав Ѓакон од 11 век бугарите ги нарекува Мизи, а Бугарија ја нарекува Мизија (ГИБИ, 5. том, стр. 247). Царот Петар е наречен водач на Мизите (ГИБИ, 5. том, стр.248-249). Особено важно да се истакне е, дека тематската поделба во Византија не е етничка и нема никаква врска со етничноста. Ако се земе за пример темата Македонија, во неа живееле Ерменци, словенизирани Траки, Ромеи (Грци и останато гркофонско населени), православни Турци тнр. Карамани, Евреи, итн. Сите тие во Византија биле наречени со едно име- Македонци, иако немале ништо македонско во нив. Впрочем, тоа било и целта на Византија, да ги премавне етничките разлики меѓу различните народи кои ја населуваа Византија и создавање еден Византиски, Ромеjски народ. Скилица - Кедрин (11 век) исто така пишуваaт за Мизи и за Мизија, а не за Бугари и за Бугарија (ГИБИ, том 6., стр. 293-294). Да потсетам, дека бугарската пропаганда најчесто ги користат Склица-Кедрин за пропагирање на бугарштина на Цар Самоил, а овие средновековни автори јасно кажуваат дека кога пишуваат за Цар Самоил како Цар на Бугарите (Воулгарои), мислат на жителите на темата Бугарија, а правите Бугари ги нарекуваат Мизи. Византија никогаш не ја признала средновековната македонска држава на Самоил, Константинополскиот Патријарх не сакал никако Самоил да го признае за Цар, па како сите знаеме Самоил добил царско признавање од Ватикан, па поради сево ова, за Византијците, секогаш сме биле дел од нивната Византија и Бугари- жители на византиската тема Бугарија.Така, Македонците од 972 г. станаат Бугари за Византија, а Бугарите станаа Мизи. Ако пак Македонците некој византиски писател ги наречел Мизи, веднаш додавал дека тоа не е нивно име и дека само им е ставено тоа име и името Бугари (ГИБИ, т. VI, стр. 160). Нема што повеќе да се спори, Византијците ги декларирале луѓето по нивната географска припадност, а не по националноста во 11 век. Скилица сосема јасно вели дека Скопје е главниот град на Бугарија, а луѓето од Бугарија се Бугари (ЗА ВОСТАНИЕТО НА ЦАР ПЕТАР ДЕЛЈАН ВО „ХРОНИКА" ОД СКИЛИЦА). Скопје бил главен град на ТЕМАТА БУГАРИЈА, не на држвата Бугарија и Јоан Силица самиот кажува дека под Бугари подразбира жители на темата Бугарија! Доколку државата на Самоил била и се нарекувала навистина Бугарија, тогаш Скилица би говорел за Охрид како главен град на Бугарија. Случај Василиј Втори Македонецот- Бугароубиецот Најубаво ќе ја разбереме византиската терминологија на луѓето по теми, ако го разгледаме случајот со византискиот император Василиј Втори Македонецот, Бугароубиецот. Василиј Втори Македонецот припаѓа на лозата на Македонците, чиј родоначенлик е Василиј Први, по потекло Ерменец, од ерменска фамилија или мешано словеноерменска, која стотина години живеела во Адријанопол-Едрене, и, поради тоа што е роден (811 г.) во тема Македонија, во сите византиски извори е наречен Македонец, а неговата династија Македонци - „Македонос“ (Извори: 1. Ibidem, p. 228; cf. GSBH, V, p. 155 / 2. "Basil I." Encyclop#230;dia Britannica. 2005. / 3. Abstracts from the International Conference ARMENIAN CONSTANTINOPLE organized by R.G. Hovannisian, UCLA, May 19-20, 2001, UNIVERSITY OF CALIFORNIA, LOS ANGELES, DICKSON AUDITORIUM). Така, Ерменците и сите останати националности што живееја во темата Македонија (историски Тракија) станаа по византиските книги Македонци, а Македонците оти живееја во тема Бугарија станаа Бугари. Василиј Втори Македонецот е најлутиот непријател на Самоил. Во 1014 г. кај Беласица, Василиј Втори Македонецот ја победува македонската армија на Самоил, каде убива неколку илјади македонски војници. По оваа битка, Василиј Втори Македонецот од страна на византиските хроничари е наречен Бугароубиецот т.