Тестирање меморија |
||||
AlF0t | Ова се основните симптоми на „лоша“ меморија: - при инсталација на Windows XP се јавува грешка при читање на CD-то. Иако звучи нелогично ова е најчесто проблем со меморијата (напомена ова може да се случи ако е лош IDE кабелот но тоа многу ретко се случува). - Паѓање на инсталацијата на Windows XP. Иако ова може да се јави од други хардверски проблеми сепак треба да се истестира меморијата. - Различни плави екрани при работа со Windows XP. Поточно, Windows XP се рестартира кога ќе му текне. Проблемот е тоа што Windows XP по default не го појавува плавиот екран туку едноставно го рестартира компјутерот! При дијагноза (не само за мемориски проблеми) треба да се исклучи криењето на плавиот екран. Во Start->Control Panel->System->Advanced->Startup and Recovery->System Failure одштиклирајте го Automatically Restart. - Ако веќе паѓа Windows XP и апликациите ќе паѓаат и тоа во случаен избор во случајно време. Особено се осетливи оние кои користат многу меморија. ОК на ред програмчињата. MemTest Ова програмче користи специјален алгоритам за тестирање меморија. Може да се најде скоро во секоја Linux дистрибуцијата, некои и го инсталираат. За неговата работа нема потреба од оперативен систем. Може да се стави на флопи или CD, кои се бутабилни. Може да инсталира на харддиск ама за тоа треба boot manager. Многу добро детектира дефектна меморија. Изгледа неговиот развој е стопиран. Инсталација и употреба: Или земете ISO слика или инсталер за флопи. Ако земите ISO слика треба да се изрежи на CD. Ако е инсталер за флопи ставете празно флопи и чекајте инсталерот да ја сврши својата работа. Наредно е да го бутирате системот со CD-то или со флопито и толку. Најдобро е да се почека да помине еден pass, ако има грешки во меморијата во средниот дел на екранот со црвена боја ќе биде обележана грешката и нејзините детали. MemTest+ Помладиот брат на МемТест. Бидејќи развојот на мемтест е најверојатно стопиран некои програмери се одлучиле да продолжат со развојот Мемтест но под друго, малку сменато име. Се е исто како кај МемТест само има подршка за најновите процесори и чипсети. Овде може да се најде ISO слика или флопи инсталер Windows Memory Tester Не сум го користел многу овој тестер, ниту дали се слични алгоритмите со МемТест но го ставив дека и Microsoft има мемориски тестер. Најверојатно Windows Vista ќе има вграден мемориски тестер. Инсталација и употреба: Земете го од овде. Стартувајте го, имате две можности: да го сними на бутабилно флопи или да направи ISO слика (која треба да се нарежи на CD). Prime95 Иако Приме95 не е наменет за тестирање меморија (конкретно, служи за наоѓање на т.н. Mersienne прости броеви!) сепак проклето добро и брзо детектира проблеми со меморија. Единствена мана е што му треба оперативен систем. Инсталација и употреба:Земете го програмот од одпакувајте го, и одберете Torture Test. Ако има проблеми со меморијата или Windows ќе падне или ќе јави грешка Torture Test failed. И за на крај една напомена, намената на овие програми е за тестирање на меморискиот систем а тука спаѓа и процесорот. Значи грешки во меморијата можат да бидат од лош процесор, а меморискиот модул да е ок. |
|||
slasa | za da imas kompletna kontrola na kompjuterot ke ti treba ova Hiren's BootCD 8.0 |