Македонски музички вести

Македонски музички вести
RaGeAnGeL
 
Се за македонската музика,естрада,трачеви,новини ....

Налетав на ова баш сега,прв пат слушам за бендов ама БРАВО!Ако некој имат нешто од нив да слушнам нека дајт


Ту сајдс на европска турнеја

Македонската група Ту сајдс вчера тргна на турнеја низ Европа

more
RaGeAnGeL ke se skrsham kako smeev ova da ne go postiram

Четкар на британска радио топ листа

"Океан на љубовта" ("Оцеан оф Лове") на Владимир Четкар четири недели е на четврто место на британското БФБЦ радио 1 во емисијата "Фридаs Данце Њитх Црис Пеарсон".
"Океан на љубовта" ("Оцеан оф Лове") на Владимир Четкар четири недели е на четврто место на британското БФБЦ радио 1 во емисијата "Фридаs Данце Њитх Црис Пеарсон". Песната на Четкар неодамна почнала да се пушта и на популарната британска емисија "Гроове Цоллецтиве Њитх Марио" на чиј официјален сајт стојат и информациите за Четкар
- Тој доаѓа од Охрид, студира на Беркли Универзитетот во Бостон и неговата "Оцеан оф лове" е одличен спој на џез, поп, денс и фанк ритам", велат на веб страната. Британското БФБС радио 1 се слуша во Канада, Германија, Англија, Северна Ирска, Кипар, Блискиот Исток, Катманду и Брунеи. На Балканот ова радио ја покрива територијата на Хрватска, Босна и Косово, а наскоро треба да се слуша и во Македонија.



Aleksandra
quote:
Originally posted by RaGeAnGeL

ke se skrsham kako smeev ova da ne go postiram

Четкар на британска радио топ листа

"Океан на љубовта" ("Оцеан оф Лове") на Владимир Четкар четири недели е на четврто место на британското БФБЦ радио 1 во емисијата "Фридаs Данце Њитх Црис Пеарсон".
"Океан на љубовта" ("Оцеан оф Лове") на Владимир Четкар четири недели е на четврто место на британското БФБЦ радио 1 во емисијата "Фридаs Данце Њитх Црис Пеарсон". Песната на Четкар неодамна почнала да се пушта и на популарната британска емисија "Гроове Цоллецтиве Њитх Марио" на чиј официјален сајт стојат и информациите за Четкар
- Тој доаѓа од Охрид, студира на Беркли Универзитетот во Бостон и неговата "Оцеан оф лове" е одличен спој на џез, поп, денс и фанк ритам", велат на веб страната. Британското БФБС радио 1 се слуша во Канада, Германија, Англија, Северна Ирска, Кипар, Блискиот Исток, Катманду и Брунеи. На Балканот ова радио ја покрива територијата на Хрватска, Босна и Косово, а наскоро треба да се слуша и во Македонија.







Bekeley e College vo Boston, a ne Universitet.:)))
Berkeley College of Music
150 Massachusetts Ave
Boston, MA 02115-2600
(617) 927-2800


A isto ima i University of California, at Berkeley
101 University Hall
2200 University Ave
Berkeley, CA 94720
510-642-5215
[email protected]
RaGeAnGeL ok nebitno to
pisi i zali se na vest.com.mk
muabetov bese za nedoviov uspeh a ne za skoloto
ozonce
quote:
Originally posted by RaGeAnGeL

Конечно. После десет години пауза, најголемиот македонски бренд, легендарните Леб и сол, се соединуваат

Vecherva za prv pat vo mojot zivot gledav video spotovi od dehkite(vo toa vreme). Ona shto go vidov e ufff... neshto mnogu jako neshto mnogu mokno, neshto sho mora da se vidi.
Se chudev zoshto do sega makedonskata ni televizija ne gi pushtala ovie video spotovi? Golem del od pomladite generacii ne gi poznavaat nivnite pesni, jas na primer nemav gledano nitu eden spot (osven na pesnata Skopje)Ako nekoj nekogash nacheka vakvi raboti ne e losho da gi snima i da gi stavime nekade na server da gi imame, toa ti e golemo bogatstvo.
RaGeAnGeL Суперхикс

07 .04.2006
ДЕБИ ЈА ОСВОЈУВА БУГАРИЈА!


