Pismenost

Pismenost
Sirius
 
Deneska na pochetokov na XXI vek, preovladuva stavot deka pismenosta ne e individualno hobi, tuku sushtinska crta na chovekovata ekologija koja treba da bide zashtitena od slepite sili shto i se zakanuvaat od site strani.
Shto podrabira ovoj poim i kakva e deneshnata pismenost, vo najsiroka smisla na zborot?
BorisVM Sirius,

Mi ja pogodi temata. Spored mene, pismenosta ne e samo da mozhesh da prochitash neshto, tuku i da go razberesh i da go povrzesh so drugi raboti. Takva pismenost mozhe da se zaraboti samo preku sholskiot sistem vo Makedonija koj sega za zhal vekje ne postoi. Jas koga bev vo sredno, se ucheshe fizika, hemija, biologija, istorija, geografija, matematika, 2 godini Latinski, Angliski (ili Francuski), Informatika, sociologija i filozofija. Toj nash sistem proizveduvashe pismeni i obrazovani kadri koi ja poseduvaa sposobnosta da mislat.

Sega toa vekje ne postoi. Kje vi dadam primer. Srednoshkolcite vo Tetovo, mesto da uchat vo Gimnazijata Kiril Pejcinovic, kade jas uchev, sega se svedeni na odenje vo sredno vo ona shto beshe osnovno uchilishte, se vikashe "Marshal Tito" a sega e "Goce Delchev". Ajde da recheme deka kade uchish i ne e tolku vazhno, tuku shto uchish. Za zhal, vo ovoj sluchaj, koga uchish pod pritisok, toa ne e seedno.

Da se vratam na temata. Vistinskata pismenost proziveduva renesansen chovek koj ima poznavanja od site oblasti. Navistina e teshko deneska so eksponencijalnoto zgolemuvanje vo oblasta na naukite toa i da se postigne i jas ne zboruvam tuka za status ekspert vo sekoja oblast, tuku za poznavanjeto na osnovnite raboti vo sekoja nauka. Nekoj imashe kazhano deka stoime na ramenicite na giganti. Smetam deka toa treba i da go iskoristime.

"A human being should be able to change a diaper, plan an invasion, butcher a hog, conn a ship, design a building, write a sonnet, balance accounts, build a wall, set a bone, comfort the dying, take orders, give orders, cooperate, act alone, solve equations, analyze a new problem, pitch manure, program a computer, cook a tasty meal, fight efficiently, die gallantly. Specialization is for insects. "
Lazarus Long - Time Enough for Love - Robert A. Heinlein.
Sirius
quote:
Originally posted by BorisVM

Sirius,

..Spored mene, pismenosta ne e samo da mozhesh da prochitash neshto, tuku i da go razberesh i da go povrzesh so drugi raboti. Takva pismenost mozhe da se zaraboti samo preku sholskiot sistem vo Makedonija koj sega za zhal vekje ne postoi... Toj nash sistem proizveduvashe pismeni i obrazovani kadri koi ja poseduvaa sposobnosta da mislat...
.

...Vistinskata pismenost proziveduva renesansen chovek koj ima poznavanja od site oblasti....




Boris na dobra relacia odish so komentarov, da, zborot mi beshe da se pokrene diskusija shto znachi pismen chovek gledano od nash Mkd aspekt, analogno na nashiot obrazoven sistem- vs - amerikanskiot, anglosaksonskiot ili nekoj drug....odnosno dali vo deneshno vreme koga imame taka mokni informaciski alatki, pismenosta se zgolemuva ili ne? “Renesansniot type na pismen chovek” vo posledno vreme e “retka zverka” koja so svojata pojava predizvikuva “anemija” kaj ostanatat publika.

Spored nekoi analizi napraceni vo Ca-USA , se konstastira deka se gubi nivoto na obrazovanie,odnosno ima postojan opagjachki trend vo osnovnite sposobnosti , znaenjeto i analitichkite sposobnosti megju skoro site uchenici. Testovite se napraveni da bidat se polesni za da ne opagjaat bodovite, a 75% od uchenicite vo Kalifornijane ne mozat ili imaat problem da go pominat maturskiot ispit ???

Ima sogleduvanja deka svetot e se pomalku i pomalku "pismen". Odnosno, e se pokvalifikuvan vo negovata profesija , za smetka na opshtata kultura, mokta za kritichko-analitichko rasuduvanje, sogleduvanje na trendovite i vk. spoznaja,.. Doagjame do profilot na lichnosti koi imaat elementi na Kiborzi.

