ТЕШКОТО, ХАЈДЕГЕР И ХЕГЕЛ |
||||
Sirius | За разлика од речиси целиот свет каде што за имање храброст или моќ да се стори нешто се користи фразата to have balls (или: да се има муда)... современиот Македонец ја користи фразата: да се има г'з. Понекогаш играта на судбината со случајноста знае да го усреќи човекот, на тој начин што ќе му подари повод за нешто. Во конкретниов случај, се работи за повод за пишување текст. За разлика од речиси целиот свет каде што за имање храброст или моќ да се стори нешто се користи фразата to have balls (или: да се има муда), со јасна мачо-алузија на семената потенција во тестисите (семето раѓа), современиот Македонец ја користи фразата: да се има г'з. Би се рекло, фраза адекватна за кастриран евнух. И покрај сиот тенденциозен маскулинизам и вулгаризам на сликата предизвикана со фразата, создадена од поновите "духовити" македонски генерации, сепак - чисто симболички - таа може наполно јасно и збиено да ни покаже што претставува Македонецот денес. Во сета сериозна несериозност да биде повод за феноменолошки текст. Фразата го открива светот на Македонецот, кој како човечки свет (различен од животинскиот) е пред с#233; духовен. Таа антиципира снеможеност, малаксаност на духот и е знак за летаргија и за задреманост на битието. Некој може да ја толкува како обид да се лоцираат некои енергетски центри во човекот, но сепак таа е производ на еден специфичен менталитет. Зборуваме за Македонија, а не за Индија. |
|||
nikolahn | "речиси целиот свет" Vo kolku tochno kulturi/jazici go proveri znachenjeto na idiomot? Angliskata kultura/jazik ne e "rechisi cel svet". |
|||
nikolahn | Si se kacuval nekogash na planina? Znaesh koj muskul prvo se vospaluva kaj ne treniran chovek? Sedechkiot muskul, ili kako li vekje se vika. Za kachuvanje po planina madinjata mnogu ne pomagaat. Treba g'z, i toa ispoten. |
|||
BorisVM |
Mislam deka ne zboruvame za kachuvanje po planina, tuku za neshto sosem drugo, kako na primer nacionalnata svest, ili vo sluchajov nejzinoto otsustvo. |
|||
nikolahn | Zboruvame za "to do the job" ili na makedonski "da go ispotish gazot". Nacionalnata svest ne e ezotericna rabota. Nacionalnata svest se PRAVI. Se odbiraat ili izmisluvaat nekolku lichnosti/simboli, se promoviraat vo nacionalni junaci, se aktivira propagandnata mashina, i viola, nacija. Problemot na Makedonija e shto rabotata ne e NAPRAVENA. Zoshto ne e napravena "is out of my scope", ideja za nov topic. |
|||
Sirius | Nikolahn, isto i ti da si mi zdrav i zhiv, ostavija frazata nastrana, taa e zemena samo kako pojdoven a ne kako glaven motiv,....gledam vo Germanija si momentalno, zemja koja gi dala gore spomenatite filozovi, nie za zhal nemame takvi, no imame drugo, dokolku imash mozhnost, tamu proshiri malku za Kocho Racin, za Prlichev, za nashite tanci, Galichkata Svadba, tie se edni od gol.broj na nashite "izrazi" i kodovi koi jasno kazuvaat deka imame minato i "svest" za nasheto bitie. | |||
Sirius | 2. Во книгата Македонски катахрезис, авторот Бранислав Саркањац упатува на философијата на Хегел, којашто во сета нејзина примена во стварноста е немилосрдна кон Македонецот. За Хегел, државата како творба е цел на секој народ, бидејќи е негова самосвест, свест на еден народ за самиот себеси. Само оние народи кои имаат држава се суверени народи, достојни да се легитимираат како историски народи. Немањето држава во текот на историјата го прави македонскиот народ проблематичен феномен и поим. Тој народ немал свест за себеси, па затоа не создал држава. Но, затоа, денес ја