И покрај планот да нема концерти, се неможе да се одбие. Суперхикс на 8 мај ќе настапат во Ловеч ( Бугарија ) на натпреварот за најдобра група од регионот во конкуренција на бендови од Романија, Бугарија, Србија, Турција и Грција. Главни ѕвезди на фестивалот се Nazareth и Uriah Heep, а наградите за кои се натпреваруваат Суперхикс се:

Најдобра песна:
Најдобар аранжман/музичка продукција:
Најдобар текст:
Најдобар вокал:
Најдобар сценски настап (за оваа категорија одлучува по пат на гласање публиката)


more

RaGeAnGeL Калиопи стана технаџика

Поп-дивата Калиопи подготвува ремикс обработки во техно и во хаус-верзии на своите најголеми хитови. Дознаваме дека новиот техно-начин на музицирање на Калиопи ќе биде промовиран во втората половина на ноември, на 30-годишниот јубилеен концерт.

Поп-дивата Калиопи подготвува ремикс обработки во техно и во хаус-верзии на своите најголеми хитови. Дознаваме дека новиот техно-начин на музицирање на Калиопи ќе биде промовиран во втората половина на ноември, на 30-годишниот јубилеен концерт насловен "Калиопи - Њу експириенс", кој ќе се одржи во првата хала на Скопски саем.
......

ne znam zs mi se cinit deka vlegvit vo "madona film"
Lidija Ah mori Rage da ne puknis me iznasmeja :)))))))))))) Ako cita coek to prvoto do linijata i posle skokni na tvojot komentar kakva ubajnaaaaa epten ubo zvuci.

A inace da ne zabegvam od tema, nisto cudo da se "inspirira" i od nea. Samo nekolku godini zakasnato dur da stigni inspiracijata do Kaliopi, Madonna smena pak stil, ama ke ja stigni belki nekogas :)
RaGeAnGeL am taka e ,sve ja kopirat,od nikogas ne sum ja podnesvela Kaliopi iskreno,jes da imat glas
ova pak gospode boze se rasplakal c c c

Солзи и емоции со кнедла во грлото

На денот што долго го чекал, својот прв концерт, поп пејачот Ѓорѓи Крстевски заплака пред своите обожаватели завчера во скопска Универзалната сала.

- "Засекогаш" е моја најважна песна. Секогаш кога ја пеам имам кнедла во грлото, и не знам дали ќе издржам да ја допејам до крај. Затоа вие ќе ми помогнете", им рече Ѓорѓи на фановите, а тие послушно го следеа во секој стих.


....


Sirius Leb i Sol povtorno zaedno, ke ima dobri svirki esenva, najaveni se 10-tina koncerti...denes ,ova beshe dobra vest, malku ja razbi monotonijata od polit. vesti :)))
RaGeAnGeL slushav deneska na cityradio intervju so niv
bash mi e milo,ne znaev deka se veke 30 god stari(kako bend)
vlatko imat koncert ovdeka na 27maj mislam bese
najobavezno ke se ojt
Sirius Rage, kade e toa "ovde" Vlatko ke ima koncert na 27 Maj ? :)
RaGeAnGeL Конечно. После десет години пауза, најголемиот македонски бренд, легендарните Леб и сол, се соединуваат

По долги и исцрпни преговори, Авалон продукција потпиша седуммесечен договор со Бодан, Коко, Гаро и Влатко, кои со задоволство и соопштија на македонската јавност за големиот кам бек.

