Лута азбука-Совети за вашите деца |
Mona Lisa |
Малите деца знаат често да ни се налутат.
И тогаш плачат, пискаат клоцаат, удараат..
Но како, како родители да ги спречиме овие негативни реакции кај децата.
Тука во Холандија педагозите дале свои размислувања како родителите да постапат во вакви ситуации.
За вас подолу ја почнувам Лутата азбука можете и вие да дадете свои размислувања,дали се согласувате или не и зошто да или не...
И најважното прашање помислете како реагирате вие кога сте лути..можеби вие самите давате лош пример на вашето дете..[?] |
Mona Lisa |
Gledam deka nema replay na topikot...neznam dali go citate ili samo slucajno.., dali vi e interesen ili ne..?Dokolku nema interes, jas mislam deka topicov moze da se zatvori..[V] |
Sunshine |
ne ne, ne da se zatvori. Neam reply, ali chitam. Mozhesh da ja zavrshish azbukata i so po nekolku bukvi vo eden post pa da ide na sticky ako ne i smeta na mafisKumA. |
Mona Lisa |
Ok nema problem.Jas pisuvav po edna bukva deka smetav ke ima komentari vo vrska so toa sto e napisano,ama ok ama vazno e deka citate...[:D] |
Mona Lisa |
Irritant (иритира)
Дете што е лутно или досадно може да ги иритира многу родителите.Најчесто тоа се случува кога самите ние сме изморени или кога сме презафатени.Но треба да внимаваме бидејки самите деца не го знаат тоа.Важно во ваква ситуација е самите да се контролираме.. да здивнеме малку да се соземеме..пример земете свеж воздух на балконот..
Jaloezie (љубомора)
Љубомората е здрава и нормална појава особено се појавува кај малите деца кога добиваат брат/сестра.Не ја игнорирајте оваа емоција туку соочете се со неа и зборувајте околу тоа.Посветете внимание индивидуално со секое дете а понекогаш правете нешто и одвоено. |
RaGeAnGeL |
quote: Originally posted by Mona Lisa
Gledam deka nema replay na topikot...neznam dali go citate ili samo slucajno.., dali vi e interesen ili ne..?Dokolku nema interes, jas mislam deka topicov moze da se zatvori..[V]
super e [:)]samo ti prodolzi si ,evo i sticky go staviv[;)] |
Mona Lisa |
Thx Rage[:X]Mene mi e mnogu interesna temata..i navistina smetav deka ke ima poveke reply ama nema vrska vazno mi e da znam deka vi se dopaga i deka citate. |
Mona Lisa |
Kwaad (гневни)
Децата можат да бидат вознемирени,лути или гневни.Помогнете му на вашето дете кога е гневно потражете ги причините и погрижете се да го смирите детето.
Погрижете се детето да најде свој начин како ке се ослободи од гневот..на пример скокање по подот,или ударање во перница.Како родител пробајте самите да не станете гневни на детето.
Ако тоа се случи совет-погледнете под,Иритира.
Liegen (лаги)
Децата до осум годишна возраст и всушност не знаат да лажат.Тие се во етапа од нивниот живот во која не можат да прават разлика помегу вистинскиот свет и нивната фантазија.
На децата им треба фантазија за да ја надополнат стварноста.Лагата што малите деца ја кажуваат не можеме да ја наречеме лага туку детска фантазија.
На пример детето наместо едно бомбонче зема четири, ако го прашате колку зело тоа ке одговори-едно.Не го казнувајте поради тоа туку можете да речете:Знам дека не зема едно туку четити така неможе и покажете му на детето дека така не може.Не се лутете туку објаснете му дека наредниот пат не може така.
|
Mona Lisa |
Вода мислам дека дека премногу ги оцрнуваш холанганите сите луге не можат да се стават во исти кош.
Јас сум мажена со холанганец,опкружена речиси само со нив и немам навистина лош збор за нив, сите живеат посебно никој не се дрогира ниту пак се е дрогирал порано,сите се речиси не пушачи[:D]едноставно нормални[:)]Со децата се прекрасни и прекрасни родители се...
Или јас ги немам оние лошите сретнато или пак ти ги немаш оние добрите сретнато...[:D] |
Mona Lisa |
Туку топикот не е за холанганите па јас да си продолжам мојата азбука:
Cabaret (kabare, prestava)
Ако детето почне да ни глуми нешто да ни дава некоја престава, се разбира во негативна смисла, подражете го моментално детето и речете на пример:
Леле колку убав кловн си ти ајде уште еднаш да те видам како убаво го правиш тоа може ли и јас со тебе да си играм..?
Следете го малку додека тоа не заборави а играта насочете ја во друга позитивна насока.
|
Unreal |
Мене од секогаш ми успевало низ разговор да го смирам детето.Дури понекогаш ми се чини дека разговарам и со возрасен човек,од кога ќе се разбереме.Секогаш гледам да најдам некој компромис во која ни јас ни тој нема да се најдеме оштетени,т.е никој да не попушти заради другиот и дека со разговор (договор) сме го добиле она што и двајцата сме го сакале.Го учам на закани да не реагира,туку да ги игнорира и дека се може да се постигне со разговор (муабет по нашки[:D]) |
Mona Lisa |
Dreinen (жалење со плачење-лигавење)
Некои деца ако не го добијат тоа што го сакаат почнуваат да се жалат да плачат да се како што викаме ние лигават.
Да пробате да му го свртете вниманието е креативен но не секогаш успешен начин да го смирите вашето дете.
