Дали веронауката во септември ќе се воведе... | |
BorisVM | Се уште е неизвесно дали веронауката ќе се воведе во септември во училиштата. Кој ќе ја предава, ќе има ли учебници, во кое одделение ќе се учи? Ова се дел од прашањата што ги разгледува работната група во Министерството за образование.
До крајот на месецот се најавува првичната верзија на текстот за тоа како ќе се изучува веронауката. Дури потоа верските заедници ќе ги достават своите предлози.
Најмногу забелешки од нивна страна се таа да не да биде во склоп со граѓанската култура и да предаваат наставниците по граѓанско образование и култура, туку дипломирани теолози.
„Да не предава теолог верска поука, тоа значи да поставите човек неупатен во една работа и тој да ја извршува. Тука очекувајте скандалозни последици од такво извршување на верската поука“, изјави г.Петар, преспанско-пелагониски егзарх.
„Во секоја програма од различни вероисповеди би имало дел и од другата вероисповед, за да може навистина изворно и тие да се запознаваат со основните догми, постулати, гледања“, рече Хаџи Јакуп Селимовски, ИВЗ.
Помалите религиозни групи, пак, со полиберален став. Го поддржуваат воведувањето на веронауката, но сепак...
„За мене црквата е првенствено местото каде што треба децата и возрасните да добијат свое верско образование“, вели Евангелистичка црква.
Наставниците во основното образование веќе се известени да се подготват за предавања за религиите. Најавено било дека ќе посетувале и курсеви подобро да се запознаат со вероучењето.
„Од септември, ако и тоа се направи, потребно е да ни се достават наставни планови и програми, според кои ние професорите се раководиме и го предаваме предметот“, изјави Катерина николовска, наставничка по граѓанска култура.
Сепак, за да се воведе вероучењето ќе мора предлогот да помине и на јавна расправа.
„Можеби треба да се информирани младите за тоа, сега дали баш во школите, не знам. Јас мислам дека треба да бидат професори, но од Факултетот за теологија“, велат граѓаните.
Веронауката кај нас беше воведена во времето на Новковски. Тогаш првиот училишен час го отворија свештениците, а предаваа дипломирани теолози.
Ваквата одлука на тогашниот министер падна пред Уставниот суд, сегашниот, Положани, ја одобри идеја на основците да им се предава религија, но се уште е неизвесно дали се ќе биде подготвено за почетокот на првиот час во септември.
I ako se vovede, Makedonija DEFINITIVNO odi 200 godini nazad. Mesto decata da uchat stranski jazici, biologija, hemija, fizika, matematika, latinski kje im gi trupaat glavite so "veronauka". Pogolema glupost od ova do sega ne sum prochital, a mislev deka povekje ne mozheshe ama bash nishto da me iznenadi vo Makedonija. |
Der_Beste | Не 200, туку 500 години наназад, во темниот среден век, ера на инквизицијата и палење на вештерки. |