Lichno mislam deka ova e prestrogo kazano no vie koi ziveete vo zemjite kade se kreiraat “realnostite i trendovite” mozebi imate poinakvo sogleduvanje???
dada Sani Pismenosta ja razbiram kako opsto poznavanje na neshtata od razlicni oblasti i sposobnosta za logichno razmisluvanje. Nesto slicno kako sto Boris rece pogore. Pred nekoe vreme imav otvoreno topik za nepismenosta vo Amerika i nekoi od rezultatite od istrazuvanja praveni na ovaa tema bea slednive:
"Only 13%, for instance, are able to compare viewpoints in two editorials; interpret a table on blood pressure, age and physical activity, or compare the per-ounce costs of two cans of soup.
Only 52% could look at a heating bill and figure out that a five-cent-per gallon deduction on a purchase of 140 gallons of oil would yield $7."

Zagrizuvachki, zalno...

Jakov Без разлика на дефиницијата која ќе ја одбереме за да ја идентификуваме писменоста, можеме да кажеме дека писменоста во Македонија е во транзиција. Нормално. 15 години во Македонија се е во транзиција па така и овој аспект на нашето живеење. Транзицијата како таква подразбира процес на менување на нештата кон подобро. Нашава транзиција е заглавена некаде помеѓу и сеуште неможеме да одгатнеме дали ќе транзитираме кон подобро или полошо. Своевремено имавме релативно добар образовен систем. Велам релативно зошто имаше доста недостатоци но од своја страна беше доволно широко поставен да сите образувани кадри беа во истиот момент и писмени. Без разлика дали се работеше за гимназии или за стручни школи се учеа доста општи работи и се стекнуваше широко познавање на нештата. Јас и ден денес се сеќавам на коментрите дека “Луѓето кај нас кога ќе излезат од образовниот систем знаат колку грла офци имало во Нов Зеланд“. Денес за споредба голем број образовани луѓе не знаат што е Нов Зеланд. Како факт за Рипли секогаш го кажуваме тоа дека во САД 70% не знаеле каде е север на картата, во Мк порано секој еден знаеше дека на север е Артик а на југ Антартик. Денес имаме студенти кои не знаат колку страни иам светов.
На една анкета неодамна спроведена на социологија мислам на УКИМ(универзитет Кирил и Методиј) на прашањето Што знаете за осми март...паѓаа одговори од типот
Тоа е празник кој го вовеле Роза Лихтенштајн??? и Кијара Цеткин????
Неодамна еден пријател кој живее на релација ЕУ Македонија ми напиша, “Кога гледам каква е состојбата во Македонија(мислејќи на средношколците и стидентите)се осеќам дека сум во Авганистан“.
Го изгубивме чувството дека образованието и писменоста, литературата и науката се основите кои може да не одведат напред. Се изгубивме барајќи се. Неможеме да се решиме, ќе стануваме ли киборзи кои ќе ја знаат само својата работа и ништо повеќе или ќе произведуваме сестрани кадри кои нема да бидат ефектни како киборззите ама ќе знаат каде е Нов Зеланд. И додека другите решија и отидоа напред ние се вртиме околу себе чудејќи се.
21век не само што се бориме со писменоста него поради лошите законски решенија денес имаме деца кои и во 5то и во 7мо и во прва средно не знаат или читаат како да се на ниво на Ноември месец прво одделение.
Каде ли ни се загуби линкот со Просветителите.?????
Sirius Pokraj objektivnite sostojbi koi pridonesuvaat za vakvata sostojba definirana kako "tranziciska trauma na post-komunizmot" mislam deka profesorskiot kadar dava soliden pridones za vakvata sostojba iako i tie se del na ovaa trauma.
Poznavam poveke "profesori" a so nekolkumina sum i dobar prijatel, i na prashanjeto zashto ne deluvaat pomotivirachki kaj uchenicite, dali se obiduvaat da vovedat nekoi novi metodi so shto bi ja napravile poprivlechna samata materija, site kako vo eden glas odgovaraat so ista fraza: Aj ne me zaebavaj, za 12.000 den nemam namera so mal prst da mrdnam, ....no spored mene i za 120.000 den, polovinata od niv nishto ne mozat da napravat, zashto neznaat, odnosno nikogash nishto i ne znaele... Edinstveno neshto za shto zivo se interesiraat e da bidat direktori na uchilishtata....site sakaat business da teraat ???
nikolahn Poleka malku de. Ne e se tolku crno.
Ushte ima dobri i pametni lugje.
Nikogash nema da izumrat.
Kako vo prikaskata na "Fahrenheit 451"!
Naj vazhno spored mene e sekoj da go dava
maksimumom vo svoeto pole na deluvanje.
Edinstveno oruzhje shto preostanuva e lichniot primer.
Kako shto slushnav od eden prijatel:
Ne e golema rabota da prevospitash eden chovek.
Ama gjavolski golema rabota e da prevospitash 2,000,000.

