Парламентарните избори закажани за 5-ти јули
Парламентарните избори закажани за 5-ти јули
Strelec Изборите закажани за 5-ти јули Избори на 5-ти јули, среда, што ќе биде прогласена за неработна. Условот што Премиерот го поставуваше, да го добие посакуваниот јулски термин, е надминат - законикот помина во Собранието. Би било политички недоговорно ако по толку инсистирање, гласањето се одложи за септември. Кои се главните измени во процесот: - Отсега претседателот на ДИК ќе го даде опозицијата во консултации со власта, - Во избирачките одбори влезе државната администрација, но останаа и политичките претставници. Кој доби, а кој изгуби. Наседна ли Груевски на добро осмислено сценарио на Бучковски и Георгиевски да излезе на виделина неговото политичко неискуство? Да се претстави како политички неискален лидер кој плаче по се и сешто кога не му е по кеиф, како што му порача ривалот Бучковски. Дури, дозволи Премиерот да се фали дека е посредник во спорот меѓу ДПМНЕ и Народна. Премиерот, пак, прифаќајки ги сите барања на ВМРО-ДПМНЕ сака да покаже дека не размислува на фалсификат. Да создаде ореол пред странците дека е подготвен за фер избори, но и да ја отфрли одговорноста од себе за било какви нерегуларности што би се случиле. Георгиевски, пак, се обиде да го отфрли од себе митот дека е во тајна коалиција со СДСМ. Да им покаже на ВМРО-вците дека тој е се уште е опозиционерот кој треба да ги води. Но, дали е така? Бучковски сакајќи или не, потклекна под притисокот на Груевски; покажа слабост и попустливост која можеби ќе го чини повеќе во иднина. Доколку ги загуби изборите, ќе биде посочен од своите како главен виновник, некој што не сторил доволно да ја заштити СДСМ-овската елита. Народна на Георгиевски, пак, се покажа дека не е фактор на политичката сцена. Иако со најбројна пратеничка група, не успеаја да добијат ниту едно од своите барања. Останаа политички изолирани. Чии рецепт е поуспешен, за тоа ќе пресудат гласачите на денот на изборите.
јузер Супер!:) Има време до тогаш да размислам за кого ќе гласам!:)
Makedon [:D]
quote:
Originally posted by јузер
Супер!:) Има време до тогаш да размислам за кого ќе гласам!:)
ti veke znaes- ke si glasas za SDSM. Sto je ti e mislenje? [:D] Koj SDSMovec razmisluval?
јузер Da ti kazam pravo Makedon, koga ke gi zemam na kantar bUCKo i Gvujo za bUCKo poprvo bi glasal :) Samo jas se mislam za koja autsajderska partija da glasam :))
intel Makedon, klasika dpmnovska si, dovolno e nekoj da kaze deka kje razmisli i vednas e za sdsm, ccccc bog da cuva. Kje skapete vo opozicija:))))
dejan haha super, jas bi trebal do togas da bidam vo Makedonija, i jas ke glasam;)
wolf_pack dejane бре заеби такви работи, иди најди си некое згодно момиче да си кампувате заедно негде :)
VeGaS Ko kje cheka do Juli da im zatneme pak usta na Vemeroofcite u pm?! Ej, u MKD kje bidam togash, hahaha, ushte eden siguren glas za SDSM! I posle u prvata kola koa kje se sviri niz grad vo ime na pobedata! [8D]
wolf_pack Има експерти за нервно у воената болница...за победа/загуба знаеш, секој различно ги сфаќа, па пијончињата партиски сакат 'contributions' исто...само пијончињата не верувам да знаат кого им е крал а кого кралица, а уште појќе е чудно за што се борат... дејане чуеш ли? Една Виничанка да си најдиш и по Плачковица салата да праите [:D]
dejan haha ok ke te poslusam tebe wolf pack[:D] Poubavo taka ke pominam mesto da glasam....i taka DPMNE ke pobedi[:p] hehe
трендафил Господ памет да ни даде и да ни биде на помош да не се фалсификува волјата на народот.
tomislav1978 Na 5 Juli ke go dobieme glasot na narodot, i suvereno ke prodolzime da vladeeme so Makedonija. Da zivee Makedonija da zivee SDSM