„Овој бенд и овој проект, се надевам, ќе ги исправи грешките кои Бијело дугме ги направи - недостаток на продукција, недостаток на добар разглас, хаотична организирање на маса итн. Се надевам дека ќе извлечеме некакви поуки од нивната минатогодишна турнеја“, изјави Влатко Стефановски, музичар.

„Претпоставувам дека таа прва проба што ќе ја имаме ќе биде навистина нешто многу возбудливо“, рече Бодан Арсовски, музичар.

Леб и сол планираат својот 30-годишен јубилеј да го заокружат со концерти низ поранешните ју републики. Од сето тоа ќе произлезе и аудио и видео издание.

Пред турнејата легендарната четворка најави дека за загревање ќе направи преработка на стара македонска песна, чиј спот ќе се врти по телевизиите.

RaGeAnGeL
quote:
Originally posted by sirius

Rage, kade e toa "ovde" Vlatko ke ima koncert na 27 Maj ? :)


NY ak si blisku kazi so vreme
Sirius
quote:
Originally posted by RaGeAnGeL

[

NY ak si blisku kazi so vreme


me nasmea be rage, edno 8-10.000 km sum blisku
LIDIJA - SKorpija
quote:
Originally posted by RaGeAnGeL

quote:
Originally posted by sirius

Rage, kade e toa "ovde" Vlatko ke ima koncert na 27 Maj ? :)


NY ak si blisku kazi so vreme

Jas ne sum blizu ,ama si kazuvam,sakam Leb i sooooll
kakva dobra vest Rage
beaver hunter vlatko kje sviri tuka na 22 maj
RaGeAnGeL sirius ziv se nasmeal veke veke ,jas ke odam za site i ke na od vladeta nash
RaGeAnGeL Влатко, Миро и Тео на Балканска треска 2006


Че­кај­ќи не­го­ви­те Леб и сол да од­лу­чат ко­ја ма­ке­дон­ска тра­ди­ци­о­нал­на пес­на ќе ја сни­мат ка­ко свој нај­нов сингл, но и за­поч­ну­ва­ње­то на тон­ски­те про­би, пред прет­стој­на­та тур­не­ја, на 2. и на 3. мај Вла­тко Сте­фа­нов­ски, за­ед­но со Ми­рос­лав Та­диќ и со Те­о­до­си Спа­сов ќе би­де дел од фе­сти­ва­лот Бал­кан­ска тре­ска, кој се одр­жу­ва во ав­стри­ска­та пре­стол­ни­на. Му­зич­ки­от фе­сти­вал Бал­кан­ска тре­ска ќе се одр­жи во Ви­е­на од 21. април до 14. мај. На тре­ти­от по ред фе­сти­вал на шест раз­лич­ни сце­ни ќе би­дат из­ве­де­ни 20 кон­цер­ти со учес­тво на свет­ски поз­на­ти из­ве­ду­ва­чи, кои ќе ја прет­ста­ват му­зи­ка­та од Ју­го­и­сточ­на Евро­па и неј­зи­на­та раз­лич­ност. По­се­ти­те­ли­те ќе мо­жат да слуш­нат раз­лич­ни ви­до­ви му­зи­ка од ре­ги­о­нот, ци­ган­ски рит­ми, ка­ко и џез ва­ри­ја­ции. Фе­сти­ва­лот ќе го отво­ри мла­да­та ром­ска фор­ма­ци­ја на Адри­ан Гас­пар, а сe до за­вр­шу­ва­ње­то ќе сви­рат му­зи­ча­ри од си­те кра­и­шта на Бал­ка­нот, од та­ка­на­ре­че­ни­от Скан­ди­нав­ски Бал­кан, ка­ко и од Ав­стри­ја…



RaGeAnGeL Концерт на "Мизар" во Универзална




Македонската група "Мизар", на 13 мај, во Универзалната сала, ќе биде главна sвезда на свирката на која, по нејзиниот настап, ќе учествуваат помали групи, чии имиња се уште не се знаат. На оваа свирка "Мизар" за прв пат треба да прозвучи со нова ритам.

