Македонска влада 1998-2002 | |
Strelec | Ајде малку времеплов! Како ја оценувате работата на македонската влада во периодот 1998-2002 година? Меѓутоа, без да се врти муабетот кон сегашнава власт и без да се прават споредби, пошто на тој начин дефинитвно не би имале конструктивни дискусии... Особено ме интересира ставот на симпатизерите на сегашната опозиција... Дали мислите дека тоа беше добар период за Македонија? Дали мислите дека тогаш немаше криминал? Дали мислите дека Македонија во тој период грабеше со брзи чекори кон ЕУ и НАТО? Дали Македонецот живееше убаво (не симпатизерите на ДПМНЕ, туку воопшто Македонецот)? Дали Македонецот беше среќен? И конечно, ако дојде случајно ДПМНЕ на власт, дали би сакале во Македонија ДА СЕ ПОВТОРИ истиот тој период уште еднаш? п.с. Апелирам уште еднаш да не ја анализираме работата на владите пред 1998 и после 2002 година... Прашањево се однесува само за периодот меѓу 1998 и 2002 година! |
Unreal | http://www.vest.com.mk/default.asp?id=33717&idg=2&idb=568&rubrika=Revija еве мал дел да се потсетиме сите....посебно ..се знае кој [;)] |
Josip Broz | quote:Извадок од “Вест“ од јануари 2002: Не ме зачудува дека гениозната маркетиншка идеја за презентација на економските резултати на владеењето на персоналитети, потекна од партискиот мозок на Кабинетот на Георгиевски, кој речиси четири години ни ја демонстрира тезата дека државата ја поседува како приватна сопственост. Не е чудно што во случајов статистиката треба да го докаже тоа што сакаат да се докаже - дека Владата на Георгиевски беше поуспешна од Владата на Црвенковски ... треба да се вбризгаат принципи на воодушевување за остварениот економски полет во амбиент што ги изгубил сите карактеристики на нормален простор за цивилизациски опстанок на човекот", Ако само се подменат имињата, коментарот во целост важи и денес: Не ме зачудува дека гениозната маркетиншка идеја за презентација на европските резултати на владеењето на персоналитети, потекна од партискиот мозок на Кабинетот на Бучковски, кој речиси четири години ни ја демонстрира тезата дека државата ја поседува како приватна сопственост (во партнерство 50:50 со УЧК, разбира се). Не е чудно што во случајов пропагандата треба да го докаже тоа што сакаат да се докаже - дека Владата на Црвенковски-Костов-Бучковски-Ахмети беше поуспешна од Владата на Георгиевски ... треба да се вбризгаат принципи на воодушевување за остварениот евроатлантски полет во амбиент што ги изгубил сите карактеристики на нормален простор за цивилизациски опстанок на човекот", |
Strelec | Друже Тито, го прочита ли ти воведниот текст на овој топик?:) За сегашнава влада имаме милион теми отворено, а ова е топик за владата од 1998 до 2002 година. И некој упорно избегнува да се дискутира за тоа време!?quote: |
Cheche | quote:Profesorkata izgleda ne gi razbrala rabotite, zavrsila fakulet na somnitelen nacin, a takvite najcesto i odat uste pogore[;)][;)][:D] Cisto partisko vojnice, koja plukase na vladata na VMRO duri i na predavanja pred studentite. Veli deka ekonomskiot rast na Makedonija 1998-2002 godina, kako i ekonomskiot PAD 1993-1998 ne zavisel od BC i LjG, tuku od MMF. Spored nea, sega trebase Makedonija da ima pogolem ekonomski rast otkolku 2002 g., no, toa e obrntno. Deka profesorkata e celosno vo greska, dokaz e ekonomskiot PAD vo periodot 2003-2006 godina. Sepak, ne moze da spori so brojkite, pa zaklucuva: Тука се гледа успешноста на резултатите на економското владеење. Во