mitko2848 |
Бугарски Глобал кабел ќе ги купи сите кабелски телевизии во земјава!?
Бугарската компанија Глобал кабел планира да ги купи сите кабелски телевизии во Македонија, дознава Тотал. Тие веќе имаат ангажирано тим во земјава кој работи на тоа. Претставниците на компанијата се сретнале со сопствениците на поголемите кабловски оператори во земјава. Повеќето биле спремни да го продадат својот бизнис на Глобал кабел дознава неофицијално Тотал. Доколку се случи Глобал кабел да влезе во Македонија планира да понуди пакет со кој граѓаните ќе добијат Интернет, телефонски услуги и кабелска телевизија за само 1.200 денари. Бугарската компанија на нашите оператори веќе им понудиле по 200 евра за секој претплатник. Според податоците на Министерството за транспорт и врски во земјава работат 65 кабелски оператори. Поголемиот дел од македонските кабелски оператори не ги регулираат авторските права, односно не склучуваат договори со странските телевизии за реемитување на нивната програма во Македонија. Како резултат на тоа постојано го менуваат изборот на телевизиски програми кои ги нудат. Поради таквиот однос најоштетени во случајот се македонските граѓани, па влез на странска компанија во овој сектор според познавачите на пазарот би бил вистинско освежување. |