poveke


stranava kako so gledam ushte ne im e sredena ...

www.mizar.com.mk
dejan Dajte nekoj dobri Makedonski zabavni novi pesni....ne sum slusnal tolku dobri pesno vo posebno vreme.
Koj peaci si popularni/dobri??
RaGeAnGeL dejance lepoto odi na tuginojabano.com klikni na radio i ke si slusas cel den novi makedonski zabavni pesni
dejan fala! mnogu brzo mi odgovori:D
Ama nemozam sega da slusam, treba da spijam!:(
RaGeAnGeL e ne tuku visi na forum sea odi legvi skolo imas da ucis:))))
ajt ubo da spijas
RaGeAnGeL Ем-Ти-Ви ќе го снима настапот на "Масив атак" во Скопје


Музичката телевизија Ем-Ти-Ви ќе го проследи настапот на британската група "Масив атак" на 11 јуни во Скопје. Групата ќе биде дел од годинешното петто издание на "Оф-фест".

Музичката телевизија Ем-Ти-Ви ќе го проследи настапот на британската група "Масив атак" на 11 јуни во Скопје. Групата ќе биде дел од годинешното петто издание на "Оф-фест".
Ова е нивно прво гостување во Македонија. "Масив атак" пред македонската публика ќе го промовира своето најново издание, компилацијата на хитови "Колектед". Во Скопје ќе допатуваат со огромна техничка поддршка и со 11 -члена екипа музичари, меѓу кои и познатата пејачка на култните "Кокто твинс", Елизабет Фрејзер, и реге-легендата Хорас Енди. (З.В.)

RaGeAnGeL Ноне ја лапна саксофонист


Младата пејачка велешанката Ноне неколку месеци е во врска со саксофонистот на групата"Браво бенд". Новата љубов на Ноне е тетовчанецот Ристе.

" Ноне ја лапнав кога ја снимаа за емисијата на Лила. Многу ми се бендиса и оттогаш сме неразделни", ни изјави дечко и Ристе додека Ноне не сакаше да коментира.

Вљубената двојка ја сретнавме на хуманитарниот концерт во Радовиш. Додека таа делеше автограми, тој љубоморно ја чуваше од момчињата.

RaGeAnGeL ШЕФИЦАТА НА МАКЕДОНСКАТА ЕВРОВИЗИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ЛОБИРА ЗА ПОЕНИ
Македонските друштва низ Европа ќе гласаат за Елена на "Евросонг"



Шефицата на македонската евровизиска делегација Анета Андонова лобира за поени за евровизиската песна на Елена Ристеска, по македонските амбасади и друштва низ Европа. Андонова се јавувала низ повеќе амбасади и македонски друштва, со апел тие да ги организираат Македонците во дијаспората, на полуфиналето на "Евросонг", на 18 мај во Атина да гласаат за песната "Нинанајна".

- Особено пријатно ме изненадија Македонското друштво во Германија и Македонската амбасада во Полска. Ми рекоа дека веќе ја знаат песната, ја слушаат, и им се допаѓа. Според нив, нема да биде проблем нашите да се организираат да гласаат за Елена", ни рече Андонова. На прашањето кој е нејзин фаворит од песните што ги слушнала, таа вели дека годинава на "Евросонг" нема јака конкуренција како пред две години кога како фаворити се наметнуваа Сакис Рувас, Руслана и Жељко Јоксимовиќ.

Од она што го слушнав до сега, мене лично најмногу ме бендисува босанскиот претставник "Хари Мата Хари", вели Анета.

Елена и евровизиската делегација во Атина патуваат на 10 мај. За настапот, нашата преставничка ќе ја облече грчкиот креатор Панос Зинас. Елена ќе носи корсет и куси пантолони. Вчера, таа беше во Солун на последна проба на креацијата. За првомајските празници, Елена беше во Хрватска и гостуваше во емисијата "Сабота во 10" на Хрватската национална телевизија.




panos
quote:
Originally posted by RaGeAnGeL

Се за македонската музика,естрада,трачеви,новини ....

