Kokino |
rina |
Размислував од која дестинација да почнам......и решив тоа да биде еден од најстарите локалитети на територијата на Македонија, а сепак откирен пред само 2-3 години и допрва за него се слуша.
Тоа е магалитската опсерваторија Кокино или попрецизно археолошкиот локалитет Татичев рид во близина на селото Кокино.
Опсерваторијата го добила името по најблиското село Кокино, се наоѓа во општината „Старо Нагоричане“ оддалечена 32 км од Куманово. Опсерваторијата е поставена на врвот „Татичев камен“ 1013 мнв. Според истражувањата на археологот Јовица Станковски кој го открил Кокино пред 2,5 години, и Ѓорѓи Ценев од „Планетариум“ при МКЦ опсерваторијата е стара преку 3800 години, и со неа може да се одредуваат четирите главни позиции на месечината и трите главни позиции на сонцето во текот на годината, есенската и пролетната рамнодневница, како и најдолгиот и најкраткиот ден. Еден посебно позициониран маркер покажува дека можело да се следи движењето на соѕвездието „Плејадес“. Локалитетот е поделен во два дела и опфаќа простор со пречник од околу сто метри поставен скалесто и на платформи. На повисоката платформа се наоѓало централно место со обредно значење. Според археолозите, во оваа област има уште неколку вакви опсерватории.
|
rina |
Велат дека кога небото е јасно, од Кокино може да се гледа во далечина и до 70 километри и дека навечер оттаму може да се види и крстот на Водно во Скопје. |
rina |
Еве едни од понудите за туристички разглед на Кокино:
http://www.gomacedonia.com/kokino.shtml
http://www.exploringmacedonia.com/default.asp?ItemID=48CFCFF235C5534DB6F749D25AF1D6E9 |
rina |
Еве каде точно се наоѓа Кокино
[img]http://www.kumanovo.gov.mk/Kumanovo/Sliki/kokino.gif[/img] |
rina |
Една од позициите од кадешто претставниците на непознатата цивилизација го мереле изгревањето на сонцето и на месечината
[img]http://rss.utrinski.com.mk/izdanija/1758/23757.jpg[/img] |
rina |
Еве уште една фотографија:
[img]http://217.16.70.245/izdanija/1885/29830.jpg[/img] |
rina |
Изјава на астрономот Ѓоре Ценев од Планетариумот при Младинскиот културен центар во Скопје:
„Кокино сеуште нема своја веб- страница, а информациите за опсерваторијата може да се најдат на британски портал на страницата www.megalithic.co.uk и се внесени од Британци. Кокино во изминатите неколку години го посетија астрономи од Бугарија, Словенија, континуирано го посетуваат и преставници странски амбасади, организации, но и екипа на магазинот "Национална географија....опсерваторијата може да се подготви за туристичка понуда, доколку државата вложи потребни средства и интерес. Министерството за финансиии по информацијата од НАСА, најавило изработка на проект за туристичка понуда во соработка со Јапонската влада, а Министерството за култура треба да одвои 500 евра за изработка на квалитетен каталог.“
|
rina |
Еве малку и на англиски [;)]
In October, 2002 near the village Kokino by Kumanovo, in the region of Taticev Kamen was discovered the only megalithic observatory in the Balkans, which by it's value is only one, even in the world. It was discovered by the archeologist, Jovica Stankovski from Kumanovo, who first noticed the two thrones in the center of this location. Helped by an astro-physist Gjore Cenev, it was confirmed that that it's different than the others archeological locations, which Macedonia has thousands. Soon they compared it to the well known English Stonehenge. - "In Taticev Kamen we discovered the Macedonian Stonehenge", said Jovica Stankovski. It was an object that served to a several researches of the Sun and the Moon, built on a Vulcan rocks, on a peak high 1,013 meters above the sea level. It was confirmed that this location is from 1815 BC. But it cannot be mentioned that the astronomy existed 38 centuries ago, back in 1815 BC, when the people didn't even make difference between the science and the religion.
38 centuries ago, on this place the civilization existed, 1,500 years before Alexander The Great (336-323 BC), and that is confirmed by the arthefacts discovered in it's surroundings (bases of houses, ceramic stuff, knives, axes).
|
rina |
Pottery from the megalithic observatory at Kokino. Photo copyright Gjore Cenev
[img]http://www.megalithic.co.uk/a558/a312/gallery/Eastern_Europe/Macedonia/thumb/Kokino_sl22.jpg[/img] |
rina |
[img]http://www.megalithic.org.uk/megp/gallery/gallery/Eastern_Europe/Macedonia/Kokino_sl10.jpg[/img]
|
rina |
[img]http://www.megalithic.org.uk/megp/gallery/gallery/Eastern_Europe/Macedonia/Kokino_sl04.jpg[/img] |
rina |
[img]http://www.megalithic.org.uk/megp/gallery/gallery/Eastern_Europe/Macedonia/Kokino_sl07.jpg[/img] |
Mara |
рина, супер ти е репортажата[;)]
јас сум слушнала за Кокино....ама не и за некои од наведените детаљи. Многу интересен ти е делот за старите верувања и стравови од Кокино![:D][:D]
И баш ме изненади што е 4-то место на листата на НАСА...мислев дека е некаде подолу![;)][;)]
А си слушнала ли и можеш ли да ни кажеш кои се тие други вакви слични опсерватории во Македонија? |
rina |
Фала Маро![:)]
Баш денес читав за тоа дека има друга опсерваторија во кратоввско, но многу научници од таа област велат дека не е научно докажано и дека сепак се работи за ловци на сензации. Ќе прочепкам повеќе околу тоа и ќе ви пренесам! [;)] |
rina |
Куманово ја презеде манифестацијата "Град на културата 2006° и во центарот на вниманието ќе биде програмата за уредување и јавна презентација на мегалитската опсерваторија Кокино. |
rina |
quote: Originally posted by Mara
А си слушнала ли и можеш ли да ни кажеш кои се тие други вакви слични опсерватории во Македонија?
