BorisVM |
Прополис е смесата од смолести супстанци кои пчелите ги собираат од цветовите на растенијата. Таа материја се добива од секреторните жлезди богати со ферменти. Има специфичен изглед, горчлив вкус и карактеристичен ароматичен мирис.
Докажано е неговото дејство како природен бактерицид, анестетик, антиоксидант, антисептик, антибиотик. Дејствува против повеќето вируси вклучувајќи го и грипот. Составот и бојата на прополисот зависат од видит на растенија од кои пчелите собираат материјал, но и од годишното време.
Составот на репрезентативен примерок е околу: 50% смола, 30% восок, 10% етерични масла, 5% цветен прав и 5% други материи. Во прополисот има флавоноиди со комплексен хемиски состав. Бојата варира од зеленкаста до кафено-црвенкаста. Има силно имуностимулативно дејство, што е многу корисно, особено за децата.
Прополисот е природен лек кој ги уништува сите материи што имаат штетно влијание на организмот.
Тој истовремено им користи на здравите ткива и ги лекува заболените.
|