Шалтање од партија во партија |
Strelec |
Додека некои сменија само по една партија, други направија долга прошетка низ партиските опции па речиси секоја втора година беа во различна партија. Тука водат Слободан Чашуле со сменето вкупно шест партии, потоа дел од членовите и пратениците на ДА кои сменија по 3-4 партии и пратениците на Борис Стојменов, кои, ако се смета и нивната партија Вистинска, сменија три дреса.
По масовност при трансферите убедливо води ВМРО-ДПМНЕ - му избегаа 13 пратеници и во Народна му се прешалтаа илјадници членови, а му се вратија старите кадри кои избегаа од Љубчо. Во Земјоделската на Марјан Ѓорчев трансферираа 4 пратеници.
Во менувањето дресови не останаа покуси и Албанците, каде рекордер е Хисни Шаќири. Најмасовни трансфери бележи ПДП од каде побегнаа 20-тина видни луѓе во ДУИ.
Тука некаде се и неколку либерали на Андов кои сменија по два дреса, а нови партиски дресови облекоа и неколку важни стари пајташи на Пенов што од неговата ЛДП му ги зеде Лиле Поповска.
|
VeGaS |
am se prevrakjaat ko riba na suvo |
трендафил |
Кај нас нема политички партии, т.е. здруженија на граѓани окулу една политичка платформа. Се работи за здруженија од интерес каде врвот се бори за власт и собирање на кајмакот, а дното за некое било какво работно место. Ниту основната поделба, на леви и десни партии не е запазена. Кога се во опозиција сите се ултра леви кога се работи за работните и социјалните права, а ултра десни кога се работи за етничките интереси, но со доаѓањето на власт работат се` обратно.
|
Unreal |
КДВ
Каде Дува Ветрот,
така се вика таа партија [:D] |