кратовецот Душко Алексовски тврди дека во 70-тите години го открил локалитет - единствен во светот што на едно место има светилиште, жртвеник и опсерваторија.
|
rina |
Но:
Археологот Јовица Станковски од Кумановскиот музеј неколкупати го посетил локалитетот, кој во Археолошката карта на Република Македонија е евидентиран под името Трон-Пешта. Тој тврди дека со активностите што пред неколку месеци ги изведувал Центарот за карпеста уметност од Кратово, чиј основач е Алексовски, се направени оштетувања на локалитетот.
Смета дека се штетни и паушлани се тврдењата дека на карпата Цоцев Камен, Кратовско, пред 10.000 години се правеле некакви ритуали, се принесувале жртви и дека местото е древна опсеравторија од каде што луѓето ги набљудувале небесните тела. |
rina |
- Тоа што го зборуваат таканаречените „експерти“, кои во суштина се некомпетентни луѓе и ловци на сензации, е многу паушално, нестручно и неодговорно и може само да го девалвира локалитетот и нашата археолошка наука. Да се зборува за обреди и верувања на луѓето што живееле на тие простори пред 10.000 години е сосема неодговорно - вели Станковски.
Мерењата што ги направивме покажуваат дека локалитетот не е опсерваторија. Но, бев фрапиран од тоа колку беше оштетен. Објектите издлабени во карпа се дополнително преуредени. Сечени се карпите и додавани се елементи што првобитно не постоеле. Тоа, заедно со неовластеното и нестручно копање, е вандализам - вели Станковски.
Факти....или конкуренција???
|
rina |
[img]http://www.mkc.org.mk/Kokino.jpg[/img]
Врз основа на мерењата и математичката обработка определен е наклонот на земјината оска на ротација, а преку формулите од археоастрономијата определено е времето кога нишаните биле изградени. Резултатите покажуваат дека локалитетот е изграден во 1815 година пред нашата ера и имал нагласена улога во набљудувањето на небесните тела. На локалитетот има посебен простор за изведба на ритуали, при што во него, пронајдени се голем број на предмети од керамика кои потекнуваат во периодот околу 1500 година пред нашата ера. Добрата сочуваност на локалитетот, неговите импозантни димензии и изглед, како и добиените резултати од мерењата укажуваат дека се работи за многу значаен локалитет, кој по многу свои карактеристики е единствен и во светот.
[img]http://www.exploringmacedonia.com/WBStorage/Articles/4295134F58A0AC4481D2FF76208F3F26.jpg[/img] [img]http://www.exploringmacedonia.com/WBStorage/Articles/5D31847620EF3C46A15C580D26A5650E.bmp[/img][img]http://www.exploringmacedonia.com/WBStorage/Articles/B32607AB2436EA47A928143031720C36.JPG[/img] |
rina |
Еве ја листата на НАСА:
Ancient Observatory Sites
1) Abu Simbel, Egypt
2) Stonehenge, Great Britain
3) Angkor Wat, Cambodia
4) Kokino Observatory, Macedonia
5) Goeck, Germany
6) Big Horn Medicine Wheel, Mont.
7) Chaco Canyon, New Mexico
8) Chichen Itza, Mexico
9) Machu Picchu, Peru
10) Hovenweep Castle, Utah
11) New Grange, Ireland
12) Templo Major, Mexico
13) Armenian Stonehenge, Aremenia
14) Luoyang Observatory, China
15) Masuda Iwafune, China
|
sasha |
bravo be rina...bravo...ne znaev za ova mesto iskreno da si kazam...bas interesno. |
rina |
Сe вели дека локалитетот е сочуван и затоа што во таа област во турско време избила буна по која, откако била задушена, Турците го испотепале и го раселиле населението. Луѓето таму почнале повторно да живеат дури по Првото српско востание, а бидејќи до Кокино тешко се доаѓа, се сметало дека таму се крие ѓаволот и дека местото треба да се избегнува.
Но сепак има луѓе што не се плашат од „застрашувачките“ легенди! На пример, овчарот Петре кој нема проблеми со демоните на Кокино каде што често ги води своите овци. Но, сепак, постарите луѓе го избегнуваат местото. Еден постар селанец раскажувал како од ведро небо одеднаш по неговата куќа почнале да паѓаат камења.
Но верувам дека сепак.....ѓаволи на Кокино нема [;)] но затоа се работи за првокласна архолошко- астрономска атракција која сведочи за извонредно богатиот и организиран општествен живот на просторот на Македонија, уште од настарите времиња, за што наскоро ќе пишува и National Geographic.
|
rina |
ГО СОЗДАЛЕ КАЛЕНДАРОТ СЛЕДЕЈЌИ ЈА МЕСЕЧИНАТА
Сонцето не може да биде ориентир за изработка на календар но Месечината може. Таа се наоѓа на положбите означени на Кокино на секои 18,6 години. За да го констатира тоа, некој морал да ја набљудува појавата барем два пати. Со оглед на тоа што во тоа време никој не живеел подолго од 40 години, набљудувањата се спроведувале со генерации. Тоа било важно за цивилизацијата која се организирала за да го создаде календарот кој имал функција и во земјоделството и во разните ритуални и обредни свечености.
|