Жаленњето со плачење може да биде метод на вашето дете да провери колку далеку може да оди...колкаво е вашето стрпление.
Затоа е важно за родител јасно и гласно да каже и покаже кои се границите до кои може тоа да оди.
Ако детето продолжи и понатаму ставете го на местото за казна(во ходник на посебен стол)
Но внимавајте никогаш не ставајте го во неговата соба бидејки таа треба да остане сигурно место за него и место за спиење и одмор.
Исто така не ставајте го ни во темни простории тоа ги плаши.
Но пред да го казните детето предупредете го два пати и ако тогаш не слуша третиот пат казнете го.Местото за казна треба секогаш да биде исто место.
Со тоа што го ставате детето на казнетото место му давате можност да се самото смири.Кога ке престане дури тогаш може да го напушти местото.
Важно за вас во овој момент е да останете смирени и да не покажете дека сте лути.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Детето да се лути и да плаче без причина не е исто.
Кога детето ни се лути важно е да бидете со детето да разговарате и да го утешите а не да го казнувате. |
Mona Lisa |
Emotioneel (емоционални)
Кога некое дете е преплавено со емоции позитивни или негативни морате да го подржите и држете блиску до себе.
Исто така пробајте да го разберете него и неговите емоции. |
Mona Lisa |
Значи почнуваме со
А-Аfkoelen (оладување,смирување)
Ако детето клоца,плаче,удира не го казнувајте веднаш.
Најпозната казна за децата тука е детето да се постави во ходникот или на посебен Магарешки стол како што нам ни се познати..
Но најпрво детето треба да го предупредиме за тоа да го оствиме малку да се смири,олади..
Но ако тоа продолжи да писка плаче без причина едноставно испратето го во ходникот по казна додека не се смири. |
voda |
se slozuvam do nekade so holanganite no ne i vo sve.sum videla na pr vo prodavnicite kako holandski deca se prpelaat po zemi kade sto ima razni bakterii itn pa roditelite gi ignoriraat i nikomu nisto.Po 15-god vo holl ne sum videla ni edno dete od balkan kako vo prodavnici vriska paga na zemja itn.Toa po moe znaci deka nivnite deca ne dobivaat dovolno vnimanie od svoite roditeli kako i objasnuvanja za nekoi raboti nivniot mentalitet e mnogu poinakov od nasiot[nasite deca se intelegentni retko imaat problemi vo skolite od malecki se obrazuvaat dvojazicno itn]moite deca ne reagiraat pozitivno na kazni tuku so objasnuvanja zosto nekoi raboti se kako sto se i togas gi vklucuvaat i svoite glavi vo razmisluvanja . |
Mona Lisa |
Јас мислам дека баш затоа се трудат колку што е можно повеке да ги посоветуваат родителите како да постапуваат..
А инче деца што се тркалаат по земја и врискат и плачат има секаде сум видела и тука и кај нас.Во Холандија работам во детска градинка и верувај сум видела се од крајно културни и воспитани деца до оние што се тркалаат по земја кога не е понивно..Не може да се каже во глобала холандските се вакви нашите вакви..
А тоа дека нашите деца добиваат повеке љубов и внимание тоа е целосно и точно.
Не само твоите сите деца не реагираат позитивно на казна..но верувај не сите деца се разбираат со убав збор...понекогаш мора и казна..И детето мора да научи што смее а што не. |
Mona Lisa |
Boos (лути,вознемирени)
Кога децата ни се лутат и кога се вознемирени тие не знаат сами како да се смират.За нив важно е да почуствуваат дека има некој кој ги разбира па затоа никогаш не велете: Прекини таму,доста е.
Потрудете се да разберете зошто детето се лути и зошто е вознемирено.
И место да речете:Прекини таму,доста е можете да отпочнете разговор на пример:Зошто се лутиш бидејки не можеш ли телевизија да гледаш..кажете ја причината зошто не може и пробајте да го смирите. |
voda |
toa e normalno da si go smiris deteto so ubav zbor.Toa znae i dobro da objasni sto go maci bez razlika na negovata vozrast.Ako nie sme dobri roditeli i navrema uvideme sto go maci naseto dete -holanganite bi go iskarale svoeto dete i bi go naterale vo soba za tie samite da imaat poveke slobodno vreme a od svoite deca nepotrebno pravat imbecili i seto toa go pravat se dodeka decata ne napolnat 18-god pa gi brkaat od doma sami da se snaogaat i zato vo hol-site luge ako gi prasas vo toj period od zivotot se zapoznale i so drogata |
Mona Lisa |
Frustratie (фрустрации)
Обеатете внимание ако некое дете е фрустрирано.
Ако на пример детето сака да се вози на велосипедот но не успева во тоа никогаш не велете дека тоа не знае да вози или дека не мѕ успева туку кажете му дека возењето велосипед не е лесно и дека ке научи со вежбанње и пробување чекор по чекор.
На овој начин го подржувате детето и го охрабрувате понатака да пробува. |
Mona Lisa |
Gemeen (зло,злочко)
Здраво дете помало од 4 години не може да биде зло но сеуште треба да го откри светот околу себе.Но сепак однесувањето не детето може да им изгледа зло на родителите.Ова всушност е поради тоа што детето не може потполно да се изјасни преку зборови.
Таквото однесување треба да се поправи од родителите бидејки детето треба да научи што смее што не смее. |
Mona Lisa |
Huilen (плачење)
Кога вашето дете плаче без некоја посебна причина оставете го да се исплачи а по кратко време земете го при себе и пробајте да го смирите, да го утешите. |