е. убиец на жители од темата Бугарија, а не етнички Бугари. Како што Ерменецот Василиј II стана Македонец за Византијците, така и Македонецот Самоил стана Бугар за Византијците. Ѓорѓи Војтех, внук на царот ни Самоил, во 972 г. од Унгарија доаѓа во Македонија, каде крева востание против Византија, со цел обнова на средновековната македонска држава. Главен византиски војсоводец во задушувањето на македонското востанието е Управникот на Драч, Никифор Вриениј, кој Македонија ја нарекува Бугарија (како тема), но сите жители на Македонија по народност ги нарекува „племето на Словените“ (ГИБИ, том 7, стр. 115, цитат по Сарита Параос од „Македонско Сонце“, македонски историчар од Бугарија). По востанието на Ѓорѓи Војтех, Никифор Вриениј бил назначен за управник на цела Македонија. Целта на ова назначување била, како што признава самиот Вриениј, "...преку него да се смири засилениот словенски народ" (ГИБИ, том 7, стр. 116, цитат по Сарита Параос од „Македонско Сонце“, македонски историчар од Бугарија). На бугарските историчари специјализирани за средновековна бугарска и византиска историја, сево ова многу добро им е познато. Самоил и бугарската држава биле непријатели, кој подоцна создал самостојна македонска држава. Но, големобугарските апетити на буржујската бугарска држава за македонската територија, од крајот на 19 век и почетокот на 20 век, мораа нешто да сторат за Бугарија да полога право на Македонија; тоа што мораа да го сторат е фалсификација на македонската историја и представување на се’ македонско како бугарско, бугаризација на Македонците итн. Затоа, во тој мрачен период за Македонија, бугарите се најактивни во фалсификација на македонската историја: фабрикуваат божемни натписи од Цaр Самоил и членови на неговото семејство во кои тие се декларираат како Бугари; тие плочи бугарските пропагандисти ги закопувале низ македонската земја. Така, до сега се пронајдени неколку такви фалсификат плочи, во Битола, Воден, Петрич, Благоевград. Сите од нив се напишани со доцна аглеста кирилица, која не е користена во 11 век, кога е користена валчестатат кирилица. Во Бугарија, испитана е воденската фалсификат плоча во Бугарскиот Национален Музеј од Софија, чиј директор г-н Божидар Димитров јавно кажа дека е фалсификат, по што се најде на тапет од бугарските шовинисти, па сега и тој сиромашкиот со сите сили сака да „докаже“ бугарштина на Македонците. Интересна е битолската плоча, каде може да се види дека бугарин е напишано како „Блъгарїнь“ или бугари како „Блъгаромь„ (Р.У. - Скаловска, Записи и летописи. Скопје 1975. 43-44.), запис во бугарска словенска редакција од 13/14 век; поимот бугар во 11 век се пишувал „болгар“. Се мисли дека битолската плоча е поставена во јули 1916 г. во Чауш Џамијата во Битола, од страна на Стефан Л. Костов, „етнограф при Първа българска армия“, кој ја харал Македонија за време на бугарската окупација на Македонија.
varvarin-f kakvi sa tia prostotii koito govorish be Makedon:) ne vijdash li 4e ste ty se smeiat i decata:))))
Makedon
quote:
Originally posted by varvarin-f
kakvi sa tia prostotii koito govorish be Makedon:) ne vijdash li 4e ste ty se smeiat i decata:))))
Abe koga ne znaes istorija, ne se srami bolgarche-turchinche[:D] Poveke za temata Bugarija, temata Makedonija i Paristrion, potkrepeno so sliki i mapi, na mojot blog: http://makedonskaistorija.blog.com.mk/node/1425