случајов на статистиката на Владата на Георгиевски, метафизичките бројки ги голтнаа луѓето, тие не постојат во нивната статистика. Но луѓето постојат на нашите улици, тие се јавуваат како штрајкувачи, како питачи, како социјално загрозени случаи, како избркани од своите домови, како фрустрирани и исплашени граѓани опфатени од целосна малодушност и недоверба за сопствената иднина под владеачката палка на економски исклучително просперитетната Влада на Георгиевски”, потенцира Николовска. A pred faktite i bogovite molcat, zar ne? [;)] |
трендафил | quote:Дали професорката сака да каже дека ММФ е против СДСМ, па кога се тие на власт полошо ја водат македонската економија? Во тој случај не е ли ова повик да не се гласа за нив? |
Unreal | quote:Потемнетиот пример се однесувва лично за мене...2000 година д-динот Никола Груевски и Г-динот Фатмир Бесими ја турнаа во стечај Стружана од Струга во која работеа двајцата мои родители.За мене ТОА НЕ Е БРОЈКА,АМИ Е ВИСТИНА. Додека е ММФ во Македонија,тешко да може да има економски пораст,Доказ Словенија и ред други држави кои ги откажаа аранжманите со ММФ. Тие за тебе измислени бројки за некого се болен факт кој тешко се поминува и решава,затоа понатака ако не се чувстуваш компетентен да дадеш одговор на некое прашање и ако мислиш дека истото е неосновано излези со конкретни контра-податоци,а не со бројки и податоци измислени само во твојот еднонасочен ум! |
f9 | Marshale ,ne znam dali da se smeam ili da placham na vashava dijagnoza. |
Makedon | Tie sto ja napravija vojnata= UCK, sega se partnjori na SDSM, koaliciski de[:D] |
Goran-Skopje | Off: Strelec, sepak mislam deka ovoj topik e povekje za na seir da se stavi, nishto seriozno nemoze da se napishe ovde. |
tomislav1978 | quote:Ne daj boze uste ednas, dosta ni se stotina siracinja.. |
Josip Broz | Периодот 1998-2002 беше еден од најтешките, но воедно и еден од најсветлите во македонската историја. Пролетерите, водени од најсвесните припадници на марксистичко-ленинистичката мисла, со оружје во рака се кренаа против тиранијата на ненародната власт. Победата е двојна. Како прво, воспоставена е дикатура на пролетаријатот; како второ, отворени се вратите за во НАТО и ЕУ, зашто борбата за слобода и социјална правда се бореше под знамето на НАТО и ЕУ. [img]http://www.realitymacedonia.org.mk/Images/344/Shipkovica20010823PressConference.jpg[/img] Тиранијата на тогашниот режим не смее да се врати никогаш повеќе. |
Strelec | quote:Искрено, не ни очекував дека ќе одговори некој на прашањето дали сакаат да се повтори тој период... Еве прв Makedon види го... Намето да одговори за таа влада тогаш, тој одговара за УЧК и за СДСМ!? Само за да избегне одговор!:( |
трендафил | Прво од 1998 до 2002 година можеби имавме еден премиер, но имаше повеќе влади. Не само една. Во тој период најповеќе партии учествуваа во власта. Затоа и полето за пишување е големо. Не гледам и зошто таа влада да не се споредува со тие пред и после неа. Мислам дека најдобро е да се смени насловот на темава во „Напаѓајте ја владата 1998-2002“ за да бидат некои колеги на форумов задоволни. И дали насловот на темава пред избори не е од политички причини со поента дека доколку другата партија дојде на власт НАТО ќе ја бомбардира Србија и ќе го окупира Косово, ќе ни дојдат бегалци и конечно Али Ахмети со помош на НАТО повторно ќе ја нападне Македонија од Косово. Затоа гласајте за сојузниците на Ахмети и соблечете ги гаќите во интерес на мирот. Пази богати. |
