Vesti
Vesti
BorisVM Shto se sluchuva vo vashiot grad? Mislam deka bi bilo navistina interesno da razmenuvame informacii shto se sluchuva vo gradot vo koj shto zhiveete. Kaj ima Makedonska ili Srspka zhurka, dobra kafana, itd...
gcukarski Prvo me interesira da vidam sto kje komentiraat drugite na ova, posebno Strelec posto negovoto mislenje e sekogas najobjektivno, pa posle jas kje komentiram. Dali sum jas sam so moite razmisluvanja na ovaa tema?
gcukarski E mnogu se sakame i se gordeeme sto sme makedonci, neli? Site odime na srpski zabavi, a na tie sto organiziraat makedonski zabavi im se podsmevame. Ludnica!
Goran-Skopje Chukarski, pa i taka se slusha turbo-rock na makedonski zabavi, isto ti doagja druze.[:)]
Strelec Слушањето српска музика не значи никакво предавство... Тоа што луѓето сеуште сакаат да ја слушнат (а Богами и видат) Цеца е последица на до скоро заедничкото живеење со Србија... Тоа ја разликува Србија од другите балкански држави... Значи, се работи за навика, а не за југоносталгија... И таа навика полека, како што одминува времето, ќе се губи... Јас порано многу сакав да слушам музика од југословенските простори (Бијело Дугме, Рибља Чорба, Ѓорѓе Балашевиќ итн.), а сега таа музика ја слушам ептен ретко! Не ми текнало одамна да побарам некоја МП3-ка и да ја пуштам... Меѓутоа, кога би прочитал на топиков дека (на пример) Ѓорѓе Балашевиќ гостува во мојот град, со задоволство би отишол да го слушам... И токму тоа е намената на овој топик!
gcukarski Strelec, potpolno si vo pravo. Jas mislev na tie makedonci sto "uzivaat" vo turbo folk, i koi za "Stoja" dusa davaat, a koga kje im kazes za Tose Proevski, pojma nemaat ni edna pesna od nego ne znaat. Znam deka ima turbo-folk na site makedonski zabavi, ama toa e sto da pravime. Pozdrav.
Der_Beste На бугарската забава на која што бев исто така се пушташе српска музика, и Стоја ја имаше. Дали Бугарите се „продадени души“ затоа што уживаат да слушаат српска музика? А од Тоше Проевски незнам ниедна песна, ниту пак сакам да знам. Таканаречени пејачи од типот на Тоше, син му на Драган Вучиќ и слични воопшто не ме интересираат. Во Македонија имаше едно време квалитетна музика која што се слушаше во цела СФРЈ, како на пример Леб и Сол, Мизар, Анастасија, Архангел, а и Санаториум беа одлични. Музиката нема национална определба, слушам квалитетна музика. Ако музиката што ја слушам е македонска, тоа значи дека ја слушам затоа што е квалитетна, а не затоа што е македонска.
dejan Vo Brisbane, sto blisko do 'zhurka' se igrankite. Nikogas ne odam....pa za toa koga Srbite ke organizirat golema zhurka za mladi, site Makedonci odat tamu.
Der_Beste Зашто прашуваш каде има српска журка? Ова е македонски форум. Ако веќе прашуваш за српска журка, треба да прашаш и за бугарска и за грчка. Јас бев минатата сабота на бугарска журка во Келн. Запознав 4 згодни Бугарки, уф, што да ви раскажувам. Цел клуб беше полн со згодни Бугарки. Следниот пат одам пак. А најдобрата другарка ми е инаку Гркиња. Малку за промена, да видите дека Македонците не се дружат само со Срби, туку и со останатите ни „мили“ соседи. :)
BorisVM Prashuvam za srspka, ne gi spomnav Grcite i Bugarite od prosta prichina shto toa se podrazbira. Ovde kako shto gledam site odat na site zhurki.