Играчите на Скопје тепани од полицајци?
Играчите на Скопје тепани од полицајци?
tomislav1978 Добро е што во оваа голгота нашите навивачи, кои дојдоа со еден автобус, тогаш веќе беа заминати, оти не знам какви последици можеше да има, вели капитенот и тренер на скопјани, упчо Марковски Полицајци со палки ги тепаа нашите играчи на теренот, по мечот со Лозар во Демир Капија, обвинува упчо Марковски, играч, тренер и директор на фудбалскиот второлигаш Скопје, по саботниот дуел со Лозар. Видно вознемирен, некогашниот капитен на македонската репрезентативец и на најтрофејната екипа Вардар, не можеше да поверува што им се случило по еден фудбалски натпревар. - Уште ова го немав видено, полицајци да тепаат играчи во спортска опрема. Ужасно изгледаше сликата во Д. Капија. Добро е што во оваа голгота, нашите навивачи, кои дојдоа со еден автобус, тогаш веќе беа заминати, оти не знам какви последици можеше да има. Сум играл и во регионални средби, по селата, но ова го немам доживеано - потиштено зборува Марковски. http://217.16.70.250/default.asp?ItemID=D7F5FEE83580C045BA89CC8A063491BA