bemtrade |
Za ovoj recept moze da koristite, kremenadli, stekovi, snicli, vesalici
Шницлите ги чукате со чук и ги посолувате
Потоа ги пропржувате на загреан зејтин од двете страни.
Пропржените шницли ги валкате во брашно па во јајце па во презла и ги пржите на умерена температура.Откако ке се испржат во истата тава пржите 1-2 главици ситно исецкан кромид и 150-200 гр печурки. Зачинувате со вегета сол и црн бибер. Откако ке се испржи кромидот врз него ги редите похуваните шницли, додавате една коцка супа и ги прелевате со вода.
Сето тоа треба да крчка околу 50 мин. За тоа време, по потреба додавајте вода во тавчето. На крајот ги вадите шницлите, а во сосот додавате Една до две лажици павлак.
ПРОБАЈТЕ УБАВО Е! |