nukleus | Zaboravi da kazesh: -pokrien gaz nikoj ne go pluka!:) |
orlak | quote:и да сакаш нема повеќе таков период, но дефинитивно дека сите ќе го паметат. [:(][:(][:(][:(][:(][:(] п.с мислам дека треба едно 2 месеци 24 часа да се пишува за да се долови атмосферата што “дивееше„ тогаш -бегалска криза косово -тајван -прислушкување -разно разни коалиции -бркање на СДСМ-овски кохштаплери -станинов -љубе -доста и бранко - големо уво -спасов и китановски со УЧК -УЧК -охридски договор -асоцијација стабилизација ЕУ -ддв -телеком -окта -стојменов -ВМРО-ВМРО -Бранко, Тито -крајслери -шверц цигари, нафта, алхохол -кабелски телевизии, концесии охоооооооо итн...[V] |
трендафил | quote:Добро би било и овој перод да се подели прво на два дела, 1999 и 2000 година (затоа што во 1998 не беше формирана влада) и 2001 и 2002 година. Сепак ќе пишувам само за еден период, 2001 година. Ќе ги гледам работите обратно од причината за поставување на ваквото прашање. Основното прашање е дали УЧК ја нападна Македонија за да освои територија што би ја споила со Голема Албанија или се работеше за обид за државен удар за да се симне ВМРО-ДПМНЕ од власт и да се донесе тој што е сега на власт. Интересно е да се разгледува и што ќе беше доколку не се формираше широката коалиција. Дали ја подобри или ја влоши одбраната. Зошто инсистираше на почеток на кризата да се донесе резолуција во која не смее да влезе странска војска во земјата, а потоа да не се буни кога влегоа војниците на НАТО. Дали НАТО е македонска војска? Кога почнаа контактоте на државотворците со УЧК, пред, во текот или на крајот на војната. Зошто Бучковски до скоро беше најомилен македонски политичар меќу албанофоните Македонци кога во војната ја контролираше АРМ, а Љубе Бошковски најнесакан? Зошто етничкото чистење на Албанците (од Македонија требаше да го прави полицијата (Лавовите), а не војската како во другите земји од поранешна СФРЈ и зошто не дојде до тоа? Или да се вратам малку поназад, од почеток. Каква армија и полиција наследи владата на Георгиевски од Црвенковски? Да заклучам. Периодот од 1998 до 2002 беше еден од најтешките во Македонија, но не по вина на владата. Барем не како главен виновник. Да не дојдеше НАТО на Косово, не ќе имаше криза и во Македонија. Првиот дел, со бегалците од Косово беше решен со многу помалку останати бегалци отколку од босанската криза (што ја решаваа Глигоров и Црвенковски). Всушност уште ги ползуваме бенифитите од тоа, односно приближувањето кон евроатланските асоцијации. Една голема дамка владата на Георгиевски има во тоа што не ја спречи ДПС (сега дел од владината коалиција) да ја запали амбасадата на САД. Ајде да кажам не знам зошто, но за тој настан САД се повеќе лути на СДСМ отколку на ВМРО-ДПМНЕ. Втора е неснаоѓањето во аферата прислушкување. Ја заташкуваа наместо веднаш да подигнат обвинение против обелоденувачот на аферата. (Како што сега Никола Младенов од „Фокус“ мора да докажува дали Костов и Црвенковски имаат сметки во Швајцарија). Потоа неснаоѓањето во војната во 2001 година. Не требаше да дозволат формирање на широка коалиција, затоа што после тоа УЧКите повеќекратно ја проширија окупираната територија и денес дури ни се во власта. На полето на реформите во економијата имавме огромен напредок. Имаше многу помал пад на производството во војна, отколку што имаме во периодот од 15 септември 2002 до денес. И покрај наводниот пораст на производството од 4% во последната година. Но и овој пораст не е врз основа на поголем обем на производство, туку на зголемените цени на металите на светските берзи. Може многу да се пишува, но и ова е многу долго. |