има. Хегел би рекол: "Луѓе, тоа не менува ништо, бидејќи вие и натаму сте несуверени; на малите народи државите им ги создаваат или, во краен случај, им ги контролираат големите држави." Практично, минатото н#233; обесмислува, а денешницата н#233; обезличува. А на историската сцена играат само субјекти кои се моќни да владеат со битието - за Хегел тоа е светскиот апсолутен дух - и да учествуваат во неговото развивање. Произлегува дека фразата го покрива и минатото. Тоа е, сепак, едната страна на проблемот. Да видиме што кажува еден друг философ, во неговата книга Вовед во метафизиката. Нормално, и овој филозоф е Германец. Имено, Мартин Хајдегер смета дека за секој народ е од суштинско значење да се одреди себеси во однос на стварноста во целина, во однос на она што е, во однос на она што бивствува. Односот кон она што бивствува во целина, може да доведе до дофаќање на самото битие на она што бивствува. Иако ова дејствува како апстракција и како церебрална гимнастика, тоа може успешно да ја покаже историјата на Македонецот како дух. Токму така, Хајдегер го дефинира духот како "изворно усогласена и свесна отклученост за суштината на битието". Битието не се мисли, тоа се појавува и има изглед на нешто што извира од скриеноста. Затоа, само малкумина успеваат да го дофатат. Обично се мисли дека во почетокот културите се примитивни и слаби, а всушност токму почетокот е најсилен, стравичен и најнеприземен. С#233; што се случува понатаму е квантитативно расплинување, немоќ да се сочува почетокот. Стварноста е во постојана напнатост, постојана борба на спротивности, хармонија со немирот во себе. |
|||
Sirius | 3. Затоа, според Хајдегер, само уметноста (и поетското мислење) може да го дофати, да го оцрта и да го воспостави битието. Старите Грци под убавина подразбирале скротување и совладување, додека, пак, за нас денес убаво е она што опушта и одмора, она што е за уживање. "Уметноста тогаш спаѓа во подрачјето на слаткарот." Уметноста треба да нe вознемири, да нe потресе од корен, затоа што таа е "отворање на битието на она што бива". "Јазикот е прапоезијата во којашто некој народ го опева битието" - вели Хајдегер. Поезијата овде е сфатена во суштинското значење на poiesis - творење. Еден народ стапува во историјата со вообличувањето на неговиот јазик, а во конкретна смисла со вообличувањето на својот сопствен начин на создавање на уметноста. Со уметноста се воспоставува битието и нему припаѓачкото опстојување на некој народ. За Старите Грци, според Хајдегер, создавањето на трагедијата - како уметнички вид - е знак дека битието на Гркот стапило во историјата. За Македонецот тоа е Тешкото. Музиката и танцот, како најапстрактни уметнички видови ослободени од обична содржина, се најподатни за да ја овозможат појавата на битието. Тоа се случува во Тешкото и во сите македонски танци што се нарекуваат тешки. Во Тешкото имаме експлозија на битието, како присуство и постојност. Го имаме јасно покажано сето она што Хајдегер го вели за суштината на човекот. Човекот се наоѓа во битието, но и врши насилство врз него, сака да го собере и потоа да го пушти во некоја отвореност, во уметност. Уметноста ја покажува слободата што ја досега човекот борејќи се со битието. Ги пречекорува границите на земното во насока на неземното, во насока на она што плаши и расплакува. Тешкото нe соочува со нас самите, со страдањето коешто е услов духот да не заспие, да не се заборави себеси во битието што нe надвладува. Тешкото е како почеток, како излез во историјата, како во него да е збрано сето дотогашно искуство на Македонецот, за да може да експлодира во таква екстаза. |
