Спиењето и вашето бебе |
Whitebaby |
Бесони ноќи по доаѓањето на новото бебе - до кога?
Голем предизвик за новите родители е да ја прифатат новата ситуација во која заради потребите на бебето тие мораат од ноќ во ноќ да бдеат и да го прекинуваат сонот, па се чувствуваат хронично ненаспани и уморни. Факт е дека новороденчињата имаат потреба од хранење и промена на пелените во редовни интервали, во тек на 24 часа. Веројатно е дека вашето бебе набрзо ќе се вклопи во фамилијарната рутина и ќе спие повеќе во тек на ноќта. Значи бесоните ноќи нема да траат бесконечно. Но да не се залажуваме! Безгрижните ноќи со непрекинато спиење , како во периодот пред доаѓањето на новиот член се минато. Сега бебето го има приоритетот во фамилијарниот распоред. Некои совети може да ви бидат од корист и да ви помогнат полесно да се справите со новонастанатата ситуација.
Првите 6 месеци од животот
Следните совети може да ви бидат од корист:
* Секогаш ставајте го бебето да спие на грб.
* Обидете се да го преповивате секој ден, во исто време.
* Шемата за ноќно спиење се учи, затоа одберете ноќна рутина за спиење и обидете се да се придржувата кон тоа.
* Олабавете го бебето пред спање, избањајте го, масирајте го нежно или пуштете му нежна музика.
* Пред да си легнувате пригответе доволно чисто пелени и облека, така да не мора да ги барате во тек на ноќта.
6 -12 месеци
Следните совети може да ви користат:
* Придржувајте се и понатаму кон рутината за ноќно спиење.
* Штом еднаш сте го ставиле бебето за спање, легнете си и вие. Не продолжувајте со ноќно бдеење или не ја етаблирајте ноќта, како време за разговор.
* Осигурајте се дека детето добро сте го нахраниле во тек на денот, доколку е гладно почесто ќе се буди.
Деца над една година
Следните совети може да ви бидат од корист за да воведете ред во спиењето кај вашето дете:
* Креветет нека служи само за спиење, не за играње или релаксација.
* Немојте да го казнувате со тоа што ќе го пратите во неговата соба, тоа може да предизвика негативни асоцијации во врска со креветчето кога ќе треба да си легне за спиење.
* Избегнувајте да преспива доцна попладне.
* Некои деца се плашат од темнина , дозволете да свети ноќната ламба.
* Одвреме на време ревидирајте го времето на легнување, во склад со возраста и зрелоста на детето.
Како да постапите ако детето плаче во тек на ноќта?
Ако детето плаче, најчестата реакција е да го земеме во раце. Можно е со време тоа да почнува да плаче тогаш кога сака да го сврти вашето внимание. Некои деца стануваат експерти во управување со контролираниот програм на плачење. Рационално е да постапите на следниот начин:
* Кога ќе почне да плаче, почекајте пет минути пред да влезете во собата.
* Обидете се да го смирете, но не го земајте во раце. Брзо напуштете ја собата. Ако детето и понатаму плаче, почекајте 10 минути, а следниот пат 15 минути.
* Ако детето во тек на ноќта се разбуди и повторно почне да плаче, започнете го иститот процес повторно. Прогресивно, од ноќ во ноќ, зголемувајте го времето пред повторно да влезете во неговата соба. Детето ќе сфати дека ноќното плачење веќе не му се исплатува.
Поделете ги обврските со партнерот!
Ако во ноќн ите бдеења ви помага партнерот, размислете можеби е разумно да се поделите во ноќни дежурства. Кога имате слободна ноќ, максимално искористете ја за одмор. Квалитетен непрекинат сон, секоја втора ноќ овозможува подобро да се справите со обврските кога ќе дојде вашиот ред. Дури и ако го доите детето, можна е поделба на ноќните обврски, така што претходно ќе се измолзите и тој оброк ќе му го дадете во шише.
Каде да се обратите за совет?
* Вашиот педијатар
Mi kazhuvala majka mi deka od mala vaka me ima naucheno, da ne mi obrakja vnimanie koga sum plachela kako bebe... i deka posle nekoe vreme dovolno bilo samo da me stavi na krevet i odma sum zaspivala. |
SpaceLily |
Jas pak ich ne sum spiela i ko ke me chuval tato me vrzvel za krevetche za da ojt na fudbal! :( |
RaGeAnGeL |
quote: Originally posted by SpaceLily
Jas pak ich ne sum spiela i ko ke me chuval tato me vrzvel za krevetche za da ojt na fudbal! :(
sega mi jasno sesrice zos leksilium ti mu davashe vo kafeto
traumi od detstvoto[:(]
|
DJ_SHEMA |
Nashata rutina se sostoi vo banjanje, oblekuvanje, ranenje i posle tato nisha dur beba zaspie. Za da zaspie cvrsto treba da ja nisham 30-45 minuti. Ja nisham na onie stolicine shto se klackaat i gledam friends ili jim cramer :).
Da rutina e dobro da se postigne, nie obichno okolu 7:30 ja banjame.
I jas ne se slozuvam so plachenje na bebe. Toa vlijae losho na samodoverbata kaj bebeto zaradi toa shto se osekja deka ne e dovolno sakano. American Pediatric Association preporachuva da ne se ostava bebe da plache iako porano kazuvale obratno. Mozebi zatoa amerive se taka ladni. |
Thunder from down under |
ne gi nisaj be Shema, ke ti se svrtit pametot ne ke mozis pivo da pies :)
vo kolata stavigo maloto i vozi ugore udolu odma ke zaspiet za 2 minuti |
RaGeAnGeL |
mene mama mi kazvese dek kaj i da me stavela sum spiela...i den deneska sum takva:)) |
Sunshine |
Ne veruvam deka bebe treba da se ostavi da otplache i samo da se smiri. Duri i doktorov (mu zaboraviv ime) shto so godini popuvashe i se shina od prodavanje knigi za toa deka deca treba da se ostavaat i po saat-dva da se isplachat pa da zaspijat prizna lani deka tehnikata ne mu chini za zdravjeto na decata.
Nema nishto povazhno od rutina. Neznam za drugi ali kaj nas pali toa shto sekoja vecher se odi na spienje vo isto vreme. Se oblakaat pidzami, poljubac za laku noch i vo krevetche. Nekogash zaspiva odma, nekogash si igra 10-15 minuti i zaspiva. Ako pochne da plache ja pogaluvam, ushte eden poljubac i na spienje. Isto taka dokolku se razbudi vo sred nokj za jadenje ili koga se menja pelena praktikuvam toa da bide nabrzina, bez palenje svetlo i bez mnogu gu-gu ga-ga za da mozhe brzo da zaspie.
|
Whitebaby |
Pa nemislev bash na plachenje do zajduvanje, tuku da ne skoka na sekoe zaplachuvanje. Da se ostavi nekoja minuta neka poplache pa posle da se pojde vo soba i da ne se zema vo race tuku samo da se pogaluva da se smiri. Naredniot pat pak isto i taka ke se stvori navika deka plachenjeto ne znachi deka ke dojde nekoj i ke te zeme vo race i ke te nishka. E sega, jas ova samo onaka go kazhuvam, neznam zdravje Bozhe kakva ke bidam jas, no ke se trudam da ne go naucham da me "kontrolira". [:)] |
Sunshine |
Thunder, vnuk mi go nauchija vo kola da zaspiva pa posle vo 3-4 sabajle im gi noseshe kluchevite od kola i im vikashe brm-brm. |
Thunder from down under |
hehehehe |