Налетав на ова баш сега,прв пат слушам за бендов ама БРАВО!Ако некој имат нешто од нив да слушнам нека дајт


Ту сајдс на европска турнеја

Македонската група Ту сајдс вчера тргна на турнеја низ Европа

more
devil Врчак и Билбилов повторно - free download

Вр­чак и Бил­би­лов ре­ши­ја уште ед­наш да ги из­не­на­дат сво­и­те фа­но­ви, по­да­ру­вај­ќи им ја но­ва­та пес­на Чуд­ни пра­ви­ла, кои ја от­пе­еа во ду­ет. Зад иста­та автор­ски за­ста­наа нив двај­ца – Ра­де (текст) и Ро­берт (му­зи­ка и аранж­ман). Бесплатен download тука


RaGeAnGeL "Суперхикс" сака да пее во затвор

Групата "Суперхикс" бара концертната промоција на новиот албум да ја одржи во Казнено поправниот дом "Идризово".
Групата "Суперхикс" бара концертната промоција на новиот албум да ја одржи во Казнено поправниот дом "Идризово".
Нивните менаџери, продукцијата "Литиум рекордс" поднесоа официјално барање до Министерството за правда и министерката Мери Младеновска "Суперхикс" бесплатно да свират пред затворениците на "Идризово". Во барањето, "Литиум" од КПД Идризово бараат слободен термин за одржување на концертот за сите воспитаници во затворот. Менаџерите на "Суперхикс", со оваа акција сакаат да ги подобрат условите во кои мометно претстојуваат затворениците со применување на ЕУ стандардите и да ја раздвижат акцијата "со култура против насилство". Ако Министерството за правда им одобри одржување на концерт, "Литиум" ќе обезбеди бина, осветлување и озвучување, а концертот ќе го снима скопската локална телевизија "Спорт 4", која од неодамна има и сателистка програма.
- И до сега сме биле колектив кој не се задоволувал со обични простори за обична публика, затоа и оваа промоција решивме да ја направиме на нетипичен простор", ни изјави Петар Младеновски, вокалот на "Суперхикс". Ако не беше затворот, веројатно дека ќе баравме концерт во "Бардовци" или нешто слично. Секој заслужува втора шанса во животот, и право да си дозволи барем пет минути забава од онаа страна на решетките. Тоа не значи дека ги одобруваме делата за кои се осудени затворениците. Затоа и имаше дилема кога со "Литиум" се договаравме за идејата, но преовладеа мислењето да бараме концерт од Министреството за правда и од надлежните служби на затворот. Искрено се надевам дека тоа ќе ни го дозволат", вели Пеце.
Новиот албум на "Суперхикс", ќе се вика "Саботна Фисета, Неделна сиеста" или "Суперхикс ливе ин Скопје". Во продажба ќе се најде од 24 мај. Цедето е снимка од големиот концерт на инструменталната банда, што се одржа по повод нивниот десетти роденден, на 6 ноември 2004 година на Скопскиот саем. На цедето во живо има 65 минути музика.

ozonce Najverojatno inspirirani od video spotot na Metallica na pesnata St. Anger
RaGeAnGeL evo stoka narod-krava


Скандал на Благица: Не пејам ако нема виски

Фолк пејачката Благица Павловска не сакала да пее, ако пред да се фати за микрофонот не и дадат виски. Скандалот се случил за првомајските празници во ресторан во холандското градче Верт, каде Благица требало да направи журка по повод 103 години од смртта на Гоце Делчев. Одговорните од клубот "Гоце Делчев" се револтирани од, како што велат, непрофесионалниот однос на фолк sвездата, а гостите биле разочарани.

