Unreal |
до девица на првата брачна ноќ
Преземено од дневник
Ласерско „подмладување“ на вагината
Најпопуларните оперативни зафати се моделирање и кратење на предолгите или виснати „усни“, инјектирање масно ткиво во „усните“ и реконструкцијата на хименот
Липосукцијата, фејс-лифтингот и зголемувањето на градите одамна имаат свои следбенички, но од пред неколку години се поголем број жени се подложуваат на козметички операции на своите генитални органи.За само неколку години овие медицински зафати станале вистински тренд. Во Канада и во САД десетици клиники ги нудат овие оперативни зафати, привлекувајќи илјадници клиенти од целиот свет. Од неодамна и лекарите во Франција, Шведска, Индонезија, Чиле, Австралија и во Доминиканската Република почнале да работата во таа област. Најпопуларните оперативни зафати, според лекарите, се затегањето на вагината за да се зголеми женското сексуално задоволство, оформување и кратење на предолгите или виснати „усни“ на вагината, инјектирање масно ткиво во „усните“ и реконструкција на хименот, што е особено интересна за жените што имаат културолошки интерес да се омажат како девици. Жанет Јарборо (40), медицинска сестра од Сан Антонио, Тексас, вели дека се решила за хименопластика, односно „враќање“ на хименот, како специјален подарок за нејзиниот сопруг за 16-годишнина од бракот.
Кога се венчавме не бев девица и помислив дека најдобар подарок за годишнината ќе биде да ја вратам невиноста за мојот сопруг. Тоа беше сентиментален подарок, нешто што можев да го сторам само за него и тој беше навистина трогнат - вели таа.
Првите пациентки кај кои биле извршени овие зафати се лекувале од инконтиненција и ги решавале компликациите произлезени од породувањето. Дел од нив по извесен период се фалеле дека по операцијата сексуалниот живот значително им се подобрил, вели хирургот д-р Дејвид Метлок од Лос Анџелес. Со ширење на вестите и со мала реклама пред неколку години, тој одеднаш бил преплавен со барања од жените за затегање на вагиналните „премини“. Некои жени доаѓале со порнографски магазини во рацете, барајќи операција со која гениталиите ќе им изгледаат како тие посочени на фотографиите во нив.
Не ми се допаѓаше како изгледа мојата вагина и како ме правеше да се чувствувам. Ги гледав сите тие девојки во „Плејбој“ и мојата вагина воопшто не личеше на нивните. Знам дека промената не можат да ја видат сите, но мене ме прави многу посреќна и позадоволна со себеси -вели една 21-годишна студентка, која побарала да остане анонимна и која пред шест недели ја моделирала внатрешната „усна“ на вагината.
Подоцна на таа операција се подложила и мајка #. Лирој Јанг, копретседател на американското Друштво на пластичните хирурзи, предупредува дека вагиналните козметички операции не се безопасни и со себе носат определен ризик.
Метлок ја рекламира процедурата во Институтот за ласерско подмладување на вагината како начин за подобрување на сексуалниот живот, наместо како гинеколошка процедура за решавање медицински проблеми. Никој не зборува за можните ризици - вели тој.
Јанг предупредува дека користењето на терминот „ласер“ е лажалка зашто ласерот се користи само за почетното зарежување на ткивото
|