Караула
Караула
јузер Филмот „Караула“ на хрватскиот режисер Рајко Грлиќ, заеднички проект на бившите југословенски републики, сниман минатата година на локации во Охрид, Битола и на Галичица, го почна своето прикажување. "Караула" ја следи приказната на војниците кои во 1987 година на македонско-албанската граница ги бројат деновите до крајот на војниот рок. Но, ситуацијата која на почетокот на филмот тече доста лежерно и забавно, доловувајќи ја автентично целата атмосфера на "здодевното" одминување на воените денови, ќе го има својот пресврт кога поручникот Пашиќ (Емир Хаџихафизбеговиќ) ќе открие дека има сифилис. Младиот далматински доктор Синиша (Тони Гојановиќ) ќе биде неговиот главен повереник, кој ќе го лечи, но и ќе се впушти во страствена љубовна врска со неговата жена Мирјана (Верица Недеска), а збрката која ќе настане кога Пашиќ ќе прогласи воена состојба за да ја избегне средбата со жена му, ќе ја доведе до кулминација проблематичниот Љуба Пауновиќ кој ќе одлучи да оди на Титовиот гроб. "Караула" е филм за луѓето, впрочем како што и најавуваше Рајко Грлиќ, филм кој се фокусира на обичните луѓе и на сето она што го навестува или не, скорешното распаѓање на државата. Филмот целосно се обидува да ја избегне пропагандата и политиката, иако сето тоа на свој начин е исцртано во неговата позадина, а особено преку апсурдот симболизиран во одлично избраните архивски снимки од пред речиси точно 20 години. По скопската премиера филмот оди во сите други поранешни југословенски републики, а со него се разбира и екипата. Според новинските статии овој филм секаде се очекува со нетрпение, а оние кои имале можност да го видат на неговите пробни, затворени проекции веќе топло и го препорачуваат на својата публика. Во Скопје филмот продолжува да игра следните две недели, најавувајќи го неговото понатамошно живеење за и со публиката, за која пред се овој филм и е направен. Бидејќи, како што изјавуваше Рајко Грлиќ, кој и сега останува на тоа, овој филм е направен за да постави прашања и да проговори за тоа кои се луѓето кои за само некое време ќе се претворат во убијци, жртви, бегалци... Филмот, како што рековме, ја доби и европската поддршка, а колку овие прашања ќе допрат на вистинскиот начин до нив, останува да видиме. [img]http://www.preminportal.com.mk/images/OdVesti/karaula2.jpg[/img] (Тој во средината е поручникот Пашиќ) [img]http://www.preminportal.com.mk/images/OdVesti/karaula5.jpg[/img] (Мирјана и Синиша)
dada Sani
quote:
Originally posted by аргентинец
Баш денеска ги гледав постерите можеби ќе одам да го гледам. Капетан Јузер ти го гледаше ли, го бива или не? :-)
Koga kje pocne da se prikazuva filmov vo Veles?
ZooGraf Sum ja cital knigata, odlicen humor, se nadevam i filmot ke bide takov!
wolf_pack може ли и јас да ви досаѓам за една копија?:) п.с. Нигде не можам да го најдам Големата Вода, треба на порачка само да го барам...професоре кажи ако треба да праќам една кутија со празни ДВД, све у паќет нека иде :)
profa Znaci cekam na mail edno DVD od Juzerot :)
јузер Две дивидија добијаш, за ако не го сватиш филмот од едното можеби од другото дивиди ќе го сватиш :)
dada Sani Gi poglednav klipchinjata ovde http://www.borderpostmovie.com/download.php i bi sakala da go gledam filmov. Barav da vidam dali kje go davaat ovde, ama ne najdov nisto:( P.S. Juzer ela da mi te bacnam za ova
quote:
ако не го сватиш филмот од едното можеби од другото дивиди ќе го сватиш
[:D]
profa
quote:
Originally posted by јузер
Две дивидија добијаш, за ако не го сватиш филмот од едното можеби од другото дивиди ќе го сватиш :)
ooo znaci dolg nekoj film ke da e pa ne go sobira na edno dvd be Juzere? Inaku as for nerazbiranje na film si imam ja experti bre tuka,na uvce ke mi go prepejat ako treba [:D][:D][:D][:D]
profa Golemata voda go ima na netflix,moze da go naracam ama ne znam posle kako da ti go kopiram.Inaku znam deka go imase na dc++. A jas u kino go gledav tuka
The_Crow ja denesko go gleav u bioskop dosta began film. Podobri seks sceni neam videno svaka cast.