-Со Благица се договоривме да настапи од 20 часот до еден часот по полноќ и за тие пет часа пеење да добие 500 евра хонорар. Место во 20 Благица во ресторанот дојде во 21.30 часот во полупијана состојба и место да се извини што задоцнила таа побара виски. Заради мир јас забранив во ресторанот да се точи друг алкохол освен вино. Често организирам вакви прослави и знам што се случува кога нашите ќе се поднапијат. Но, Благица упорно бараше виски, иако и објаснив дека нема шанси, оти имам 300 гости и не сакам да си имам проблеми. Но, таа почна да вика:- "Кај дојдов јас, какви сте вие"! Ко за инат почна да пее дури околу 22 часот. Пееше половина час и си седна. Публиката почна да се жали. На тој се пазареше со неа за хонорарот му реков или да и нареди да пее или повеќе да не ја видам. По извесно време едвај некако стана и пееше уште два часа, вели Бранко Богески од клубот "Гоце Делчев" од Холандија.

Бидејки гостите не биле задоволни и не пеела пет часа организаторот сакал на Благица од хонорарот да и скуси 150 евра, по што настанало уште поголема кавга.

" Кога реков дека нема да и дадеме 500 евра оти не сме задоволни таа збесна. "Вие да не сте умоболни, сакате да ми скусите пари!" ни се дереше нам. Еден од управата на клубот се навреди и на неа и кажа дека никогаш повеќе ниту ќе дојде, ниту ќе запее кај нас. И дека ќе кажеме на сите други во Холандија да не ја викаат. Бидејки на расправијата и немаше крај, сепак, се сложив да и дадам 500 евра. Сакавме што потивко да го средиме проблемот од срам заради гостите. За нас Благица е пејачка од најниска категорија. Нас додуша не опоменаа дека ќе се зафркнеме ако ја викнеме, но ете не им поверувавме. Памет за друг пат", објаснува револтирано Богоески.

Кој е коментарот на Благица Павловска не се знае. Таа не одговара на мобилниот телефон.







RaGeAnGeL
quote:
Originally posted by ozonce

Najverojatno inspirirani od video spotot na Metallica na pesnata St. Anger



i mene na to mi tekna ko go citav tekstov
snoshto go gledav bash dokumentarecot pak

ZAKON!
ozonce OOO sme gledame zaedno izgleda... Na VH1?
RaGeAnGeL Етно со Тоше

Во студиото М1 на Македонскта телевизија деновиве почна снимањето на новото цеде на Тоше Проески со стара македонска музика. На албумот насловен како "Етно со Тоше" има 14 традиционални познати македонски композиции, а за тоа е ангажирана и симфонискиот оркестар.

До сега се снимаше оркестарот, а од следната недела Тоше треба да влезе во студиото и да ги испее композициите. За песните се ангажирани Илија Пејовски, Сони Петрески и Саша Николовски- Ѓумар кој воедно е и диригент на симфонискиот оркестар.

"Јовано, Јовенке", "Ако одам Битола", "Море сокол пие", "Зајди, зајди , јасно сонце"...се само дел од песните кои ќе се најдат на етно албумот. Издавач на ова цеде е МАГ-култура и искуство.



RaGeAnGeL
quote:
Originally posted by ozonce

OOO sme gledame zaedno izgleda... Na VH1?



OOOOOOOOO 6 sati sum ponazad od tebe
valjda na VH1 bese vrska neam go davet cesto
RaGeAnGeL aj so sreka da im e na mladive

Ребека ќе се мажи под силно обезбедување


Ребека и нејзиното момче Мики ќе прават свадба на 19 мај, во ресторанот "Ореов лад". Младенците, кои се во врска 11 години, замислиле релаксирана журка со културен репертоар само за 250-те блиски роднини и пријатели.

Младоженецот вели дека влезот за медиумите на свадбата ќе биде забранет. Ако некој се обиде да ја наруши интимата на веселбата, Мики и Ребека ангажирале обезбедување што ќе го спречи влезот за евентуалните несакани гости.

