a-pin-dim |
МЕНАЏЕРИТЕ НА МЛАДИОТ МАКЕДОНЕЦ ГО НУДАТ ФУДБАЛЕРОТ ВО ЗАГРЕБ
Хрватска ќе го "лапне" Славковски!!!
Луѓето од ФФМ останаа без слух и докажаа дека немаат никаков интерес за фудбалот и нашите фубалери кои играат во странство. "Македонски Спорт" уште пред три месеци им најави дека имаме "дете џин" и голем феномен кој игра во младинските категории на Интер каде што дава голови и е еден од најголемите таленти во Италија. Ете, тој Горан Славковски ќе игра за Хрватска!!! Тоа го најави весникот "Јутарњи Лист" во кој пишува дека "огнените" се многу близу до младиот Македонец, кој е роден во Малме.
"Тој е чудо од дете", вели неговиот менаџер Јозо Палац, кој го понудил Славковски на хравтската фудбалска федерација во Загреб.
"Да, Славковски е по потекло од Македонија, но има шанси да игра за Хрватска. Да не ни се повтори грешката со Ибрахимовиќ!?", додава Палац кој најавува дека понудата до Загреб е стара два месеци и дека од ХНС се уште немаат одговор.
Уште едно потсетување до ФФМ, Славковски е роден во Малме, потекнува од скопското село Визбегово. Тој има само 17 години и е најдобар стрелец во младите категории на Интер. Пред неколку дена на Милан му даде гол од 30 метри, а сега добива повик да игра во селекцијата до 21 година на Хрватска. Се уште од Загреб нема официјална одлука, па така, постојат шанси тој да го облече дресот на својата држава. Потребно е само некој од Федерацијата да се обиде да го придобие овој фудбалер да игра за Македонија. Иако многу е млад Славковски е висок 194 см.
|