|||
Sirius | 4. Значи, според етно-духовната генеза, ние сме хајдегеровци. Лупата на Хегел нe промашува. Нe промашуваат и сите околу нас, затоа што се хегеловци. Го имаме почетокот кој ја покажува несоодветноста на употребата на фразата (којашто беше повод за овој текст) за почетокот, кога Македонецот упаѓа во времето како хоризонт на историјата. Но, дали духот на современиот Македонец има континуитет со почетокот? Македонското општество ги пречекува новите времиња и предизвици некако изгубено, како мало дете, игнорирајќи ја философската димензија на прашањата што му ги поставува животот. Но, ако ништо друго, тогаш барем може да се пофали со тоа дека не е во расчекор со оној свој дел кој, во принцип, го репрезентира и функционира како самосвест - интелектуалната елита. Интелектуалците апсолутно се вклопуваат во истата зачмаеност на бездебатноста, незаинтересираноста за дијалог и за полемика, а тоа резултира со една ситуација во којашто наместо да го создаваат отворениот дух на општеството, тие придонесуваат изгубеното општество да ја апсорбира самосвеста. Студентите во историјата биле носители на протестите кои сменувале цели политики, па и државни уредувања. Да ги споменеме протестите во Франција во 1968 година, како и оние во Кина пред околу 10 години, каде што под тенковите умреа околу 5.000 студенти. Протестите во САД кои ја прекинаа војната во Виетнам беа организирани од страна на студентите, под водство на еден професор и познат философ, Херберт Маркузе. Во духот на философската поставка за едновременоста на битието и на небитието во мислата, добриот Хајдегер вели: "Човекот не може, а да не философира". Философијата е таа што го испитува битието, таа е изворно мислење, пеење коешто во секое време го бара почетокот. Човекот само како оној кој историски испитува доаѓа до себеси и е некој. Битието што му се отвора во испитувањето, тој мора да го преобрази во историја и "во неа себеси да се доведе до постоење, да се воспостави". |
|||
Sirius | 5 the end Тешкото е токму полемос со стварноста и со битието. Прва полемика во форма на уметност. Но, народот во Македонија не сака да полемизира, поинтересно му е да озборува по кафеани. А философијата ја смета за бесмислена и со тоа покажува евнушки менталитет, без неа нема да може "да го исткајува битието" и со тоа да опстојува во историјата. И малкуте полемики што се водат кај нас се здодевни и служат како мегдан за квазиинтелектуализам, за да се покаже кој колку прочитал, односно се сведуваат на натпревар на суетите за тоа кој е повеќе во тек со современите мислења во светот. Во Македонија е нормално дури и еден Хелсиншки комитет да нe тероризира со правата на хомосексуалците, а притоа за истиот да не е толку суштински проблемот на 40% невработени, на кои им е ускратено правото на работа и на леб. PS. Една песна од Кучковки, пеењето на Вања Лазарова, една игра отсвирена на зурла, се хиероглифи за младиот Македонец, а за Хајдегер тоа се о-дело-творувања на битието, суштински однос, хоризонт на историјата. |
|||
Sirius | Nikolahn, dokolku si Makedonec, zashto takov "color" vo tvojot post. Ziveeme vo vreme koga skoro site kriteriumi vo Mkd se deformirani do toj stepen shto i "codovite" za nas kako Makedonci se stavaat na teski proverki i kontinuirano se izlozeni na sili koi imaat pretenzija da gi prekinat, da ne "obezlichat". Ako ovaa tema e nadvor od tvojot interes, slobodno otvori topic za ona shto e tvoj "scope", se nadevam deka ke imash kvalitetni postovi i sogovornici. |