- До 23 часот ќе свири бенд, па музика ќе пушта ди-џеј, ни раскажа Мики. Сакаме една убава, релаксирана забава со културен репертоар. Околу изборот на песните веќе разговарав со ди-џеј Џони од "Сити" радио, тој најмногу одговара на она што ние го баравме. Сакаме да се опуштиме, да се забавуваме и да се глупираме, а тоа да го видат само нашите роднини и пријатели и никој друг", вели идниот младоженец. Мики нагласува дека од сега ќе внимаваат што ќе и откриваат на јавноста за приватниот живот, тој и неговата сакана повеќе ќе зборуваат за нивната работа.

Венчалниот фустан на Ребека го работи Александар Ношпал. Поп пејачката беше зафатена со снимање на нов спот, па не можеше да одговори на мобилниот телефон. Нејзиниот иден сопруг вели дека не знае каква ќе биде креацијата на невестата.

За меден месец, младоженците нема да имаат време. Ребека ќе продолжи со снимање на нов циклус на нејзината емисија "Поинакви" на "Канал 5", а Мики, кој е лекар ќе биде ангажиран со снимање на ТВ емисии за традиционална медицина.

Завчера, во "Рокенрол" студио, Ребека и "Аворд ентертејмант" продукција, го снимаа новиот спот за песната "Однеси ме". Во спотот, неколку манекенки ја глумат Ребека, преправени во нејзините највпечатливи изданија од претходните видео спотови.

RaGeAnGeL Мартин Вучиќ - презентер на македонските гласови за Евровизија



Минатогодишниот наш евровизиски претставник, Мартин Вучиќ, ќе ги соопшти македонските гласови за песна на Евровизијата. Поточно, Мартин ќе ги соопшти нашите гласови на финалната вечер, бидејќи во полуфиналето гласовите се соопштуваат директно во салата.

- Повеќе трема имам сега, кога ќе ги читам гласовите, отколку што имав минатата година кога пеев. Кога би избирал, би одбрал пак да пеам. Македонската телевизија бара поздравот за биде на грчки јазик, како, впрочем, што го прават и останатите земји.

Првин поздравуваат на јазикот на земјата каде што се одржува Евровизија, па потоа гласовите се соопштуваат на англиски или на француски. Така и јас најпрво со неколку реченици ќе се обратам на грчки, а потоа гласовите ќе ги соопштам на англиски - вели Мартин
wolf_pack Само што ја гледав Елена на Евровизија, ЗАКОН! Секси performace Каде да гласам??:)

(btw, има линк каде да гледате МТВ-SAT Live, идете на 'Информации од дијаспора')
deni nema sho da glasash izglasano e , vir in da fajnal

cheers
wolf_pack

Линк

A rare opportunity to enjoy a live performance of world-renowned musicians Vlatko Stefanovski and Miroslav Tadic, two virtuosos with varying backgrounds and approaches to guitar playing. Tadic is a classically trained guitarist and plays with his fingers, combining classical, flamenco and jazz influences. Stefanovski's background is in rock and blues and plays acoustic guitar with a pick, in McLaughlin style. When playing together they do not compete, they compliment each other, and the merging of their, acoustic, instruments creates a powerful sound. Their unique chemistry and energy at their live performances has mesmerized audiences, the world over.
Traditional Macedonian music is their interest, and common reference point.


Еве preview од некои песни (Live in Belgrade):
http://www.arxinternational.com/index.htm

На десната страна има мену со 9 песни (мп3).


Повеќе слики и инфо ќе има откако ке одиме на концертот во петок :)
Mara ДЕЧКИ....еве нај, нај, НАЈНОВА информација за нашата секси Пепи!!!!