Aleksandra
quote:
Originally posted by Jakov

Без разлика на дефиницијата која ќе ја одбереме за да ја идентификуваме писменоста, можеме да кажеме дека писменоста во Македонија е во транзиција. Нормално. 15 години во Македонија се е во транзиција па така и овој аспект на нашето живеење. Транзицијата како таква подразбира процес на менување на нештата кон подобро. Нашава транзиција е заглавена некаде помеѓу и сеуште неможеме да одгатнеме дали ќе транзитираме кон подобро или полошо. Своевремено имавме релативно добар образовен систем. Велам релативно зошто имаше доста недостатоци но од своја страна беше доволно широко поставен да сите образувани кадри беа во истиот момент и писмени. Без разлика дали се работеше за гимназии или за стручни школи се учеа доста општи работи и се стекнуваше широко познавање на нештата. Јас и ден денес се сеќавам на коментрите дека “Луѓето кај нас кога ќе излезат од образовниот систем знаат колку грла офци имало во Нов Зеланд“. Денес за споредба голем број образовани луѓе не знаат што е Нов Зеланд. Како факт за Рипли секогаш го кажуваме тоа дека во САД 70% не знаеле каде е север на картата, во Мк порано секој еден знаеше дека на север е Артик а на југ Антартик. Денес имаме студенти кои не знаат колку страни иам светов.
На една анкета неодамна спроведена на социологија мислам на УКИМ(универзитет Кирил и Методиј) на прашањето Што знаете за осми март...паѓаа одговори од типот
Тоа е празник кој го вовеле Роза Лихтенштајн??? и Кијара Цеткин????
Неодамна еден пријател кој живее на релација ЕУ Македонија ми напиша, “Кога гледам каква е состојбата во Македонија(мислејќи на средношколците и стидентите)се осеќам дека сум во Авганистан“.
Го изгубивме чувството дека образованието и писменоста, литературата и науката се основите кои може да не одведат напред. Се изгубивме барајќи се. Неможеме да се решиме, ќе стануваме ли киборзи кои ќе ја знаат само својата работа и ништо повеќе или ќе произведуваме сестрани кадри кои нема да бидат ефектни како киборззите ама ќе знаат каде е Нов Зеланд. И додека другите решија и отидоа напред ние се вртиме околу себе чудејќи се.
21век не само што се бориме со писменоста него поради лошите законски решенија денес имаме деца кои и во 5то и во 7мо и во прва средно не знаат или читаат како да се на ниво на Ноември месец прво одделение.
Каде ли ни се загуби линкот со Просветителите.?????


Retkost e da procitam vaka dobar post.
Jakov
quote:
Originally posted by sirius

Pokraj objektivnite sostojbi koi pridonesuvaat za vakvata sostojba definirana kako "tranziciska trauma na post-komunizmot" mislam deka profesorskiot kadar dava soliden pridones za vakvata sostojba iako i tie se del na ovaa trauma.
Poznavam poveke "profesori" a so nekolkumina sum i dobar prijatel, i na prashanjeto zashto ne deluvaat pomotivirachki kaj uchenicite, dali se obiduvaat da vovedat nekoi novi metodi so shto bi ja napravile poprivlechna samata materija, site kako vo eden glas odgovaraat so ista fraza: Aj ne me zaebavaj, za 12.000 den nemam namera so mal prst da mrdnam, ....no spored mene i za 120.000 den, polovinata od niv nishto ne mozat da napravat, zashto neznaat, odnosno nikogash nishto i ne znaele... Edinstveno neshto za shto zivo se interesiraat e da bidat direktori na uchilishtata....site sakaat business da teraat ???

Ne e do parite veruvaj mi. Do licnoto dozivuvanje i svakanjeto na rabotite e.
Jas dve godini za pocnav so 4300 denari stignav do 11000 denari vo sredno skolo, pa rintav i pena mi fakase ustata od izmisluvanje novi i novi raboti samo da bide nesto razlicno i interesno. Na kraj mi gi udrija klocite i denes na moeto mesto sedi nekoj fraer koj uste ne e diplomiran i ja kazuva prikaznata deka nema motiv za 12.000...Se soglasuvam so Sirius, parite se birni ama vo onie situacii ne i najbitni.