dada Sani Разговор со Владимир Анастасов, продуцент "Караула" на врвот на гледаност во регионот Какви се импресиите од прикажувањето на "Караула" во Србија, во Босна и во Хрватска? Оттаму доаѓаат навистина убави одгласи, но како беше навистина таму? - Импресиите се навистина големи. Во Белград на премиерата во Сава центар имаше над 3.600 посетители, пополнети беа и оние резервни места од страна, а многу луѓе го гледаа филмот стоејќи. Импозантна беше премиерата во Сараево која се одржа на 24 март на стадионот "Зетра". Премиерата таму личеше на оние премиери на отворање фестивал од А категорија или како на доделување "Оскар". Беа присутни 7.500 луѓе и тоа беше една од најголемите премиери на овие простори. Во Загреб премиерата се одржа во мултиплексот "Синестар" и тоа паралелно во три киносали каде што имаше некаде околу 1.200-1.300 луѓе. Приемот навистина секаде беше одличен, а во овие градови на премиерите беше дојдена и целата политичка елита, за разлика од Скопје каде што беше присутен само министерот за култура, Благоја Стефановски, и амбасадорите на овие земји. Дистрибуцијата на "Караула" веќе започна во сите овие земји и се зборува за фантастични цифри. Какви се твоите сознанија за овие земји, но и за кај нас? - Проблемот е што секаде има бокс-офис, има релевантни показатели, само кај нас нема. Хрватските медиуми велат дека за четири дена "Караула" го виделе 11.500 гледачи, во Босна има околу 3.000 гледачи на ден, а во Србија досега мислам дека филмот го виделе 100.000 гледачи. За Скопје немаме сигурни показатели, но приближно дневно имаме по 200-300 гледачи, што според некои неофицијални параметри е десеткратно повеќе од другите филмови на кои дневно има по 20-30 гледачи. Каде оди "Караула" понатаму? - "Караула" не продолжува да игра во Скопје, бидејќи нема киносала, но продолжува низ Македонија, од 10 април оди Битола, на 22 и 24 април во Струга и во Охрид, потоа во Куманово, Велес, Гевгелија, Штип, Неготино, секаде каде што има нормални услови за прикажување. Со оглед на тоа што сакаме да одиме на некој од големите фестивали, лимитирани сме, односно според пропозициите филмот може да се прикаже само во земјите кои се продуценти. Што се однесува до дистрибуцијата, неа ја презема големиот европски дистрибутер "Пирамид интернешенел" од Франција. Македонија вложи 250.000 евра во овој филм, кажете ми дали има математика, ќе се вратат ли парите? - Рано е да се каже, но мислам дека тие веќе се вратија. За време на снимањето тука директно се потрошија милион евра, односно четирикратно повеќе од вложеното. Од експлоатацијата на филмот мислам дека тие пари што ги даде Министерството, секако, ќе се покријат. Најголемиот бенефит од влегување во копродукција е ако филмот се снима тука и ако тука се потрошат парите, а од тоа имаат корист уште милион институции врзани за филмот. Додека го снимавме "Караула" во Битола и во Охрид, сигурно беа ангажирани уште 50 или 100 фирми. Очигледно е дека последните години заживеа продукцијата, но уште многу работи треба допрва да се решат. Кажете ми колку сте задоволен, колку навистина се сменети правилата на игра? - Од страна на Министерството последните пет-шест години се сфати тој сенс за кинематографија. И претходниот и сегашниот министер застанаа целосно зад филмот и се покажа дека е исплатливо, ние сме два милиона жители, а се промовиравме пред неколку милиони луѓе. Условите за работа во Македонија секогаш биле тешки, особено што не се јавуваат спонзорски пари во филм. На Србија, која има 8-10 милиони жители, министерството Ј дава 100-150 илјади евра за филм. Тие финансиските конструкции ги затвораат со комерцијални спонзори. Кај нас тие како и да не постојат. Мислам дека мора многу да се работи на законот за оние фирми кои би можеле да ги доделат тие средства за да имаат некаков бенефит. Бидејќи многу е важно да се одржи континуитет, тоа е единствен начин да се подобрат тие услови за работа. Во моментов кој било странски продуцент ќе рече дека во Македонија нема услови за работа, нема ниту една рентал-компанија која се јавува во која било друга