ПЕПИ ДИМОВСКА:

Имаше и незадоволни. Нашинката Пепи Димовска која живее во Германија и настапи во полуфиналето со "Почнало оро весело" смета дека е оштетена и и е нанесена неправда затоа што нејзините гласови се префрлени на дует двојката Билјана и Борис Димови. Димовска тврди дека на полуфиналната вечер освоила 117 гласа доволни за понатамошен пласман, но утредента ја немало меѓу финалистите со образложение дека била 26 на листата. "Ова ми е фала затоа што кај мене се сите добредојдени од пејачи до директори на фестивали. Ми доаѓаат дома, знаат кои, ми го скршија креветот од сексање и сега вака ми враќаат. Ама ако. Само да не се налутам, па да го фрлам валканиот веш на виделина", вели револтираната Пепи. Според прес-координаторот, Мирче Карамучев со неа нема никаков спор и не влегла затоа што немала доволно гласови.

ХАХАХАХАХАХАХАХ....и го скршиле креветот...МАЊАЦИ!!!!!



TimeHacker elena e najdobra peacka na makedonija
Lepak Ja ima li nekoj oj Gjoko Taneski - zbogum najmila?
sisi По концертот во Охрид, Леб и сол се подготвуваат за ex-YU турнеја


По триумфалниот илинденски концерт во Охрид, на локацијата позната како Антички театар, легендарните Леб и сол најавуваат дека со настапи по големите градови на поранешна Југославија ќе започнат во октомври или ноември. Планирано е да одржат вкупно 12 концерти, а, иако желбата на бендот беше да стартуваат од Сараево, заради верските празници во Босна во тој период, првиот концерт најверојатно ќе биде во Белград. Секако, финалниот настап ќе биде во Скопје, во втората или третата недела од декември, и тоа најверојатно во првата сала на Сајмиште...
А, што се однесува до концертот во Охрид, работите стојат вака: По извонредниот настап во Хераклеја на 6. јули, фантастичната четворка и овој пат со својата уникатна музика допре до најзатскриените душевни дамари на секој Македонец. Но, не само на Македонците, туку и на повеќето странци, кои решија една вечер од својот годишен одмор на Охридското Крајбрежје да уживаат во музиката на Леб и сол. Изостанаа битните личности од македонската политичка сцена, но можеби тоа беше поради пладневното прославување на празникот Илинден во Крушево и во Пелинце. Единствено Лилјана Поповска присуствуваше на чествувањето на празникот на еден поинаков начин, со музиката на Леб и сол. Но, нејсе. Повеќеилјадната публиката, која беше дојдена во Античкиот театар, беше сведок на уште еден историски момент, концерт на Леб и сол. Интересно е тоа дека покрај луѓето што генерациски се поврзани со музиката на Леб и сол, имаше голем број помлада генерација што израснале само слушајќи ги нивните плочи, а никогаш досега ги немаат видено во живо.
Концертот на Леб и сол почна со темата Абер дојде, Донке, и во наредните два часа тензијата се повеќе се зголемуваше. Едноставно атмосферата беше на највисоко ниво, а традиционални македонски песни како Јовано, Јованке, Учи ме, мајко, карај ме, А бре, Македонче влијаеја многу емотивно, не само кај публиката туку и кај самите музичари. Понатаму се редеа Бистра вода, Жива рана, Чувам ноќ од будних, Носим твој жиг, Таласна дужина, Деветка, Дикиева игра, Како какао, Мамурни људи, Скопје, Чукни во дрво, теми што во изминативе години секојдневно одѕвонуваа во ушите на народот. И, конечно, по толку години преслушувања приврзаниците и почитувачите на музиката на Леб и сол успеаја да ги чујат и да ги видат големите мајстори во живо.
Со тоа што го отсвиреа Стефановски, Арсовски, Димушевски и Тавитјан уште еднаш се покажа дека реоформувањето на Леб и сол не е случајно и залудно. Се вратија во вистински момент кога секојдневно сме бомбардирани од разни квази-музичари. Повторно се почувствува онаа неверојатна енергија и специфичен звук на Леб и сол, што го врати загубениот дух, но и моралните вредности на секој македонски музичар и човек.