Makedon | Како ја оценувате работата на македонската влада во периодот 1998-2002 година? Odgovor: Vo odnos na segasnava togasnata Vlada rabotese so cista 10! Vo odnos na EU Vladite, VMROvskata vlada bese slaba. Ovaa SDSMovskata vlada pak e cista katastrofa. Дали мислите дека тоа беше добар период за Македонија? Odgovor: za Makedonija bese dobar period i za Makedoncite, no bese los za SDSM koi so svojot partner UCK, najdoa nacin da dojdat na vlast vo MKD i da zapoznat so unistuvanjeto na se sto bese izgradeno od VMRO. Дали мислите дека тогаш немаше криминал? Odgovor: sekako deka imase, no ne pogolem od ovoj, segasniov Дали мислите дека Македонија во тој период грабеше со брзи чекори кон ЕУ и НАТО? Odgovor: Makedonija koja do 1998 g. ne vleguvase vo nikakva agenda na EU, stana prv potpisnik na Dogovor za stabilizacija i asocijacija, duri i pred Hrvatska. Makedonija togas bese pred Hrvatska, sega po 3 godini e desetici godini ZAD Hrvatska. Дали Македонецот живееше убаво (не симпатизерите на ДПМНЕ, туку воопшто Македонецот)? Da, imase poveke pari za site, site socijalci zemaa pari, site invalidi zemaa pari i ne im gi namaluvaa sredstvata ili gi briseja od spisocite za pomos kako sto pravi SDSM sega. Dokaz za toa e sto zemjodelcite kii socinuvaat 1/3 od Makedoncite bea zadovolni, bea zadovolni budzetarite so zgolemuvanjeto na platite za 20%, bea zadovolni lugeto od kulturata, bea zadovolni stecajcite od zagubarite (kako Jugohrom, Feni, Okta, FAS, i desetici firmi unisteni od SDSM). SDSM togas ne vikase po VMRO deka ja unistija ekonomijata, ami deka demek ja napravile vojnata. Дали Македонецот беше среќен? Vazno ne bese DEPRIMIRAN kako sega! И конечно, ако дојде случајно ДПМНЕ на власт, дали би сакале во Македонија ДА СЕ ПОВТОРИ истиот тој период уште еднаш? Sekoj saka da se vrati toa vreme, osobeno invalidite, stecajcite i zemjodelcite, sto je se sluci. Edinstveno ne sakam da se vrati crniot plan na UCK i SDSM (so planovite a, b, c..) za nasilna smena na VMRO. |
OooOo | Premnogu pacienti i premnogu partiski zatupenici ima na forumov. Na NIEDNO postaveno prashanje nemozhat i neznaat da odgovorat direktno, a da ne ja umeshaat drugata partija! Ne mi e jasno kako ne se primetuvaat? |
Strelec | quote::))) Па не случајно два пати во мојот пост им го нагласив тоа... Ама сепак џабе!:) quote: |
Strelec | quote:Не сака секој Makedon... Сакаат само оние кои што ДПНЕ го сакаат повеќе отколку што ја сакаат Македонија!:( Никој друг!!! |
OooOo | quote:Verovatno djabe kje bide i da im se nacrta. |
nepobedliv | Jas uste na pocetokot rekov - daj im gi site prava na Albancite. Luge se pobunija, sto ti e be tebe, na kraj uste poveke im se dade. Jas vo eden zbor bi go opisal periodot - godini na spiuni i prljavi igri: Ljube - BG spiun Dzafer - Grcki Ali - USA spiun i Brane - Srpski Kos Vo idnina decata ke ucat vaka: Vo ovoj period Makedonija zakrepna kako drzava i davajki im gi site prava na svoite ziteli stvori temeli za raganje na nova moderna Makedonija. |
Makedon | quote: Prasanjeto koe treba da se postavi e koj SAKA da zivee uste so vlasta na SDSM! Jas sum za DPMNE bidejki bea poarni od SDSM, a da bese obratno sam ke bev za SDSM. Ama sto da praime, SDSM ne znae, SDSM NE umee[;)] |
tomislav1978 | quote:Preska napisa ne si za nikogo, kako sea za DPNE? |