Toronto-"Saturday Night Fever"
Toronto-"Saturday Night Fever"
sasha Kade de iskaca vo sabota navecer vo Toronto? 1.Kaj Aco doma na skara? 2.Idme vo poznati restorani i koi se tie? 3.Koi se poznati Clubovi? 3.Ideme na nas sobir ili zurka?
wolf_pack Прво ќе одиш сабајлето на кафе кај Ацо:) Но чичко Стрелец живее во едно западно предградие на Торонто кое е прилично ново-градено и фамилијарно населено. Затоа ќе тргниш малку на исток за да го видиш правиот град - Торонто. Нема некој да не дојде во центар а да не ја забележи CN Tower, висока е 553 метри[8D] Во оваа населба имаш избор на секакви кафани, пабови и ресторанти. Ако идеш летово, може да го провериш SkyDome (Rogers Centre) кој се наога одма до CN Tower и овде играат бејзболската екипа Blue Jays. Таман и ќе видиш што чудо од стадион е, првиот во Северна Америка што има Retractable Roof и располага со најголемиот JumboTron (35 метри долг и 10 метри висок). Во SkyDome имаш избор да ја гледаш утакмицата од ресторантот или пак Hard Rock Cafe додека касниш нешто...не мора да биде традиционален спортски настан. Потоа продолжуваш накај Air Canada Centre, тука се наога Hockey Hall of Fame, полно е со историја на легендарната хокеј екипа Toronto Maple Leafs која имаше и еден наш Македонец за сопственик до пред 4 години. Таму се наога седиштето и на NBA екипата Toronto Raptors. Продолжуваш на исток кон Кралксиот Онтариски Музеј, потоа вртиш лево и посетуваш населби како ChinaTown, Little Italy и GreekTown. Има негде и место купено од Македонци кое се вика Macedonian Village, обично се користи за прослави како Илинден на пример. Canada's Wonderland е нешто слично како DisneyLand но има и огромен Water Park со секакви базени, water-slides, па и мини езера со бранови :) За да им биде полесно на гостите, има програма која ги нуди сите овие атракции. Разгледај овде. http://etours.to/toronto_tour_CN_Tower_Casa_Loma.html За ноќниот живот има посебна страна www.toronto.com Во CN Tower има ресторант кој се врти 360 степени секој саат. Поентата е како гостите уживат во горметската храна, имат шанса да го видат градот од сите страни, PANORAMA like no other!:) www.cntower.ca/portal Еве уште еден сајт за туристи: www.torontotourism.com/visitor
deni Richmond ST kako sho pamtam , site klubovi , barovi tamu se na edno mesto . kul ulica
wolf_pack Точно, Richmond Street and Spadina Avenue ви е тикет на сите најдобри и најкул клубови и барови. И двете улици се токму покрај CN Tower. Но не значи дека само во овој кварт мора да се остани, иако е препловен од луѓе во петок и сабота навечер.