Жените подолговечни од мажите |
RaGeAnGeL |
Се помалиот морталитетот кај мајките во текот на породувањето е еден од главните причини за долговечноста на жените во однос на мажите во светот.
Професорот Дени Дорлинг и неговите колеги од Шефилд универзитетот кои работеле на ова истражување, дошле до резултати дека чинот на породување во се поголем број на земји е посигурен и резултира со намален морталитет на мајките во текот на породувањето.
Една од дополнителните причини за долговечноста на жените е и се поголемиот број на мажи пушачи во светот.
„Породувањето е се уште високо ризичен настан за жената, особено кога станува збор за неразвиените земји и земјите во развој, но кога ќе направиме споредба на глобално ниво за смртноста на мајките и новороденчињата пред 100 години и сега се забележува голема разлика – вели професорот Дорлинг, кој воедно наведува уште неколку причини кои ги чини жените подолговечни од мажите особено во западноевропските земји, каде таа појава е забележана уште од 1890 година.
Се поголемата еманципација на жените ги поттикна да бараат поголема здравствена заштита, освен тоа тие поретко се доведуваат во ризична ситуација – било да станува збор за пребрзо возење, тепачки или консумација на поголеми количини на алкохол. мислам дека мажите треба да се огледаат на жените, а не обратно“ – заклучува британскиот професор,
Портпаролот на Здружението на Британските гинеколози Петер Броуен тврди дека, иако морталитетот на мајките во текот на породувањето е намален се уште постојат големи разлики во статистиката кога станува збор за западноевропските земји или земјите во развој.
Еве неколку податоци:
Во Британија на 100.000 породувања смртноста на породилките е од 6-10, во Етиопија на 100.000 жени 1000 умират во текот на породувањето, додека во Бангладеш оваа бројка се движи до 1800.
prevzemeno od [url="http://www.idividi.com.mk/stil/Woman/345800/index.html"]tuka[/url] |
BECHA |
very interesting.... sekogas mislev deka nie zenite porano sozrevame, pobrzo stareeme, i so toa pokratko ziveeme, ama eve nesto sto dava nadez...[:)]....uste cigarite da gi otkazam i ke teram stotka[:D] |
RaGeAnGeL |
jas ne sakam ...ama dekem trebalo da se otkazet i reshiv da probam
ama posle go procitav ova i sea ne znam so da pram:
Истражувачи во Соединетите Држави велат дека никотинот, состојка во тутунот кој предизвикува зависност, може да ги спречи лековите за хемотерапија да ги убиваат канцерозните клетки.
Научниците од универзитетот Јужна Флорида, велат дека количеството никотин, најдено во крвотокот на пушач, оневозможил три лека, вообичаено користени за лекување на ракот на белите дробови.
Истражувачите работат на ќелии во лабораториски услови, а не на пациенти, но тие веруваат дека некои ефекти би можеле да бидат најдени и меѓу поранешни пушачи, кои користат никотински фластери, исто како и кај активни пушачи.
Истражувачите велат дека нивните наоди би можеле да бидат дел од објаснувањето - зошто шансите за преживување на заболените од рак кои пушат се помали од оние на непушачите.
|
BECHA |
A be neli "pusenjeto e stetno za zdravjeto", site go znaeme toa, vo Skopje eden doktor patolog, mi rece- nikotinot e dobar, katranot te true, pojma nemam. Ne pusev dve godini, prestanav koga bev bremena, i posle otidov vo makedonija i uste na aerodrom od majka mi zemav cigara. Sega si vikam, koga ke imam vtoro dete garant ke prestanam za sekogas. Do togas Grande Mocha i cigarce, da te vidi gospod. [:D] |