Causesku |
Се работи за следново.
До пред 2 години компјутеров ми беше коска,арно ама откако сменив куќиште се тргна наопаку.Особено у последно време.Ми се случува ова:
Си работи добро,коа ќе му текне, паѓа хард дискот.Некоаш нејќе ни да стартува воопшто,не го ни гледа хдд-то.И така ми стои отворен,само ги вадам каблите и ги ставам пак,и после тоа си работи пак добро.
Некогаш се случува да сакам да отворам цд-ром се рестартира цел компјутер.Исто и тука,вадам кабли и пак ставам и се е во ред.
Ова почна да се случува особено откако сменив напајање,пошто на старото еден кондензатор ми е пред пукање,па не ми се ризикуваше и го ставив ова.И ова е старо,ама барем ризикот да ми цркне е помал.
Што мислите вие што е проблемов?
Поздрав! |