Nikola e isto taka vo pravo.
Samo ne treba da se prevospitaat 2.000.000 dovolno e sekoj da prevospita po eden pa toj eden uste eden itn itn....
Sirius Jakov, se slagam so tebe i veruvam deka ne si del od onaa profesorska klapa koja gleda samo da go utepaat denot - pominat tie 4-5 chasa na rabota, i se drugo im e povazno nego li nivnata profesia. Uchitel da bidesh i te kako e odgovorna rabota vo najshiroka smisla na zborot.

No mozebi zhiveeme vo edno vreme ( vo svetski ramki)koe ima strashno brzo tempo a nie ovde vo Mkd nepodgotbveni, bez neophodnite instalacii ( koncepti i strategii) za obrazovanieto tepame veke poveke od 10 -ina god so eksperimenti....neznam samo do koga...eve sega ke se odi na drzavna matura ???
BorisVM
quote:
Originally posted by sirius
Ima sogleduvanja deka svetot e se pomalku i pomalku "pismen". Odnosno, e se pokvalifikuvan vo negovata profesija , za smetka na opshtata kultura, mokta za kritichko-analitichko rasuduvanje, sogleduvanje na trendovite i vk. spoznaja,.. Doagjame do profilot na lichnosti koi imaat elementi na Kiborzi.

Lichno mislam deka ova e prestrogo kazano no vie koi ziveete vo zemjite kade se kreiraat “realnostite i trendovite” mozebi imate poinakvo sogleduvanje???


Ne e prestrogo voopshto, nego taka i e. Zboruvam vo globala. Tie shto imaat mokj za kritichko-analitichko rasuduvanje se shkoluvani na takanarechenite Ivy Leaugue fakultetite i tie kardi vsushnost i ja vodat Amerika. Ima i nekolku navistina kvalitetni javni fakulteti kako UCLA, ama Kalifornija i ne treba da se zema vo predvid, zatoa shto shkolskiot sistem vo Kalifornija e medju najdobrite, ako ne i najdobar vo Amerika.

Tochno e deka tuka se sozdavaat kiborzi i toa se pravi namerno. Americhkiot sistem e sistem koj filtrira, i toa inteligentno filtrira. Sistemot ne ti zabranuva da odish napred, naprotiv, tuku ti ja dava opcijata sakash da rabotish vo McDonalds, sakash da rabotish na Wal Street. Izborot e tvoj.

Zoshto sozdavanjeto na tie kiborzi odgovara? Da gi zememe samo poslednive pretsedatelski izbori, koga Bush pobedi i odgovorot ni stanuva jasen. Masata lesno se kontrolira. Od sekogash bilo taka. Uplashi gi so Sadam, kazhi im deka toj e diktator i ete vojna vo koja oligarhijata pravi nebroeni milijardi dolari, dodeka za maliot chovek vo osnova nishto ne se menuva.

Za tipichniot Amerikanec vazhi samo da si ima rabotichka nekoja, dve nedeli odmor godishno, vo prosek tri dechinja i da mozhe si ja otplati kukjata na 30 godini. Visokiot standard na zhivot vodi smetka za se drugo.
BorisVM
quote:
Originally posted by sirius

Pokraj objektivnite sostojbi koi pridonesuvaat za vakvata sostojba definirana kako "tranziciska trauma na post-komunizmot" mislam deka profesorskiot kadar dava soliden pridones za vakvata sostojba iako i tie se del na ovaa trauma.
Poznavam poveke "profesori" a so nekolkumina sum i dobar prijatel, i na prashanjeto zashto ne deluvaat pomotivirachki kaj uchenicite, dali se obiduvaat da vovedat nekoi novi metodi so shto bi ja napravile poprivlechna samata materija, site kako vo eden glas odgovaraat so ista fraza: Aj ne me zaebavaj, za 12.000 den nemam namera so mal prst da mrdnam, ....no spored mene i za 120.000 den, polovinata od niv nishto ne mozat da napravat, zashto neznaat, odnosno nikogash nishto i ne znaele... Edinstveno neshto za shto zivo se interesiraat e da bidat direktori na uchilishtata....site sakaat business da teraat ???


Ako pod "tranziciska trauma na post-komunizmot" ja razbirash segashnata pojava koga ne se znae koj pie a koj plakja i koga sistemot na vrednosti povekje ne postoi, a se gleda samo da se grabne kolku shto se mozhe povekje, togash se slagam so tebe. Mozhebi ova e malku surovo, no toa se barem moite sogleduvanja na segashnava sostojba.