|||
nikolahn | Drag sirius, Mi se dopadna forumov oti otskoknuva od miljeto makedonsko, pa reshiv da mu posvetam malku vnimanie. Bitkata za makedonska nacionalna svest ne se bie so upotreba na floskuli od tipot "rechisi vo cel svet". Zaradi mnogu takvi nedorecheni raboti vo nashata istorija i kultura dojdena e rabotava do kade e sega. So floskuli mozhebi se pravi kariera vo Makedonija, ama teshko deka ce gi odbranish na megjunarodniot pazar. Silite za koj zboruvash ce te "obezlichat" na prvata proverka. Vo Veles se veli: Musaka mast saka, rabota gas saka. Shto ima tuka patoloshko ne mi e jasno. Mene mi izgleda moshne zdravo. Bidi mi zhiv i zdrav. |
|||
ZooGraf | Najomrazenata fraza (bidejki navistina go otslikuva bitieto na ogromnoto mnozinstvo na Makedonskiot narod) mi e: Navednata glava sabja ne sece. |
|||
BorisVM |
Mojata chetiri mesechna odiseja vo Makedonija samo mi dokazha deka odime nazad, a ne napred. Od samoto vleguvanje na Petrovec, pa do samoto vrakjanje nazad, toa se za mene gore dolu najdobrite impresii. Za vleguvanjeto, netrpelivosta da se vidish so svoite i so drushtvoto, za izleguvanjeto, netrpelivosta da se vratish vo normalen svet. Pomedju niv se retkite ubavi momenti na viduvanja so semejstvoto i so prijatelite, ama tie retki momenti gi pokriva siviloto. Koga nekoj kje me prasha "Kade e zhivotot poubav, tuka ili vo Amerika" znam tochno shto da odgovoram, ama sledi "Tuka se razbira. Kako ovde nikade ne se zhivee." Ne dodavam na toa deka ne se zhivee, tuku se zhivotari. Za promenata na sistemot na vrednosti, t.e. vo sluchajov za tottalnoto otsustvo na istiot sistem, nema shto da se zboruva. Cetiri meseci mi bea dovolno da utvrdam deka navistina ne se znae koj pie a koj plakja. Nie kako narod gi imame Racin, Prlichev, Galichkata svadba, itn, ama dzabe e seto toa, i seto toa padja ne vo voda tuku vo kal, sekoj pat koga kje ja vidam redicata pred Grchkata Ambasada. |
|||
nikolahn | Naj bolnoto za mene e shto gledash mnogu namrshteni i lica vo grch na ulica. Kako celoto telo - na lugjeto na ulica (Skopje) - da e vo grch. |
|||
BorisVM |
Nikolahn, da si mi zdrav i zhiv, epten me pogodi so tvojov post. Najdobar drugar na dedo mi, sega vekje pochinat, koj skoro cel zvoj zhivot go pomina vo Amerika i Kanada mu imashe kazhano na dedo mi vo edno pismo: Musaka mast saka, Amerika gz saka. Toa e edna univerzalna misla, ama se prashuvam zoshto vo Makedonija toa ne funkcionira. Sakash da rabotish, si zavrshil fakultet a ne mozhesh. Dali sme do tolku pod vlijanie na nepotizmot shto site kvalitetni kadri gledaat da izbegaat nadvor od Makedonija? I dali istite tie kadri, zaboravaat na Makedonija koga se vekje vo stranstvo? |
|||
nikolahn | BorisVM, Vo Makedonija postoelo zdravo gragjansko opshtestvo do 1940. Rabotite se svrtea naopaku koga dojdoa drugarite. Lazhae i manipuliraa 50 godini. Lazhat i manipuliraat seushte. Ce zapram ovde so navredite. Nepotizmot go ima nasekade. Sum go videl lichno i vo naj golemite multinacionalni kompanii. Ne e toa tolku strashno. Dali zaboravame na Makedonija? Trkata po pari i trchanjeto okolu semejestvoto ne ostava mnogu vreme. Sekoj si ja bie svojata bitka. Shto pogolema reklama za Makedonija, od pochitta na kolegite na rabota. Da gi naterash so svojata rabota da otvorat Atlas i sami da pobaraat kade e Makedonija. Za Kocho Racin, za Prlichev, za nashite tanci, Galichkata Svadba - kako shto veli sirius - treba da se grizhat kompetentnite vo taa oblast - apsolutno potreben minimum e zboruvanje dobar Angliski :-) |