земја во соседството, да не зборувам во Европа. Немаме лабораторија за обработка, мислам дека има едно постпродукциско студио, нема претставник за филмска лента, не произведуваме лента, а давачките за филмска лента се катастрофални. Кај нас има само одреден број филмски професионалци и желба за снимање, сў друго земаме однадвор. Што ќе се смени со филмскиот фонд? - Па мислам дека е некаков зачеток на поставување и третирање на овие работи, со него ќе се загарантира континуитетот на производство. Тој би требало како автономно тело да си постои сам за себе, не само што ќе дава пари туку и ќе ги собира парите од страна на продуцентите, бидејќи досега не знам дека некој продуцент вратил пари и да има заработка, тој не може да врати во буџетот, бидејќи тоа е незаконски. Досега имавме некои релации со Хрватите и со Словенците и факт е дека колку сме инвестирале кај нив тие толку вратиле, има некој реципроцитет. Мислам дека фондот целосно ќе се посвети на производство. За жал, денеска е вратен од собраниска процедура од страна на Министерството за финансии. И покрај тоа што одржавме неколку трибини, не успеавме да ги разубедиме, тие се плашат дека ќе се отворат дополнителни работни места иако не е така, затоа што ги има во Министерство за култура. Колку губиме со сето ова? - Она што е најважно е дека ќе го изгубиме континуитетот, особено ако на министерската функција дојде човек кој не сака да поддржи филм, тоа ќе биде избор или стратегија на таа гарнитура. На тој начин е необврзно, додека со фонд тие пари се загарантирани, не може да има прелевање на средства. Македонија пред извесно време изгуби совршена можност дел од холивудскиот филм "Претскажување 666", кој е римејк на "Претскажување" и во кој играат Миа Фароу и Џулија Стајлс, да се снима кај нас. Што се случи? - Законот за додадена вредност е смртен непријател за сите тие сервиси. Имено, "Твенти сенчери фокс" снимаше филм за 80 милиони евра и сакаше дел да снима во Македонија. Но, продуцентите ги интересираше дали можат да си го вратат ДДВ-то. Таа клаузула постои секаде во Романија, Хрватска, Србија, Бугарија, само кај нас не. Управа за приходи го толкува тоа така и секогаш сме за 18 проценти поскапи од земјите во регионот. Тоа е директен влез на пари кои се трошат тука, потоа ќе се ангажираат од 100 до 200 луѓе. Стануваше збор за филмот "Претскажување 666", кој потоа го снимаа во Италија. Нашата земја им требаше заради локациите, им требаше нешто што личи на Ерусалим, а што мислам дека можеше да се најде во Охрид. Тие имаа подготвено 700 илјади долари буџет за тие десет дена снимање. Во Бугарија, во последно време и во Романија, а да не зборувам за Чешка и Словачка, тие живеат од сервиси. Во Бугарија се снимаат 12-15 филма годишно само странски продукции. Македонија има капацитети, логистички е добро поставена, таа е мала земја, а на неа имаш сў, езеро, планини, долини, пустини, но не знаеме да го искористиме тоа. Зборувавме за продукцијата, но се чини дека состојбата со дистрибуцијата и презентацијата на нашите филмови надвор е уште полоша. - Мислам дека кај нас има увоз на филмови, ама нема извоз. Не познавам македонски дистрибутер што застанал зад македонски филм да го пласира надвор. Последните 10 филма сите имаат странски дистрибутери. Кај нас не е разработена таа релација продажен агент - дистрибутер - крајни корисници, а и нашите дистрибутери не одат на филмските маркети. Што се однесува до презентацијата, сите имаат некои разработени системи, освен ние, а тоа е од витално значење за кинематографијата, но и за привлекување странски продуценти. Бидејќи, на тој начин, не се презентира само филмот, туку локации, услови што ги нуди земјата, креативен потенцијал, кастинг-агенции, лица или актери. Кај нас сў се сведува на иницијатива на поединци. Инаку, и тоа е врзано со филмскиот фонд, кој предвидува и одреден буџет за презентација и кој ве принудува да се нудите на фестивали за да ги рефундира своите пари.
аргентинец Баш денеска ги гледав постерите можеби ќе одам да го гледам. Капетан Јузер ти го гледаше ли, го бива или не? :-)