Meleno meso |
dalila |
Ќофтиња во сос од кисело млеко
потребни состојки:
- 750 гр мешано мелено месо
- 4 компири
- 1 литар кисело млеко
- 200 мл млеко
- лебни трошки
- 2 парчиња леб
- 2 јајца
- 1 лажица брашно
- 1,5 главици кромид
- 1 коцка за супа
- 5 чешниња лук
- магдонос
- масло за јадење
- сол и црн пипер
подготовка:
На даската за сечење ситно го сечкаме кромидот. Во тава за пржење на оган ставаме масло да се загрее. На загреаното масло го ставаме кромидот да се пржи. Парчињата леб ги кинеме на парчиња и ги ставаме во поголем длабок сад. Го преливаме лебот со млекото и оставаме да омекне. Откако кромидот ќе омекне ја тргаме тавата од оган. Испржениот кромид го ставаме во поголем длабок сад. Во садот го додаваме меленото месо. Лебот го притискаме за да го истиснеме млекото. Потоа и лебот го додаваме во садот. Магдоносот ситно го сечкаме. Исечканиот магдонос го додаваме во садот. Наросуваме мелен црн пипер. Посолуваме. Во садот додаваме и едно јајце. Мешаме со лажица додека смесата не се соедини. Претходно сварените компири ги лупиме. Со алатка ги гмечиме компирити, како за пире и ги ставаме во поголем сад. Посолуваме. Во садот додаваме 2 лажици брашно. Го додаваме и второто јајце. Мешаме со лажица. Потоа смесата продолжуваме да ја месиме со рака. Во тава за пржење на оган ставаме поголема количИна масло да се загрее. Работната маса ја набрашнуваме. На работната маса го ставаме тестото од компири. Со раце од тестото развлекуваме долгнавеста форма. Од формата со нож сечеме парчиња со должина од околу 5 сантиметри. Формите ги редиме на набрашета чинија. Потоа формите ги пржиме на заграното масло во тавата на оган. За време на пржењето ги превртуваме за да поруменат од сите страни. Испржените крокети ги вадиме од тавата и ги ставаме на чИнија обложена со хартија, за да ја впие непотребната мрснотија.
Започнуваме со формирање на ќофтињата. Рацете ги намрснуваме со масло за јадење. Со рацете земаме од смесата од мелено месо и формираме топчиња со големина на орев. Топчињата ги валкаме во лебни трошки и ги редиме на чинија. Во тава за пржење на оган ставаме масло да се загрее. Во тенџере на оган ставаме околу 500 мл вода. Во водата ја додаваме коцката за супа. На загреаното масло во тавата ги ставаме ќофтињата да се пржат. За време на пржењето ќофтињата ги превртуваме. Испржените ќофтиња со лажица решетка ги вадиме од тенџерето и ги ставаме на чинија. Тавата ја тргаме од оган. Мрснотијата од тавата ја претураме во сад. Потоа мрснотијата ја додаваме во чиста тава за пржење на оган. Во тавата додаваме 1 лажица брашно. Промешуваме. Во тавата ја додаваме и супата од коцка. Го додаваме и киселото млеко. Промешуваме. Две чешниња лук ситно ги сечкаме. Исечканиот лук го додаваме во тавата. Магдоносот ситно го сечкаме. И исечканиот магдонос го додаваме во тавата. Промешуваме. Потоа во тавата ги додаваме и претходно испржените ќофтиња. Оставаме да врие на тивок оган 30- тина минути.
Чинијата за сервирање ја украсуваме со листови зелена салата. Ја тргаме тавата од оган и ја ставаме на работната маса. Од едната страна на чИнијата за сервирање скалесто ги редиме крокетите од компири. Од другата страна на чинијата ги сервираме Ќофтињата од кисело млеко. Украсуваме со гранче магдонос. |
dalila |
Sekako deka kje te bide.
Vo bilo shto shto se vlozhuva trud i rezultatot ne mozhe da izostane[;)] |
dalila |
Mozhesh...samo jajce nemoj da zaboravish inaku kje ti se raspadnat.I podobro da stavish suv izdroben leb, zatoa shto natopeniot leb e mokar, neli?!
Mozhesh prezla da kupish, ja imash vo sekoja prodavnica[:)] |
QBox |
Ne sakam prezla. Nekako ne mi e ubava. A za jajce ke zaboravev. Fala sto me potseti. Koga ke napravam dalila ke ti pratam po mail da gi probas ;) i da kazes dali ke me bide. :)))
uste ednas ti blagodatam. |
beti869 |
e za meleno meso vo Prilep obratete se oti tuka e najubo |
QBox |
ahh ne licea bas na koftinja ama mirisaa na koftinja. od pocetokot si mislev da se otkazam od gotvenej i da jadam leb i margarin dodeka si odam doma. ama ne biva. dalila ti blagodaram za receptot se prejadov so koftinja
|
beti869 |
Ej,a ste probale li koftinja od pilesko meleno pa uste so sos od pecurcinja,zaprzeni so kromidce,slanince kolku za vkus i na kraj seto izmesano so pavlaka ludnica kolku e ubavo i vkusno |
QBox |
dalila da te prasam.
moze li da gi napravam koftinjata bez kiselo mleko.
da zemam leb da go natopam pa da go izmesam da zemam ne zaprzen kromit(posto za zaprska ne me biva) da go iseckam sitno i seto toa da go izmesam ubavo.(ako se najde moze i soja troski da mu stava)sol i crn piper se podrazbira, i seto toa da gi isprzam. ke se jade ili ne? |
bemtrade |
EDEN SOVET:
Koga kupuvate meleno meso nikogas ne zimajte veke somleno.
Najdobro kasapot neka vi isece pola svinsko pola junesko, pa neka go meli pred vas.
Taka e poskapo, no barem ke jadete cisto mevce, a ne usi, slanini iznutrici i sl. |