Unreal |
Професионални погледи
Копирано,но заради тоа што е интересно го пренесувам овде[:)]
ПРОФЕСОРИ ПО МАЈЧИН ЈАЗИК: Бракот е апстрактна именка а веридбата граматичка грешка во претходно составената реченица. ЖЕНЕЊЕТО е активен глагол кој често одговара на прашањето КОГО но најчесто на прашањето КОЛКУ? ОЖЕНЕТ е пасивна форма на глаголот. Во целата конструкција, ДЕЦАТА се императив а КУЌНИОТ ПРИЈАТЕЛ лична заменка.
ПРОФЕСОРИ ПО МАТЕМАТИКА:
Веридбата е парен број кој често знае да биде непарен. БРАКОТ е математичка операција на множење а резултатот се деца. Во веридбата ТОЈ вреди 2 а таа 1. Во бракот ТЕШТАТА вреди 2, ТАА 1 а ТОЈ 0. КУЌНИОТ ПРИЈАТЕЛ е непозната.
ПРАВНИЦИ:
Веридбата е парница а бракот изгубена парница. ДЕЦАТА се отежувачка околност а КУЌНИОТ ПРИЈАТЕЛ олеснувачка. ТЕШТАТА е врховна инстанца.
ЛЕKAРИ:
Веридбата е лоша превентива а БРАКОТ последица од тој лош третман. Децата се компликации, тештата тумор а куќниот пријател погрешна дијагноза.
ИНЖИНЕРИ:
Веридбата е проект, бракот неуспешна конструкција, децата непланирани трошоци. Куќниот пријател е изведувач на работите а тештата корозија.
ЕКОНОМИСТИ:
Веридбата е можност за пласман, бракот е договор, децата анекс на договорот. Куќниот пријател е кооперант а тештата даночен орган.
МУЗИЧАРИ:
Веридбата е дует, бракот дисхармонија, децата се солисти кои бараат поддршка од целиот оркестар а тештата диригент. КУЌЕН ПРИЈАТЕЛ е оној кој ќе издржи до крајот на концертот.
Најстарото далечинско на светот [:D]
[img]http://on.net.mk/WBStorage/Articles/D79BB113B7AEF34886C4E65D05EED6DF.jpg[/img] |