nepobedliv |
Договорите што ги прави премиерот Бучковски наизменично со ВМРО-ДПМНЕ и со ВМРО-Народна партија ги доведоа односите во опозицијата до точка на вриење. Нема ден, а двете опозициски партии да не разменат отровни стрели со меѓусебни обвинувања за шурување со Владата. Јазот што сў повеќе се продлабочува станува евидентен и во парламентот. Интересно е, меѓутоа, што некои кругови во ВМРО-ДПМНЕ кои се блиски до Груевски сметаат дека партијата на експремиерот Георгиевски ВМРО-Народна треба да биде коалициски партнер во идната влада на Груевски. На прашањето дали мислат дека Георгиевски ќе се согласи да му биде втора виолина на Груевски, тие одговараат: "Да, доколку двајцата постигнат договор Груевски да биде премиер, а Георгиевски да биде предложен како претседателски кандидат од опозицијата на наредните претседателски избори во 2009 година" |