Охридска пастрмка во Стрежево?! |
rina |
Ова го прочитав во денешниот ВЕСТ и ме изненади!?!
Од лани во вештачкото езеро Стрежево кај Битола живее охридската пастрмка. Експериментот ги надмина очекувањата на менаџментот на Хидросистемот, па годинава од мрестилиштето "Шум" од Струга беа набавени нови 7.000 парчиња охридска пастрмка, измрестени по вештачки пат од сопствени матици кои по неколкумесечна адаптација неодамна беа пуштени во стрежевските води.
Повеќе на:
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=115144&idg=6&idb=1738&rubrika=Revija |
rina |
Неколку дена пред истекот на конкурсот за издавање концесија за користење на рибниот фонд во Охридското Езеро, по инсистирање на експертите и на јавноста, вчера градоначалникот Александар Петрески формира Кризен штаб за заштита на охридската пастрмка. Координативното тело, во кое се вклучени експерти и претставници на невладиниот сектор, побара итно да се прогласи повеќегодишен мораториум за риболов на охридската пастрмка и на белвицата.
|
rina |
Конкурсот за давање концесија на пет години завршува на 16 април. Времето е кусо, јавноста и експертите притискаат, но постои реално сомневање дека концесијата, сепак, ќе биде издадена и дека неформално бил споменуван идниот концесионер.
|
rina |
И од друг извор:
До пред две години, кој можеше да помисли дека на Стрежевското акумулационо езеро кај Битола ќе може да се одгледува охридска пастрмка?
Прекрасната природа и чистата вода рекоа „да“ и овие дена Стрежево по втор пат се порибува со оваа скапа риба што беше екслузивитет само на охриѓани.
Sтрежевци и битолските рибари цврсто се решени охридската пастрмка, како кралица, да ја одомаќинат во езерските хоризонти на Стрежево.
„Подмладокот е набавен од мрестилиштето на „Шум“ - Струга, а воедно ова порибување е извршено од страна на ЈП „Стрежево“ во соработка со спортско-риболовно друштво Црна Река“, велат од ЈП „Стрежево“.
Сепак, опасноста доаѓа од рибокрадците.
„Се водат секојдневни патроли по езерото, по акумулацијата за да се фатат евентуално рибокрадци со фрлање на недозволени мрежи. Денес беа запалени поголем број на запленети мрежи, околу 45 парчиња“, рекоа од ЈП „Стрежево“.
|
rina |
А, инаку....што се случува со охридската пастрмка во Охридското Езеро?
Хидробиолошкиот институт укажува дека не постојат услови за давање под концесија на рибниот фонд зашто според биометриските податоци од мерењето на популацијата на пастрмката и белвицата покажуваат дека нема доволно количини риба освен за изведување вештачко мрестење и враќање на уловените пастрмки во езерото, практика која се применува во последните две години. Затоа Советот на Хидробиолошкиот институт предлага ургентно формирање координативно стручно тело на ниво на општина, составено од релевантни владини и невладини структури надлежни за итно донесување стратегија за заштита и управување со рибниот фонд во Охридското Езеро° |
rina |
Во кампањата за вештачко мрестење,
биле собрани 4 милион икри на
македонскиот и на албанскиот дел
[img]http://rss.utrinski.com.mk/izdanija/2035/37717.jpg[/img] [img]http://rss.utrinski.com.mk/izdanija/2050/38622.jpg[/img] |
јузер |
Јас сега кај Јанко во емисија слушнав во некој весник напишале "За 50 години ќе ја снема пастрмата од Охридско Езеро". |
rina |
Во контекст на тоа:
По конкурсот за давање концесија за стопанисување со рибниот фонд во Охридското Езеро експертите бараат целосна забрана на риболовот на охридската пастрмка
Во Хидробиолошкиот институт, каде што со децении се врши вештачкиот мрест, тврдат дека рибната популација на пастрмката и белвицата е на биолошкиот минимум и дека нема услови за стопански
риболов. Годинава во кампањата за вештачки мрест, што заврши вчера, беа собрани 2,5 милиони икри на охридскиот дел, 500.000 на струшкиот и милион икри на албанскиот дел од Охридското Езеро. "Тоа е на границата за опстанок и многу е ризично некој да дозволи стопански риболов. Нашите стручњаци беа, се и ќе бидат за целосна повеќегодишна забрана за риболов на охридската пастрмка°, објаснува д-р Гоце Костоски, директор на Хидробиолошкиот институт.
(цит. Утрински весник, 21.03.2006) |