Za platite na profesorite, deka se niski toa ne me chudi, poshto toa proizleguva od ona pogore shto go imam napishano. Da se plakja pridones kon drzhavata kako shto treba, i profesorite kje imaat dobri plati. Ama poshto ne se plakja, ostanuva toa shto e. 12,000 i ne e taka losha plata, barem spored zavodot za statistika toa e i prosechnata plata vo Makedonija, 200 evra. Jas se plasham deka obrazovniot sistem poleka no sigurno se rastura, ako vekje i ne se rasturil. Sekoja drzhava koja na uchenicite im pruzha obrazovanie vo princip na kafeterija, t.e. biraj shto kje uchish i koi predmeti, nema bash dobar obrazoven sistem. Jas koga se shkoluvav, imashe izbor, ama po nasoki i drago mi e deka beshe taka. Se bunevme zoshto go uchime latinskiot, ama kako shto nekoj imashe kazhano, sekoe znaenje e korisno. Taka i ispadna.

Jakov Колку само долари влегоа во нашиов образовен систем последниве 15 години требаше да имаме научници кои ќе произведуваа нано-технологија досега, ама бирократијата си го стори своето.
BECHA Temava e navistina dobra … Cesto sum razmisluvala za ovaa tema, pogotovo otkako se rodi sin mi i treba da odlucam kade da go pratam da uci. Vo Makedonja se znaese, najceto odevme na uciliste vo naselbite kade sto ziveevme ili vo blizina na rabotnoto mesto na roditelite. Tuka vo USA ima premnogu izbor i licno barem za mene e dosta konfuzno i tesko da se odlucam. Privatni ucilista, public, catolicki, hristijanski, luteranski, naucni akademii itn…… Dodeka jas se skoluvav vo MKD postoese standard, site ucea po isti nastavni programi vo site gradovi, gi citavme istite lektiri, i duri vo nasocenite sredni skoli dobivavme dosta opsto obrazovanie.Od srednite ucilista izleguvavme opismenti, nacitani i spremni da se soocime so svetot, dali toa bil fakultet ili rabota. No za zal sega se se smeni i kako sto rece veke nekoj sekako tranzicijata premina i vo obrazovanieto. Spored mene eden nacin da se opise toa sto se slucuva e TRENDOT. Jas sum izrasnata vo Skopje i od toa sto tamu go imam videno trendot e nesto sto sekogas bilo prisutno vo site polinja na zivotot, od moda, muzika, mesta za druzenje do obrazovanie. Sekogas Skopje bilo otvoreno da gi prifati zapadnite vlijanija. Uste koga bev vo 7-8 oddelenie slusav za luge sto odea vo USA da zavrsat cetvrta godina od gimnazija, koga jas bev vo sredno takvi imase mnogu poveke, se stvori trend, da se odi vo USA za ucenje. Skoro site roditeli sto mozea da si dozvolat gi prakaa svoite deca. Sega veke ne mora ni da gi pratat, sega ima vo Skopje megunarodni maturi, amerikanski ucilista i sto uste ne, i drzavnite ucilista se obiduvaat da go sledat toj trend pomalku ili poveke so cel da bidat konk*rentni i da ne ostanat prazni. Sega toa e noviot trend. Kvalitetot na obrazovanieto e vo vtor plan, na prv plan isplivuva tendencijata da se bide del od nesto poinakvo i pozapadno. Za zal so toa obrazovanieto dobiva karakteristika na Levi’s 501 farmerki – site sakaa da gi nosat pred edno 15 godini, bea skapi, obicni i najcesto ne stoea ubavo.
nikolahn Bravo Vesna,

Mi gi chitash mislite.
Jas sum si malku bukvalist, pa ke si kazham deka postov kako da e spreman za ovde
http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?TOPIC_ID=15426
Nina87 Sve ide nadole... Zatoa sto doagja vreme na komjuteri i roboti a knigite se zapostavuvaat..aj, kolku luge seuste citaat knigi?? A za pismenosta---sve ponepismeni pomalive..eden sostav ne mozat da napisat.Drzev casovi po moderen balet vo skolo i im zadadov tema "sto e moderen balet?" pa posle im dadov inprovizacii da izigraat-- totalno bea (se) bez idei i tolku nekreativni deca (mislam pomali od mene godina 2) nemam videno...Nikakov fond na zborovi, samo se povtoruvaat.