toni_a |
Жито Лукс лани работел со загуба од 179 милиони денари
Прехранбената индустрија Жито Лукс од Скопје лани остварила загуба од 179 милиони денари во своето работење, пишува во финансискиот извеШтај на компанијата кој беше одобрен на акционерското собрание. Загубата од работењето на компанијата акционерите одлучија да ја пренесат за идната година и да се покрие со добивка која би била остварена во некоја од наредниве години. Менаџментот на компанијата за да ги оствари зацртаните мерки на преструкутирање на компанијата на дел и да ги намали идните можни загуби реши на вработените да им понуди паричен надоместок за доброволно заминување од работа. За сите лица што имаат повеќе од 25 години стаж компанијата ќе исплати 2.800 евра и уште 6 просечни плати. За лицата што имаат стаж од 20 до 25 години компанијата нуди 2.500 евра, а за вработените со стаж меѓу 10 и 20 години дополнителни 2.000 евра. Тие што имаат работен стаж до 10 години ќе добијат шест плати и уште 1.000 евра.
(Тотал)
----------------------------
ne se jade li povekje leb vo MK?? |