Јован Јосифовски новиот претседател на ДИК
Јован Јосифовски новиот претседател на ДИК
OooOo Јован Јосифовски ќе биде новиот претседател на ДИК Заврши средбата Бучковски-Груевски. Јован Јосифовски, долгогодишен секретар на Собраниската комисија за труд и социјала, ќе биде новиот претседател на ДИК. „Ние, согласно законот и роковите што беа, вчера ја предложивме г-ѓа Мирјана Најчевска, заедно со ДПА, меѓутоа СДСМ во текот на денот, по извршените консултации со нивните коалициони партнери ја отфрли нашата понуда и мислам дека направија голема грешка“, изјави Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ. „Ние бевме принудени да понудиме нов предлог, тоа е г-динот Јован Јосифовски, кој повеќе од 20 години работи во Собранието на РМ на различни функции, водел повеќе комисии, учествувал речиси во сите државни изборни комисии, така што процесот го познава перфектно, законите ги познава одлично, прописите ги знае многу добро, човек кој не припаѓа на ниту една политичка партија“, рече Груевски. „Апсолутно верувам во него, се работи за способен човек со капацитет, одговорен, „писмен“ човек за законодавството. По сите консултации што ги направи, Бучковски го прифати предлогот. За заменик претседател ќе извршиме дополнителни консултации во наредните денови“, додаде Никола Груевски. „Немавме забелешки. Направив консултации со Никола Поповски, со Љупчо Јордановски, бидејќи г-динот Јован Јосифовски е државен службеник во Собранието на РМ. Тој е истакнат правник што го познава правото“, вели Владо Бучковски, претседател на СДСМ. „Она што оставаше дилема е неговата кандидатура за генерален секретар во 2001-вата, кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ, но тоа го надминавме. Сметам дека со својот авторитет што ќе го гради во јавноста ќе го заслужи првото место во ДИК“, додаде Бучковски. Најновиот предлог Јосифовски дојде откако Бучковски го одби предлогот Мирјана Најчевска, претседателката на Хелсиншкиот комитет, да биде и претседателка на ДИК. Претходно Груевски и Тачи се договорија за Јосифовски да биде претседател на ДИК, односно да му биде понудено на Бучковски ова име. Но, за заменик претседателот на ДПА не беше спорно ниту Мирјана Најчевска да биде претседателка на ДИК. „Ние имаме принципиелен став. Го поддржуваме и ќе го поддржуваме предлогот на ВМРО-ДПМНЕ. Треба многу претпазливо да се оди сега со такви тврди ставови, затоа што ќе биде многу неефикасно и непопуларно да се одбива една неутрална личност“, изјави Мендух Тачи, заменик претседател на ДПА.
nukleus So toa i prakticno se dokaza kolku Gvujo i negovoto DPNE e opozicija.Da stavish "prekalen" komunist za predsedatel na izbornata komisija e isto kako da si go stavil Hitler da gi shtiti interesite na Evreite.Gospod da ja cuva zemjata shto ima vakov "lider" na opozicijata.
f9 Pa glumat demokratija,ama ajde odi nacrtaj im na partiskite piuni so vzheshteni glavi i neizlechivo slepilo deka "REZULTATITE" se bitni,a ne "FORMATA" i "GALAMATA"
vancom18 POJMA nema ovoj najbolje pretsedatel na DIK -> JOSIF LUKOVSKI
nukleus Mozebi za tebe no ne e za mnozinstvoto.Vprocem temava beshe za Jovan Josifoski a ne za Josif Lukovski koj napravi teatar od izborite.
tomislav1978 Jovan e izbor na opozicijata, koa ke pobedime da ne velite deka sme falsifikuvale izborite.A so vakva opozicija i Gvujo kako nejzin lider, mestoto na SDSM u novata vlada e od sega rezervirano.
nukleus Tokmu tuka go gledam glavniot problem,SDSM go rezervira mestoto prakticno pred izbori,a toa naveduva na konstatacija deka i ovie izbori ke bidat shtelovani po urnek na site dosega poznati "demokratski" izbori vo Makedonija.Ako SDSM&Co. obezbedija pristap do unijata za 20tina godini ili prakticno nikogash kako shto navestuvaat nekoi stranski javni mediumi togash samo gospod neka ni bide na pomosh dokolku bidat "samoizbrani" ushte 4 godini da bidat vlada vo Makedonija.Sega propitavme za leb ama po izborite dokolku ostanat ovie ne samo shto ke pitame tuku ke treba bukvalno da se jademe edni so drugi za da preziveeme.
Strelec Партизирана ДИК Наспроти декларативните заложби за професионализација на изборните органи, македонската политичка елита, сепак, не одолеа да ја партизира и оваа Државната изборна комисија. Владејачките партии - СДСМ, ДУИ и ЛДП во новиот состав на ДИК удомија четворица свои партиски војници, ДПА и ВМРО-Народна по еден, а ВМРО-ДПМНЕ повторно се жали дека останала со кратки ракави. Тие тврдат дека, наводно, само тие го почитувале Законот и предложиле кандидат за претседател на ДИК, кој не е член на ниту една политичка партија. Велат дека не им веруваат на либералдемократите и на љупчовистите дека немале нивни фаворити во ДИК. За партијата на Никола Груевски нема апсолутно никакво значење тоа што Јосифовски токму во нивниот мандат требаше да биде генерален секретар на Собранието. Пет пари не даваат ниту за "откритието" на СДСМ дека синот на Јован Јосифовски бил член на ВМРО-ДПМНЕ, туку им е криво зошто другите излегле поербап, па предложиле кандидати со партиски книшки. Нашите политичари може деноноќно да говорат за чесност, за професионалност и принципиелност, но многу се посигурни кога знаат дека имаат свој човек во ДИК. Всушност, играта е многу проѕирна. Поентата е во односот на силите во ДИК, кој сега изнесува 5:2. Токму овој момент сега најмногу го загрижува ВМРО-ДПМНЕ. Па иако тоа отворено не се признава, онака како што е скроена ДИК, тие може да сметаат на професионалноста на Јосифовски и евентуално на членот на ДИК од ДПА. Но, тоа се само два гласа. На другата страна, пак, се петте гласа од владејачките партии и ВМРО-Народна. Во целата оваа трагикомична ситуација е нејасно зошто беше потребна целата фарса со јавниот оглас за ДИК, кога списокот со членовите бил познат уште пред да се објави конкурсот. И зошто се направи толкава драма за новиот Изборниот законик, кога по којзнае кој пат се потврдува дека ништо не им фали на законите. Проблемот е во искреноста на намерите на оние што учествуваат на избори.
Pana
quote:
deka i ovie izbori ke bidat shtelovani
..pa neli DPMNE go predlozi Jovan Josifovski...sega i toj li ne vi cini..odnapred zborite za falsifikat za da se vakcinirate siromaskite....
nukleus
quote:
Originally posted by Pana
quote:
deka i ovie izbori ke bidat shtelovani
..pa neli DPMNE go predlozi Jovan Josifovski...sega i toj li ne vi cini..odnapred zborite za falsifikat za da se vakcinirate siromaskite....
Koe be DPMNE jadno predlozilo.Pa Gvujo "iscvika" od aferata so stanovite na majkamu i sega ke prifati i Branko Crvenkovski da bide predsedatel na DIK samo da prekine aferata so stanovite.