Данска нe покани, но во лош термин

Данска нe покани, но во лош термин
a-pin-dim
 
ИДНАТА НЕДЕЛА ТРЕБА ДА СЕ КОМПЛЕТИРА РАСПОРЕДОТ НА ПРИЈАТЕЛСКИТЕ СРЕДБИ НА НАШИОТ А-ТИМ

Во текот на следните десет дена од ОФМ велат треба и дефинитивно да се комплетира списокот на противници за нашата сениорска машка репрезентација во мајскиот подготвителен циклус за квалификациите во Ротердам и Скопје. По неколкумесечни преговори ОФМ успеа да договори неколку гостувања на селекции во Скопје, но и пријателски средби кои нашата репрезентација треба да ги одигра надвор од нашите граници. Последниот начелен договор беше со Турција, која би требала да дојде во Скопје по 19 мај, но и оваа посета треба да се потврди во текот на идната седмица. Завчера во ОФМ стигна покана од Данската федерација, која ја кани нашата селекција на две пријателсии средби од 11 до 13 мај во Копенхаген. Од ОФМ велат дека понудата е коректна, но терминот не би одговарал затоа што само ден пред заминувањето за Копенхаген, нашиот тим ќе биде гостин во Софија на најдобрата репрезентација на Бугарија, со која се договорени две пријателски средби на стартот на подготовките.

"Данска беше последната земја со која контактиравме за да го комплетираме календарот на пријателски средби. Поточно, тие побараа од нас да заминеме во Копенхаген на две средби, на терминот кој го понудија не ни одговара. Ние само ден претходно ќе бидеме во Софија, па треба веднаш да одиме за Копенхаген. Им понудивме нов термин во кој тие би дошле во нашата земја, но и нив не им одговараат средби по средината на мај. Нив ги очекуваат квалификации во лига систем веќе по 27 мај, па затоа немаат многу време за оддолговлекување на подготовките", вели генералниот секретар на ОФМ, Зоран Карановиќ.

Досега потврдено е гостувањето на македонската селекција во Бугарија, начелно е разговарано и со БиХ, па останува да се види што ќе се случува со селекцијата на Турција. Има уште неколку начелни преговори за средби со Србија и Црна Гора, но и за нив дефинитивно ќе се разговара следната недела, откако треба да се финализира и начинот на кој треба да се одвиваат подготовките на националниот тим.

ArIeS Dime na trki si be se postovive,so ne mu napravi na ova copy/paste kade sto veke ima topic za mak fudbal!?

eve za polesno da ti bide ,ti si go otvoril ovoj topic

http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?TOPIC_ID=13396&whichpage=3


ops abe ova za Odbojka bilo c c c cc starost ludost ,ne dogleduam veke.

Javno izvinuvanje do dimeta za mojata nenamerna greska!