Нашата економија последна на Балканот
Нашата економија последна на Балканот
Makedon http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=E37A6CFE322CA74A9CDC5066BD6DB7CE Македонската економија е најлоша на Балканот, покажуваат статистиките на регионалната маса за економија на Пактот за стабилност. Додека сите други земји од Балканот бележат пораст на извозот на стоки во ЕУ, Македонија во периодот од 2001 до 2005 година го намалила извозот во земјите на ЕУ за 5 проценти. Ваквиот пад е забележан и покрај тоа што на Македонија и' беа на располагање автономните трговски мерки на ЕУ, кои требаше да го зајакнат македонскиот извоз кон Европа. Слична е и ситуацијата со директните странски инвестиции. Македонија е балканската земја за која инвеститорите најмалку се интересираат. Зачудува и податокот што во Македонија, за разлика од сите други балкански земји, нема ниту една европска банка и покрај тоа што повеќе банки се заинтересирале за нашата земја. - Причината е тоа што македонската бизнис-околина не покажува расположение што би ги привлекло инвеститорите, ниту ги охрабрува домашните произведувачи да инвестираат, да произведуваат и да извезуваат. Македонските политичари вербално покажуваат ентузијазам и ветуваат, но сето тоа не се спроведува во пракса - коментираат за „Дневник“ угледни европски експерти за економијата на Балканот. Според нив, Владата на Владо Бучковски работи во вистинската насока, но напорите се повеќе од недоволни. Од Брисел најжестоките критики се упатени на адреса на министерствата за економија, финансии и трговија кои, и покрај ветувањата, не покажуваат резултати за разлика од нивните колеги во Загреб, Белград и во Тирана. Загрижуваат и реформите во судството што бавно напредуваат. Трговците и инвеститорите стравуваат од сегашната неефикасност на судскиот систем, прецизираат познавачите на состојбата. Податоците за трговската размена помеѓу ЕУ и балканските земји беа објавени во понеделникот во Брисел по состаноците на кои забрзано се подготвува политичкото лансирање на зоната за слободна трговија за Балканот. На 6 април во Букурешт ќе има средба на премиерите од регионот, на која ќе присуствуваат комесарот Оли Рен, неговиот колега за трговија Питер Манделсон и австрискиот претседавач со ЕУ, канцеларот Волфганг Шисел. Од средбата треба да произлезе политичка декларација за почеток на оваа балканска зона за слободна трговија, која ќе работи во рамките на постојната ЦЕФТА (зона за слободна трговија на Централна Европа), која беше формирана пред 13 години и која на источно- и централноевропските земји им помогна да се подготват за членство во ЕУ. - Новата балканска ЦЕФТА ќе биде модернизирана во наредниот период и предвидуваме таа да стапи на сила на почетокот на 2007 година. Таа ќе ги замени постојните 31 билатерален договор, кои ја регулираат трговијата во регионот и кои претставуваат главоболка за трговците и за инвеститорите - уверува Мери О’Махони од Пактот за стабилност. Податоците на Пактот за стабилност покажуваат дека помеѓу 2001 и 2005 година балканскиот извоз во ЕУ е пораснат за 38 проценти. Бугарија и Романија најмногу извезуваат во ЕУ но добра е состојбата и со Србија и Црна Гора, чии што економски показатели во последните две години се охрабрувачки, велат експертите, уверени дека тоа е последица на трговските преференцијали што ЕУ ги донесе за регионот. Во меѓубалканската трговија Македонија покажува пристоен резултат. Според податоците, оваа трговија е во пораст, а свој придонес тука имаат постојните 31 билатерален договор за слободна трговија. Тоа ги тера експертите да веруваат дека зоната на слободна трговија што ќе ги замени овие билатерални договори ќе придонесе за подобри резултати во регионот. Во 2002 година меѓурегионалната трговска размена изнесувала 2.6 милијарди евра, а во 2004-та пораснала до 3.5 милијарди евра. Во некои случаи порастот е спектакуларен како, на пример, романскиот - за 47 отсто или босанскиот - за 63 проценти. Македонскиот извоз во регионот за периодот 2002-2004 е зголемен за 22 отсто. Ситуацијата е полоша кога се анализираат бројките на извозот во целиот свет. Тука Македонија повторно покажува најлош регионален резултат на зголемување на извозот од само 9 проценти во периодот 2002-2004, по неа со 10 отсто е Србија и Црна Гора, 20 отсто Романија, 22 отсто Албанија, Бугарија и Хрватска, а најдобра е Босна со 34 отсто зголемување на извозот во светот. Izvestajot se odnesuva za 2002-2005 g., ama avtorot si e komunjar, pa morase da gi vmesa i VMRO [:D]
tomislav1978
quote:
Originally posted by Makedon Izvestajot se odnesuva za 2002-2005 g., ama avtorot si e komunjar, pa morase da gi vmesa i VMRO [:D]
hi hi hi,mnogu smesno, so ke cita ovoj po vesnici otvora nov topik,ne znam dali Boris dava nagrada na onoj so ke otvori povece topici??bar da pocneme i nie drugite..i plus ne go razbiram detevo, za ekonomija ni postira u politika..hihihih katastrofa
Makedon
quote:
Originally posted by tomislav1978
quote:
Originally posted by Makedon Izvestajot se odnesuva za 2002-2005 g., ama avtorot si e komunjar, pa morase da gi vmesa i VMRO [:D]
hi hi hi,mnogu smesno, so ke cita ovoj po vesnici otvora nov topik,ne znam dali Boris dava nagrada na onoj so ke otvori povece topici??bar da pocneme i nie drugite..i plus ne go razbiram detevo, za ekonomija ni postira u politika..hihihih katastrofa
Topikot e za ekonomijata vo MKD, direktno zavisen od politikata. Do sega nema takov topik otvoreno:) Vladata go koci razvojot na makedonskata ekonomija.
tomislav1978
quote:
Originally posted by Makedon Vladata go koci razvojot na makedonskata ekonomija.
Pa imas eden kup topici protiv vladata, so ne postiras tamu
intel Makedon, uporno otvaras topici od tipot na A1 i Sitel vesti.Ziva utpija si.Znaes li kolku losa slika pravis za Nasata drzava.Vakov defetizam ne moze da se ocekuva duri i od najgolemite dusmani.Vas vi e bitna vlasta po sekoja cena ili nesto drugo e vo prasanje.Seto ova sto ti i uste nekolkumina na forumov go sproveduvate procitano od pomladite vo dijasporata koi zaminale kako deca samo gi odvraka od cuvstvoto na Makedonci.Koga bi cital jas vakvi raboti za nekoja druga drzava nikogas ne bi se ni obidel da ja posetam duri i koga bi se rabotelo za mojata rodna zemja. Sto ke vi e vlast vo skapana drzava???? Kako kje ja opravite? Ili kje cvetaat ruzi so Gruevski kako so Georgievski 98. Vrska nemate sto e nacionalen interes, a mozebi i znaete kako istiot se unistuva pa zatoa vaka se odnesuvate. Zatoa od deneska vakvi topici kje bidat briseni, ne zaklucuvani. Sega kje go ostavam 12 casa a potoa kje odi vo "recycle bin", taman da ima vreme da procita sekoj eden pocnuvajki od Boris pa nataka. Nema pregovori, ova e konecna odluka barem dodeka jas se grizam za ovoj potforum.