Кривата Кула ...Маќедонска |
lav |
Од почетокот на 1990 година па до конечниот референдум за раздружување со останатите „братски„ народи и народности тогаш формираната Држава на Македонците и тоа со референдумот во кој беше вметната и иницијална каписла која ете подоцна ќе си „пукне„ и ќе доведе до сето она што денес го „плоодуживаме„:
Општа апатија ,безработица, криминал ,корупција , мизерија , морална деградација на општеството во сите пори , со можност за растурање на некојпат славната и славената насекаде Држава на Македонците и тоа пред очите на заслепените од високи пензии на „првоборци„ 1941 (1944 повеќемината за истината да биде тоа што и е) , која после Срамниот Охридски „договор„= КАПИТУЛАЦИЈА завиткана во обланда за да се полесно „проголта„ од наивните (сеуште) фиромци.
Прашањето е КОЈ НАЈВЕЌЕ ПРИДОНЕСЕ ЗА ТОА ШТО ДЕНЕС СИТЕ ГО ГЛЕДАМЕ: |
intel |
DPMNE, aj kolku da ne ti propadne i ovoj topik.
Ako sakas mozam i da ti obrazlozam na dolgo i siroko zosto mislam deka e DPMNE. |
трендафил |
Без конкуренција, Бранко Црвенковски. Затоа и неговите го прогласија за ДРЖАВНИК, а тој тоа го прифати. Не може иначе тој да биде државник, а друг да е одговорен за државата. Иако почетокот му беше катастрофално лош, т.е. воопшто не ја сакаше независна Македонија, па човек што нешто не сака и не може да го направи добро. Воопшто и не ми е јасно кога СКМ-ПДП посака самостојна држава затоа што во 1993 година уште се бореше за некоја платформа Глигоров-Изетбеговиќ. И што ги натера да го сменат мислењето. Дали сознанието дека сами можат повеќе да присвојат за себе отколку во соработка со Слободан Милошевиќ.
П.С.: Читам дека баскијската терористичка организација ЕТА за 40 години е одговорна за смртта на 800 луѓе. Тоа е многу помалку отколку што Јосип Броз - Тито (човекот на кој Црвенковски сака да му подигне споменик на плоштадот) и неговите убиле за неколку години. Тоа е 20 луѓе годишно. Многу помалку отколку што за неполна година уби ДУИ како УЧК, омилената партија на Бранко.
|
Josip Broz |
Личност со најголем придонес? Јас, разбира се.
Ве научив дека вистината боли, и дека лагата е попријатна за слушање. До век ќе си блеете по тие што ве лажат. Лесно им е сега, и на Киро и на Бучко, да стрижат овци - јас сум тој што им оставив полно трло.
А Бране, не споменик, туку црква треба да ми изгради! |
f9 |
Branko Crvenkoski beshe voveden vo politika za da ja neutralizira starosta na Kiro Gligorov i mladosta na Ljupcho Georgievski.Denes ni e precedatel,no dolgo vreme beshe chirak na Kiro-koj prerasna vo tatko na nacijata.
Odgovornosta e na vlasta i na opozicijata.Ne mozhe samo vlasta da se
zema za odgovorna.Toa shto vlasta e vlast e podednakva na slabosta na opozicijata da bide vlast.Se razbira deka opozicijata stalno pokazhuva so prst na vlasta i ja kritikuva i na nejze i ja prefrla topkata na odgovornosta.No nie retko diskutirame za slabostite na opozicijata.Koj se efektite od dejstvuvanjeto na opozicijata.Dali e normalno da imame edna vakva opozicija koja i pokraj katastrofalnite bilansi na vlasta
ne mozhe da izdejstvuva nitu ednash pad na vlada i predvremeni izbori.
Koga ova ke im se prikazhe na opozicionerite...odma kako od pushka doagja odgovor deka nechinel narodot.Vistinata e deka narodot si e dobar sekogash,a politicharite nechinat.
Nebulozno e i ponekogash koga ke slushnam kako opozicijata bila kriva za se.Bar kaj nas polugite na vlasta se efikasni kolku shto e efikasna vlasta.Za toa ne mozhe da bide kriva opozicijata.
Jas najmnogu bi prifatil iskrena samokritika i na vlasta i na opozicijata,ama taa kultura vo vojnite za vlast i pozicija nema mesto. |
Satanico Pandemonium |
Sekoj od gore navedenite licnosti pridonese maksimalno kolku sto uslovite mu dozvoluvaa da go imame ova sto go imame. Stilovite mozebi im se razlikuvaat, tie na VMRO na primer koga kradea surovo, primitivno ko gladna godina... no efektite se isti so ostanatite. Kiro imase najgolem ugled i pocit vo pocetokot koga nemase tolkav kriminal vo MK, i moznost Makedonija da trgne na prav pat no ne go stori toa. Taka da odgovornost mozebi ima najgolema, no odgovorot koj najmnogu doprinese do ova sto go imame e pak da povtoram - Sekoj od niv na svoj nacin i vo svoj stil maksimalno gledajki da sebe si se obezbedi doprinese Makedonija da e deneska kade e. |
трендафил |
Во ситуација кога Македонија завршените питомци на воената академија (потпоручниците) не ги прима на работа во АРМ и им нуди евентуално вработување како затворски чувари, се договара школување на идни воени старешини на воената академија во Тирана. Нешто тука ми изгледа лудо. Доколку сме унитарна држава со еден јазик во АРМ, не треба ли Македонците со албанско етничко потекло да учат на нашата академија. Посебно во ситуација кога припадниците на таа етничка заедница се единствените што не посрамотија во Ирак, кога пред некоја година сите што беа испратени таму бараа да бидат и беа вратени дома. Решението е најдено во тоа што во Ирак повеќе не се испраќаат Македонци од албанската етничка заедница, а ДУИ, ДПА и другите немакедонски партии не се бунат поради неправедната застапеност. А една од наводните причини за војната во 2001 нели беше токму направедната застапеност во АРМ. А сега со борина низ Македонија се бараат „Албанци“ за обични војници во професионалниот состав на АРМ. За специјалци и да не зборувам.
|
Strelec |
Спроведеното гласање на форумов вели дека Љубчо Георгиевски НАЈВЕЌЕ ПРИДОНЕСЕ ЗА ТОА ШТО ДЕНЕС СИТЕ ГО ГЛЕДАМЕ!:)
|